Референдум за името?

Промена на името

  • Појма немам, не размислувам, јас сум партиски војник и гласам како ќе ми биде речено

    Гласови: 0 0,0%

  • Вкупно гласачи
    77
  • Гласањето е завршено на .
Член од
9 јануари 2008
Мислења
42
Поени од реакции
2
LICEMERIE BEZ GRANICI

Организирање на референдум за промена на името би бил национално предавство, но и безполезна акција која не може да донесе ништо корисно, велат дел од македонските експерти по изјавата на Премиерот дека народот, наместо политичките партии, треба да одлучи за името.

Според професорот Георги Марјановиќ, народот нема право да решава за името.

Името не е прашање кое се менува од денес за утре, тоа е наследено од нашите предци. Немаме овластување да решаваме за најважното историско прашање“, вели Марјановиќ, според кого евентуален референдум е добра можност политичките елити да манипулираат со народот, поставувајќи двосмислени прашања.

За директорот на Институтот за демократија Владимир Мисев, референдумот е уставно загарантиран право кое теоретски не смее да се исклучи како опција преку која ќе се цементира македонската позиција за името, но суштински тоа не може да промени ништо.
„Постои консензус помеѓу сите политички партии, постои консензус помеѓу различните институции во системот, Претседател, Влада, Премиер, Министер за надворешни работи по однос на оваа прашање, така што ова го доживувам како одолговлекување на процесот во однос на преговорите со името“, изјави Владимир Мисев, Институт за демократија.
„Друга страна е колкав е интересот на РМ, да се пролонгира процесот и да се одолговлече“, додаде Мисев.

Од кабинетот на претседателот Црвенковски нема коментар за евентуално референдумско изјаснување за името, ниту дали за ова прашање се разговарало на редовната месечна средба меѓу Црвенковски и Груевски.

За разлика од Премиерот, кој прашањето за референдум за името го споменувал и претходно, Претседателот се уште не се огласува јавно за идејата, која експертите ја сметаат за погрешна.
A za koi ekperti mi kazuvas pa ovaa nasa Makedonija vrie od eksperti a nikako da ni trgne na podobro.Jas predlagam kako prvo da gi izvezeme ovie nasi eksperti vo EU da im gi ebat drzavite od strucni ekspertizi pa posle nie samite da si odlucime sto e podobro za nas bez "cenetite" eksperti:toe:
 
GRUNGE

Cobain со цигарче!
Член од
25 февруари 2008
Мислења
677
Поени од реакции
28
И на крајот пак ќе се скрои капата да го мениме името за меѓународна употреба и промена на пасошите.

Јас сакам да пропаднат овие преговори, Грција да не можи да стави вето (заради прекршување на доворот) - зборам како за FYROM и после тоа фино лепо си ојме кај совет за безбедност,цаке пуке (успат 10 не признаваат) 2/3 мнозинство,воалла - Репбулика Македонија!
 
Член од
28 август 2007
Мислења
308
Поени од реакции
8
Никаков референдум,никакви преговори не треба ни да се размислува на тоа.Секој кој ќе го поддржи тоа ќе биди предавник на Македонија и на Македонскиот Народ и понижување за сите оние што го дадоја животот за Македонија.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Референдум за името ризичен потег

Прошталните средби на Бранко Црвенковски со најзначајните европски соговорници во Брисел ќе останат запаметени пред се посилните пораки до Владата и до новоизбраниот претседател.

Спорот со името да се реши и да се негуваат меѓуетничките односи побараа еден по друг Солана, Шефер и Оли Рен од македонските власти.

„Договорот беше фантастично достигнување, мора целосно да се имплементира. Тоа би сакал да кажам - целосно. Мора нешто да се направи за да се стигне до крајот“, изјави Хавиер Солана, високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ.

„Не е формален критериум за влез во ЕУ, не е дел од бенчмарковите. Но реално, прашањето за името ги затегнува односите помеѓу двете земји. Треба да се најде решение“, рече Оли Рен, еврокомесар за проширување.

Спорот со името останува жешка точка, особено за членството во НАТО. Дипломати кои присуствувале на средбата, зад затворени врати на Шефер и Црвенковски пренесуваат дека Генсек е загрижен поради националистичката реторика и во Македонија и во Грција, и побарал спуштање на топката.

Шефер оценил дека референдум за името е суверено право, но и ризичен потег за Македонија. Затоа тој бара од властите во земјата, доколку распишат референдум, тоа да го сторат мудро и да не дозволат да пропадне.

Во спротивно, велат нашите извори, последиците можат да бидат негативни за нашата земја, рекол Шефер. Тој предупредил дека НАТО не сака за 10 или 15 години повторно да испраќа воени сили во регионот.

Бранко Црвенковски

За претседателот во заминување, сегашните власти треба да имаат храброст да ги засукаат ракавите во решавањето на спорот со името, како што претходните тоа го сторија со Охридскиот рамковен договор.

„Ако во 2001 година се поведевме по доминантното расположение кај граѓаните, без разлика дали зборуваме за Македонци или Албанци, политички договор немаше да биде постигнат, Охридскиот рамковен договор немаше да биде потпишан“, вели Бранко Црвенковски.

„Денес мнозинството граѓани, и Македонци и Албанци, го поддржуваат Охридскиот договор и сметаат дека е тоа добра основа за градење на иднината. Од тие причини мислам дека и носителите на државните функции во Македонија, во овој период, на ист начин треба да ја преземат одговорноста за донесување на тешки, меѓутоа значајни одлуки за иднината на државата, и во однос на спорот со Грција, и во однос на нашето интегрирање во НАТО и ЕУ“, рече Црвенковски.

Добрососедските и меѓуетничките односи во очите на Европа се мерило за зрелоста на македонското раководство, сметаат европските дипломати.

Сега од Владата, Собранието и новиот претседател се очекува да ја демонстрираат таа зрелост, да ги исполнат условите за старт на преговори со ЕУ и да ја подигнат поканата за членство во НАТО.

Остануваат охрабрувачки сигналите за визна либерализација за македонските граѓани што поскоро, но предупредуваат во Брисел, тоа не смее да биде утешна награда за недобивање старт на преговори со Унијата годинава.

Извор А1...
 
Член од
29 декември 2008
Мислења
1.505
Поени од реакции
43
Кучињата лаат караванот си врви низ село.
 
Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278

Што мораше до таму да оди Бране, за да го потапкаат по рамото и да признае дека за сите досегашни негови ујдурми ЕУ му давале амин и да продолжи понатаму со подривање на Македонија за пуста гола власт.
 
Член од
21 февруари 2009
Мислења
1.315
Поени од реакции
47
Nema da ima referendum, zasto nema da se stigne do toj moment, pregovorite ke propadnat pred da dojde toj moment.
 
Mangavadu

пролетер
Член од
23 март 2009
Мислења
695
Поени од реакции
42
Nema da ima referendum, zasto nema da se stigne do toj moment, pregovorite ke propadnat pred da dojde toj moment.
Абе и да смениме име во Издрконија, грчкиот парламент никогаш нема да ратификува членство на нашата земја. Тоа е едноставно како ден. Тие луѓе едноставно не не сакаат и крај.

Него да се здружиме ние со Русите и Кинезите дури има време па во следна војна да се решиме со Грците.
 
Д

Демијан

Гостин

Сакаш да кажеш дека доколку го смениме името парламентот нема да го одобри членството?Јас мислам дека нема теорија тоа да се случи.Пред се Грција ќе биде под огромен притисок ако не се ратификува.Незнам што ќе се случи после тоа.
 
Mangavadu

пролетер
Член од
23 март 2009
Мислења
695
Поени од реакции
42
Сакаш да кажеш дека доколку го смениме името парламентот нема да го одобри членството?Јас мислам дека нема теорија тоа да се случи.Пред се Грција ќе биде под огромен притисок ако не се ратификува.Незнам што ќе се случи после тоа.
Абе Грк е синоним за инат, за стипса, за тврд човек во многу места во Македонија. Јас не верувам во нивната искреност дека сакаат да не видат во ЕУ. Тие едноставно не сакаат да проциркулира Македонија.

Да може да си одиме во Лерин, Воден, Солун. Кога луѓето ќе почнат да се движат нема сила што ќе го спречи обединувањето на Македонија.

Низ годините нивната стратегјија е да ни даваат што поненормални предлози, се со цел да ги одбиваме и преговорите никогаш да не завршат.
 
BuSarCe

See My Profile
Член од
4 август 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
33
што е тоа референдум ????:toe:
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Абе Грк е синоним за инат, за стипса, за тврд човек во многу места во Македонија. Јас не верувам во нивната искреност дека сакаат да не видат во ЕУ.
Епа зошто тогаш сеуште преговараат нашиве за името????
Зошто бараат референдум?За тоа ли ги гласавме слепци е*ани.
Гејцине цел живот си играат мајтап со нас,ама нашиве се фатиле ко слеп за стап у ЕУ и НАТО ќе не внесуваат:tapp::tapp::tapp:
Па уште и референдум ќе организираат дали сме за промена на име(за да не е*ат сите како сакаат) или НЕ.

И како ќе организираат референдум,па нели сме у економска криза?
Или за референдум,кога народот треба да ја превземе вината врз себе,не сме во економска криза.

Толку ли не можат да видат дека народот НЕ САКА ДА ГО СМЕНИ ИМЕТО МАКЕДОНИЈА,НЕ САКА ДА ОСТАНЕ БЕЗ ИДЕНТИТЕТ И ЈАЗИК.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom