Нема работни места или нема кој да работи?

  • Креатор на темата Креатор на темата girlll
  • Време на започнување Време на започнување
Една мала статистика преземена од најдиработа:

Aктивни: 423 огласи
Од вчера: 51 огласи

Значи само вчера во најактуелните дневни весници се излезени дури 50 огласи-тоа воопшто не е некој голем показател но сигурно не е знак дека во македонија нема работни места.

Еве според ВРЕМЕ кој работни места се најбарани:

Наставници, келнери, директори и продавачи се во моментов најбараните работници на берзата на трудот во Македонија. Весниците се преплавени со огласи што бараат луѓе што ќе ги пополнат овие места. Според статистиката на порталот најдиработа.цом.мк, во изминативе месеци имало дури 449 огласи за пополнување на позицијата работник, за позицијата наставник 359 огласи, додека дури 302 огласи биле за пополнување директорски места. Во првиот квартал од 2007 година Заводот за статистика забележал дека стапката на невработеност изнесува 35,8 отсто. Експертите високата стапка на невработеност, меѓу другото, ја поврзуваат и со несовпаѓањето на понудата и побарувачката на пазарот за труд. Според статистиката на македонскиот портал, најголема шанса да најдат работа имаат економистите по струка. Во месечните огласи за работа се појавиле 205 огласи за вработување на комерцијалисти, за менаџери 151 оглас, за сметководители 146 огласи и за економисти 86 огласи. За лекарската фела статистиката вели дека биле објавени 80 огласи за пополнување на работното место лекар, додека за работното место фармацевт имало 60 огласи. Од другите професии за кои е потребно високо образование се барани инженери со 138 огласи, програмери - 94 и архитекти со 77 огласи. Огласи што се наменети само за градежните инженери имало 66, додека за електромашинските инженери 58 огласи. Најмал интерес имало за професиите автоелектричар, библиотекар, дактилограф, цариник, плочкар, суфлер, стаклорезач и шталар. За овие професии имало само по еден објавен оглас. Во најголем дел од огласите не е назначено која е фирмата што го дава огласот. Најголем огласувач е Агенцијата за државни службеници, која објавила 179 огласа. На второ место е фирмата „Бујото“, која објавила 110 огласи за ангажирање работници. Како фирми каде што најмногу би сакале да работат, посетителите на порталот за вработување ги издвоиле „Искрател“ и НЛБ Тутунска банка. Овие две фирми се оценети со десетка и коментарите за нив се доста позитивни. Стапката на невработеност во Македонија е 35,8 отсто. Според оваа стапка, Македонија е прва по невработеност во регионов, пред Србија, која има 22 отсто, Албанија со 13,9 отсто, Босна и Херцеговина со 31 отсто и Црна Гора со 30 отсто. Добра вест е тоа што стапката на невработеност во земјава во изминативе две години се намалува. Така ако во 2005 таа изнесувала 37,3 отсто, во 2006 година 36 отсто, денес е помала за речиси два процентни поени.
 
jas bi rekla -nema rabota....................vo denesno vreme stvarno ima mnogu mladi luge so zavrsile i fax pa ne nasle rabota a ne pa onaka.............
 
Јас ви гарантирам дека има работа за сите но...нема кој да работи!!!
Крај на дискусијата
 
јас се согласувам со shadows&smile. во македонија стварно има работа, и ако сака некој да работи и да заработува ќе се најде нешто, но работава е или некој се преголеми мрзи и се утешуваат со изговорот дена нема работа, или пак не можат да се задоволат со стандартите на работата. се се може ако се сака
 
Јас мислам дека во повеќето случаи нема работа само за оние што нема кој да ги пикни на работа.Зборувам за работа по струката инаку за шо било да работиш се наоѓа по нешто.
 
Јас ви гарантирам дека има работа за сите но...нема кој да работи!!!
Крај на дискусијата

100% точно, Јас знам неколку места каде што неможат да најдат луѓе за работа а дневниците се движат од 300 до 450 денари, сега нормално не е канцеларија, се работи за кафич, автоперална и интернет кафе
 
Ке го цитирам Scofield од пред неколку страни.
1.Има работа,има работници,ама нема работни места!!!
2.Ке го цитирам и PIRRO:оваа држава е во длабок сон а може да ја разбуди само голем работнички бунт,протести...оваа држава е во длабок сон а може да ја разбуди само голем работнички бунт,протести...

