Kaj toa vo moite postovi i mislenja uvide deka jas sakam da ja nema Makedonija?!
Jas samo se obiduvam objektivno da ja komentiram sostojbata, a taka kako sto gi postavuva rabotite ABC ( ne se soglasuvam so nego ) najverojatno e deka za nekolku godini ke ja nema Makedonija. Ne e toa moja zelba, tuku predviduvanje.
Е па морам малку подетално да ти објаснам како стојат работите:
-Македонија е ставена навидум пред свршен чин и дел од вас гледа шанса во она што ви се нуди пред камерите(членство во НАТО,приближување кон ЕУ,бла,бла,и така до недоглед).
Само што сите заборавате дека тоа останува пред камерите и од ветувањата нема ни трага,оти веќе следниот ден ќе се измисли некој нов услов што се разбира ќе се потрудиме да го исполниме,ние сме многу познати по тоа,нели?Ама работава е таква да иако го исполниме и тој услов,веднаш ќе добиеме нов и ќе се "крцка" така се додека не изумре последниот протеран од Егејска Македонија,макар тогаш да бил и дете.
Фактот кој укажува дека Македонското обединување само ги подгрева страстите кај Грците и Бугарите за тие да се противат во реалноста за наша интеграција во НАТО,а како резултат на тоа и неминовно членство во ЕУ е повеќе од очигледен иако многумина не веруваат во тоа.Кога збориме за обединување јас не кажувам како опција држава "Голема Македонија",што ми е убава ама неостварлива и барем моментално утопистичка желба,јас зборувам за цела Македонија во три држави со еден устав под капата на ЕУ во која приватната сопственост е загарантирана,во која сите ги имаат истите права,дури и да го тужат еден "серко" како Караманлис во локалниот суд па овој може да "попуши" со кривична пријава за своите нацистички ставови.
Ете тука лежи проблемот во барање промена на идентитет,и практично невозможна промена на уставно име кое е составен дел во целата приказна и со што Грција па и Бугарија гледаат да избегнат цивилизирано отцепување на деловите кој ги имаат окупирано после 1913.Од една страна ќе ги имаш протераните Македонци кој ќе бараат огромни репарации за штетите кој им ги предизвикала Грција,а од друга страна ќе имаш основа за приближување на еден скоро пред 100 години разделен народ со понекогаш непробојни граници како во моментот.Практично од моментот кога ќе паднат границите и кога овие Македонци во оваа држава,со своето име Македонци ќе представуваат база за интеграција на сите Македонци во целиот свет,а во случајот со Егејска Македонија и територијално приближување.Сигурно не си свесен кога половина Македонци ќе се женат и мажат со свои сонародници од Егејска Македонија како што тоа денес го правиме во оваа Македонија,што ќе се случува?Сигурно не си свесен дека дедото од Воден или од Костур ќе му ја препише земјата на својот внук чии родител потекнува од Прилеп,или обратно?Тоа нема да може да го спречи една Дора или некој јаничар Караџаферис.Ако влезеш во ЕУ со сите нишани,ќе можеш слободно да си купиш релативно евтина земја во Лептокарија или Спровалта,особено доколку до вчера била државна а сега ќе мора да им биде вратена на протераните Македонци како компезација за изгубените имоти.Слична преродба ќе се случува и со Пирин,па воопшто нема да ни биде тешко да одиме по невеста наместо Струмица,во Петрич или Благоевград.Целта со промена на името е да се издејствува алиби и да се разбие Македонскиот народ на помали делови со тоа што ќе се потпише договор за сопствено преименување.
Значи нема да имаме Македонци само овде во Македонија,додека во Егеј и Пирин ќе имаме нешто незначително.Или накратко Македонскиот народ ќе биде разбиен во целост,нешто што не успеале ни Турците ни Римјаните пред нив,сега да успејат Грците со примамливи ветувања за НАТО и ЕУ кој можеби и воопшто нема да се исполнат додека не видиш со свои очи дека стварно се оствариле.Па Солана и другите копуци досега ветуваа брда и долини доколку потпишеме с-рамковен договор,па ако сме биле кооперативни за НАТО да ја бомбардира Србија и безброј други отстапки,но никогаш не исполнија барем мал дел од она што ветуваа.Дури и еден ГЕТОИДЕН визин режим наметнат пред 17 години не ни укинаа,а ти се надеваш на празни ветувања од устата на овие лажговци?
Некако премногу ти се брза да го смениш името за да станеш евроалбански интегриран.
Има една влашка гатанка: “Зајакот кога го ебал ежот?“ Одговор: “кога го начекал во тесно.“
Најскапа цена плаќа оној што му е зорт да купи нешто.
Зошто предвидуваш дека Македонија ќе ја снема ако не го смени името? Нели е точно обратното?
Македонија ја снемува штом во неа ќе нема Македонци оти ќе живеат граѓани на некоја нова држава со друго име!
