Раскрсница

  • Креатор на темата Креатор на темата leandra
  • Време на започнување Време на започнување
Секојдневно наидуваме на вакви раскрсници.. со повеќе избори..но сепак во секоја насока постои нешто убаво. Нешто за кои вреди да се бориш. Но, сепак за да го добиеш тоа мораш да жртвуваш еден дел од себе..
.. Нормално секој некогаш во животот го одбрал патот за што потоа зажалил, сепак тоа е убавината на животот, да се бориш за да ја добиеш среќата..
Кога по подолга и потешка борба ја наоѓаш среќата.. Тогаш и таа е послатка..
 
А ако одбериш катастрофално решение со последици,нема да се свртиш назад да видиш што си направила?
А што фајда ако се свртам, тоа би променило нешто? Над истурено млеко не вреди да се плаче! Напред е животот, назад се спомените, а јас го преферирам животот.

Ја еднах се возев со Мерцедес 200Д - јапанац (лепеше деведесет), и ко влегов у Скопје прв пат видов на раскрсница жолто светло да трепка. И си реков... “еее лет, лет, лесно е ко ќе е црвено ил ко ќе е зелено, али сега шо ќе праиш!“
Ќе почекаш зелено, или ќе ризикуваш казна. Најлош избор ти е да се симнеш и да продолжиш пешки или да се вратиш назад, оти, нели, си тргнал за Скопје:helou:
 
Секој во одреден момент од својот живот се нашол на некоја раскрсница на која требало да бира помеѓу две ако не и три работи.Изборот речиси никогаш не е лесен како што и се останато во животот:toe:.Секогаш се бира онаа страна т.е. оној пат кој во моментот сметаме дека е најисправен и од кој ќе нема речиси никакви последици.Во секој случај за која и страна да се определиш секогаш ќе има и добри и лоши страни.
Сосема нормално е при сите тие избори и раскрсници на кој се среќаваме да направиме и понекогаш погрешно свртување...за кое подоцна ќе се каеме нормално и после кое следува она фамозно прашање "Што би било кога би било " ама во секој случај се извлекува поука и се стекнува ново искуство
 
Back
На врв Bottom