A вие,колку сакате кажувајте по форуми дека имало работа,да има,шанкер,келнер,секретарКА,негователКА....за академски граѓани,што 10 години го завршувале Машинскиот Факултет,и нивните родители ја потрошиле цела животна заштеда за да се заврши факултетот!!!!
Поентата ми е:Не е проблем да се работи било што,ако имате завршено Електро факултет,и работите како шанкери,и сте задоволни,никој не ви замерува,и ок е тоа,АМА немојте да плукате по тие што не прифаќаат да ја работат работата за која што не се кадарни,напротив поддржувајте ги,не заради друго,заради ТРУДОТ и НЕРВОЗИТЕ што ги вложиле за да го завршат факултетот!
 
Едно ќе кажам. Во Македонија има работа ако се потрудиш да ја најдеш, но нема работници. Повеќето сакаат да лежат дома и парите од на небо да им паѓаат, или во полош случај, се срамат да работат некои работи, пример келнери, или собарки, чистачки, продавачки и ред други.....Епа не е секој роден да биде шеф на фирма, или директор. Од такт ме вадат такви, па треба да се срамиш повеќе ако немаш работа и се тегачиш по дома со помислата пфф јас ќе чистам срамота, одколку поштено да си работаш било што, и пари да земаш. Подобро нешто, него ништо. Ако па си завршил факултет и сакаш да работаш тоа што си завршил, во меѓувреме работај пример во кафич или било каде, се додека не најдеш нешто што ти одговара според она што си завршил. А срамење од работа, никако!
 
Ке го цитирам Scofield од пред неколку страни.
1.Има работа,има работници,ама нема работни места!!!
2.Ке го цитирам и PIRRO:оваа држава е во длабок сон а може да ја разбуди само голем работнички бунт,протести...оваа држава е во длабок сон а може да ја разбуди само голем работнички бунт,протести...

A вие,колку сакате кажувајте по форуми дека имало работа,да има,шанкер,келнер,секретарКА,негователКА....за академски граѓани,што 10 години го завршувале Машинскиот Факултет,и нивните родители ја потрошиле цела животна заштеда за да се заврши факултетот!!!!
Поентата ми е:Не е проблем да се работи било што,ако имате завршено Електро факултет,и работите како шанкери,и сте задоволни,никој не ви замерува,и ок е тоа,АМА немојте да плукате по тие што не прифаќаат да ја работат работата за која што не се кадарни,напротив поддржувајте ги,не заради друго,заради ТРУДОТ и НЕРВОЗИТЕ што ги вложиле за да го завршат факултетот!

Ако некој студирал 10 години и во меѓувреме пазарот се заситил од работиници со таква диплома, тогаш тоа е само негова вина. Или па се бунат дипломирани правници и економисти ако не успеат да најдат работа.. хеј, во толицка држава секој втор дипломец е економист или правник, а ние сме за нигде и во двете области :)
Не сфаќам што мотивација имаат, или пак да се студира колку да се рече..

Пак ќе речам - има работа. Под тебе е да работиш нешто што не за што не си учел? Земи кредит од банка, од држава, земи ако треба и позајмица од роднини, па почни бизнис со тоа што го знаеш и имаш. Дај CV во агенции за вработување. Прави нешто, било што, ама не чекај некој тебе да те побара за работа..
 
Дефинитивно има мноогу слободни работни места.Нема кој да работи.Седат дома и само кукаат дека нема работа!!!Доброволно невработени!
 
Има работа да не се лажеме.
Ама со плата од некои бедни 7-8000 еве и 12000 денари нека се, можеш само да преживееш.
За едно четири члено семејство потребни се минимум 30000 денари месечно за да преживее.

Какво ќе биде дневното мени на еден работник кој зема 8000?
-Доручек: ѓеврек
-ручек: супа и пола кило леб и некоја јаболка
-вечера: леб и маргарин или у подобар случај паштета

А кај се комуналиите кај се сапуните прашаците средствата за лична хигиена,алишта,книги,пари за слободна,пари за ужинка,бензин,регистрација,факултет,пари за на кино,сладолед екскурзија,кашички,пелени,апчиња ????????

Вие изгледа сте мазохисти или луди трето нема.
 
Со просечна плата и плаќање на сите сметки по дома кој се неизбежни и за јадење веруј ми тешко дека ке останат пари за ова горе болдираното.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom