- Член од
- 28 мај 2008
- Мислења
- 3.231
- Поени од реакции
- 4.104
Секојдневно се измачуваме,што да направиме, како да одговориме,како да постапиме...Некогаш животот ќе те донесе до раскрсница со своите сплетки,што ќе одбереш?Како ќе одбереш?Кој е ризикот?
Некој избор може да биде погубен,затоа добро треба да се размисли.Да се стави на вага,добивка-загуба,да се размисли со ладна глава,реалност-искуство.Но ова се само неколку од милионите решенија,но зарем и овие се решенија?
На едната страна имам иднина(колку толку сигурност),на другата страна прекрасна особа која нема никој да ја замени во животот.На една страна фамилија,на друга работа во странство.И уште многу примери.Момент на одлука кој може да ти го смени животот од корен.Не е дилема има огромни последици.Животната раскрсница како да се реши,а да има најмали последици по себе си и останатите?Психолошката борба во себе си има ли решение или секогаш ќе се навраќаш на моментот кога си одлучил?
Многу пати во животот се наоѓаме на раскрсница кога треба да избереме помеѓу некои работи, од кои подоцна може да ни зависи иднината.
Било која патека да ја избериме во животот, мора да изгубиме нешто, да оставиме некој дел од дотогашниот живот позади нас, се’ со цел да дојдеме до нови нешта и придобивки, подобар живот, промена... Некогаш тоа се фамилијата, работата, школувањето, кариерата... Изборот секогаш зависи од индивидуата и што таа сака да постигне во животот.
Како и да е, моментите на одлука се моменти кога секој треба да се преиспита себеси кои се неговите цели во животот, што тој сака и што треба да жртвува за да ја постигне својата цел.
барем на мене така скоро секогаш ми се случува