Помош! - ми треба одредено дело/проект...

Член од
10 март 2010
Мислења
1
Поени од реакции
0
Да не има некој состав за Сид?
Ја немам прочитано и озбилно незнам шо да пишам ... :tapp:
Све друго иам состави уште за ова...
Хелп :wink:

Најдено :smir:
dali mozi nekoj da mi dade sostav za sid, tasrtiv f
vi blagodaram odnapred :D
 
Член од
16 октомври 2009
Мислења
30
Поени од реакции
0
Ми требаат следниве теми за писмена:
1.Потрага по вистината
2.Човекот има право на свој подобар живот,не само оној што му го доделува општеството
3.Во мирот и слободата е животот на човекот
4.Дали времето во кое живееме е само лош сон
Фала однапред
 

RaZ-R

Артилерец
Член од
8 ноември 2009
Мислења
3.413
Поени од реакции
2.547
dali mozi nekoj da mi dade sostav za sid, tasrtiv f
vi blagodaram odnapred :D
Сид

Пјер Корнеј е основоположник на класичната трагедија во европската литература која што ја довел до совршенство.
Трагедијата Сид е напишана според мотив на шпанска легенда.Сид е трагедија за среќата и љубовните надежи на двајца вљубени Родриго и Химена.

Во Сид се обработува тогашниот култ на волјата и култот кон херојството.Корнеј ги гради своите ликови во конфликтот во кој се вкрстуваат волјата и должноста,родовата и индивидуалната чест,но и повисоките,надиндивидуални интереси кои ги победуваат чувствата.
Ликовите во неговите трагедии се типични класицистички продукти во кои разумот ги победува страстите.
И во Сид без оглед на крајот од делото всушност должноста е над љубовта.
Родриго не може да го одбие авторитетот на таткото,кој е неговата врска со предците.
Навреден е неговиот татко.Навреденикот-таткото на Химена.Химена согласно со кодексот на однесување во тоа време мора да се постави над љубовта.Таа ја бара одмаздата за својот татко.Химена го гони Родриго,но не може да го казни.
Разумот е единствениот или главниот извор на сознанието.Човекот се води исклучиво според разумот и ги покрива чувствата и страстите.

Трагичната страст која најчесто се обработува во класицизмот била љубовта,а КОрнеј на стравот и на сожалувањето како ефект на трагичното го додава и восхитувањето баш каква што е и оваа трагедија-восхитувачка.
------------------------------------------------------------
Сид е трагедија за среќата и љубовните надежи на двајца млади, Родриго и Химена, коишто нагло се прекинати поради спорот меѓу нивните родители, стариот Дон Диего, татко на Сид и малку помладиот Дон Гомез, татко на Химена. Судирот се пренесува во минатото кога кралот, како благодарност за некогашните заслуги, го именува Дон Диего за воспитувач на својот син и со тоа го признава за господар – најзначаен после него; огорчениот Дон Гомез го оспорува минатото во име на сегашноста и му удира шлаканица со што го понижува како роб. Само двобојот, само смртта може да го ослободи човек од таков срам и затоа Дон Диего го повикува сина си да го замени.
Улогата на таткото во херојскиот и аристократскиот свет на Корнеј е многу важна. Таткото отелотворува еден систем на вредности и идеали и со нивното прифаќање децата му се потчинуваат на тој систем што никој не може и не смее да го доведе во прашање. Корнеевскиот јазик не се потврдува со истакнување на сопствената индивидуалност, туку преку идентификацијата на племенското јас.
Родриго се согласува да ја одбрани честа на татка си, што е во согласност со благородничкото однесување. Но, тоа значи и крај на надежите дека може да ја оствари среќата со својата љубена девојка.
Кога земјата ќе се најде во опасност пред налетот на Маврите, тоа е нова и особена можност за Родриго да се истакне уште еднаш и да се потврди како херој. Сега својата доблест ја покажува на национален план. Родриго станува националниот херој Сид.
Во однос на драматуршкото дејство, темата на херојството и темата на љубовта остануваат одделени сè до расплетот. Ситуацијата треба да ја реши двобојот при што триумфираат должноста и љубовта.
Оваа трагедија има голем успех, но исто така предизвикува и доктринарна полемика. Основните забелешки се однесуваат на тврдењето дека делото на Корнеј не е оригинално туку дека е плагијат, дека темата е преземена од шпанскиот писател Гилен де Кастро и дека не го почитувал правилото за единство на времето, дејството и местото. Иако Корнеј презел доста елементи од Кастро, сепак во дејството внесол еден сосема нов дух и направил такви промени со кои создал оригинално дело кое го надминува својот пример.


Тартиф
Со големо вдахнование и фантастична драмска техника, со величенствен стил и поетска имагинација Молиер во Тартиф ја предал сликата на едно буржоаско семејство, пред се карактерот на еден општествен тип кој во тоа време имал големо политичко знаење.
[FONT=M_Times]Дали да се биде верен слуга на нормите и правилата што општеството ни ги почитува,или да си креираме свои ,макар тоа би значело [/FONT]јавно понижување и расипаност?
Лицемерието, како една од најголемите етички маскаради на човекот е добро позната и "плодна" тема, од која се црпи инспирација и се надополнува естетската страна на човековата слабост. Еден од најеклатантните примери на ваква драматургија, која остава неизбришлив траг во историјата на сценската уметност, е бездруго Молиеровиот "Тартиф". Овој лик е интересен бидејќи постоел, постои и ќе постои се додека човековата несовршена природа е присутна во Светот. Оттаму е сценското "сликање" на Тартиф како мотив да се "ѕирне" во човечката несовршеност.
Самиот Тартиф останува нејасен до крајот. Неможеме да најдеме одговор на прашањето дали е тој вистински свештеник, језуит, лаик во калуѓерск облека, агент на тајната полиција или некој скитник- измамник. Сепак е јасно дека тој не потекнува од високите кругови на општеството па и затоа можеби се впуштил во ваков подвиг, изфрустриран од своето постоење на маргините на општеството и својата сопствена беда. Притоа тој решил да заигра на црното, единствената боја на својата епоха.
Тартиф си ја ставил набожната маска само да може на лесен начин да дојде до богатството, а во Оргон го нашол токму она лице што му овозможи да ја постигне својата цел. Тој успеал толку да го заслепи Оргон што овој не само му ја отвара ширум вратата од својата кука туку му ја дава за жена својата ќерка и му го препишува цел свој имот. Дури тогаш кога е скриен под масата самиот ја гледа моралната нискост на Тартиф, кој сака да ја заведе неговата жена.
Но Молиер ниту мислел да даде слика на лицемерството воопшто. Тој всушност сакал да го стави својот прст на општествената рана што се јавувала во тој период, а која оличена во оној тип набожник кој, имал задача да ги води луѓето во недрата на црквата. Во најголем број случаи овие раководители ги злоупотребувале своите функции за трупање пари од верниците. Токму затоа Тартиф се претставува како сатира на лажната набожност, сатира на самата религија.
Молиер ја создал реалистичната комедија која кипи од веселост и животна радост и здрав и народен хумор. Комедиите на Молиер ги носат најнапредните идеи на неговата епоха. Затоа се запишал во историјата до Корнеј, Расин и Лафонтен.
 

Marshmallow

◦Kajganaholic◦
Член од
28 март 2009
Мислења
450
Поени од реакции
25
*Ширењето на функциите на народниот јазик*
VE MOLAM AKO MOZE NEKOJ DA MI POMOGNE!!
do vecher ako moze,a ne e prob i za utre do 14 chasot najkasno!!:nesum:
KJE VI BIDAM PREBLAGODARNA! fala odnapred.:pipi:
 
Член од
27 август 2009
Мислења
1.540
Поени од реакции
1.671
две-три реченици: - причината за страв;
- Справувањето со стравот е неизбежно;
- Последиците што може да ги создаде овој ''монструм''
 

kIRe9

OK. u'r right
Член од
4 март 2009
Мислења
1.419
Поени од реакции
73
1.Другите нешта мождат да не променат, но човекот почнува и завршива со семејството.
2.Добестите на едно општество(човек) се создаваат, завршуваат и одржуваат во едно семејство,
3.Конечниот избор и формирањето на нашиот карактер е наша лична одлука.
4.Дали желбите и амбициите на родителите ни го насочуваат вистинскиот пат во животот?
5.Способностите, можностите и здравиот разум ни овозможуваат место во општеството

некој нешто ???
 
Член од
25 ноември 2007
Мислења
464
Поени од реакции
19
Да не има нешто некој за Злосторство и казна и смрта на Иван Илич ?:smir:
 

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.665
Поени од реакции
11.816
nekoj da mi pomogne kako da napisam sostav za pe4albarstvo i bitova drama??bidejki nikoj nema da napise gotovi sostavi barem kazete kako da napisam(voopsto ne me biduva za pisuvanje):tapp::tapp:
 
Член од
29 август 2009
Мислења
327
Поени од реакции
23
Нешто за ''микроорганизми'', за презентација ми треба, макар и два листа би биле добредојдени.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
nekoj da mi pomogne kako da napisam sostav za pe4albarstvo i bitova drama??bidejki nikoj nema da napise gotovi sostavi barem kazete kako da napisam(voopsto ne me biduva za pisuvanje):tapp::tapp:
Ќе седнеш пред монитор. Ќе отвориш Google. Ќе напишеш “печалбарство“ и ќе проучуваш што пишува за тој поим. Потоа ќе ќе напишеш “битова драма“. Ќе видиш што ќе ти понуди пребарувачот, ќе истражуваш, ќе побараш некое од делата кое пребарувачот ќе ти го понуди, ќе го прочиташ. Потоа ќе седнеш и ќе размислиш, што значи тоа што си го читал за тебе, како го доживуваш, како го разбираш. Ако не го разбираш, ќе прашаш некого што не разбираш. Кога ќе формираш свое мислење за тоа што си го читал, ќе бидеш спремен сето тоа да и го напишеш на лист хартија на својата професорка по македонски јазик. Ќе биде одушевена без разлика дали си писател ала Блаже Конески. :wink:
 

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.665
Поени од реакции
11.816
Ќе седнеш пред монитор. Ќе отвориш Google. Ќе напишеш “печалбарство“ и ќе проучуваш што пишува за тој поим. Потоа ќе ќе напишеш “битова драма“. Ќе видиш што ќе ти понуди пребарувачот, ќе истражуваш, ќе побараш некое од делата кое пребарувачот ќе ти го понуди, ќе го прочиташ. Потоа ќе седнеш и ќе размислиш, што значи тоа што си го читал за тебе, како го доживуваш, како го разбираш. Ако не го разбираш, ќе прашаш некого што не разбираш. Кога ќе формираш свое мислење за тоа што си го читал, ќе бидеш спремен сето тоа да и го напишеш на лист хартија на својата професорка по македонски јазик. Ќе биде одушевена без разлика дали си писател ала Блаже Конески. :wink:
e pa fala...znaci samo da sednam i da go napisam sostavot....nisto poveke:pos2::pos2: denes na cas mi se razjasnija nekoi raboti taka da mislam deka znam sto ke napravam...no vo sekoj slucaj fala sto 'se obide da pomozis' :pos2::pos2: nego toa so google go probav uste pred da pisam post ovde...i nemase nisto...vo sekoj slucaj fala
 

Kajgana Shop

На врв Bottom