Не станувам без кафе!

  • Креатор на темата Креатор на темата girlll
  • Време на започнување Време на започнување
Не. Јас прво станувам, па после кафе...:pos2:
 
Koга сум сабајле на работа, немам време за кафе. А на работа не пушам цигари и не пијам кафе. Во ваков случај, освестувањето ми оди само со обична вода.
Кога сум попладне на работа, имам време со мерак да си сварам кафе и со студена вода да се расонувам.
 
Ја неможам да заспијам без кафе. Озбилно
 
а јас гледајки ја темава...одам да варам:vozbud:

кафе...туркиш
 
Ајде едно прашање од мене. Ставете се во ваква ситуација:
Станувате сабајле за работа и треба да пиете кафе (зборам за зависниците од кафе) и станувате сабајле во 6 на пример и гледате ОП нема кафе, нема ни шекер (ако го пиете благо). Како би реагирале? Ке одите сабајле да купите кафе или ?
 
трчам одма со оглед на тоа дека претерувам со кафето....абе мерак мие!!!

зависник сум од кофеин и никотин:toe:

така е и точка ПРИЗНАВАМ!!!!!!!
 
Не заспивам без кафе...се будам - кафе...попладне - кафе...у меѓу време кафе...-што прајш, еве пијам кафе....

ОБОЖАВАМ КАФЕ...
 
Кафе пијам еднаш со двапати месечно.
Не знам од каде таа зависност од кафе, на мене не ми е нешто посебно вкусно ниту пак има некој ефект кога го пијам, некој го пие демек за да не му се спие ако треба да се учи до касно на мене кога ми се спие и едно литро кафе џабе е ...
 
Мразам кафе, мои врсници се зависни уште од 18 години, кога ми идат на гости бараат кафе да им варам а јас само еднаш сум пробал капучино и после главата ме болеше. Не планирам да почнам да пијам кафе, едноставно не ми прави никаков ефект на размрдување. Тоа може само еден сочен хамбургер да го направи. Може кога ќе остарам ќе имам потреба и ќе пијам ама во наредниве 30 години не планирам.
 
Ајде едно прашање од мене. Ставете се во ваква ситуација:
Станувате сабајле за работа и треба да пиете кафе (зборам за зависниците од кафе) и станувате сабајле во 6 на пример и гледате ОП нема кафе, нема ни шекер (ако го пиете благо). Како би реагирале? Ке одите сабајле да купите кафе или ?

Никогаш не сум се довела до ситуација да немам кафе,цигари и сок наутро.А кога би ми се случило да немам кафе наутро,веројатно би ја испоубила цела зграда,почнувајќи од дома :smir:
А потоа ќе одам да си купам кафе и во најнервозна атмосфера би го испила:)
 
Твојов пост одма ме потсети на ова :)

Иначе дома секогаш имаме кафе и не се случило да останам без тој рајски напиток :) А, ако станам и на брзина одам некаде, а немам време за кафе сум како Цаци во видеово и одвај чекам да се напијам :kafe:
 
Јас сум одприлика оваков кога се работи за кафето во комбинација со цигарите:
 
Ах кафе... Тешко денот да ми започне без турско и цигарче... Идам да си сварам, кој е за, ајде:vozbud:
 
Хм... да пишував на темата пред 2-3 месеци, ќе ви речев кој го тркала кафето.

Но, нештата се менуваат, прво нешто од ко ќе станам е да се напијам кафе (во големи количини, со малце не се задоволувам), па после прам шо ќе прам. Со цигари не се дружам.

Кога сме кај кафето, ќе си прам едно сега. Сабајлечкото не држи појќе. Некој да ме дружи да не пијам сам?
 
Еве бе, јас сеа си варам па ќе пиеме у исто време :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom