city
Модератор - технократ!
- Член од
- 1 март 2005
- Мислења
- 2.780
- Поени од реакции
- 277
- Возраст
- 38
Една мала статистика преземена од најдиработа:
Aктивни: 423 огласи
Од вчера: 51 огласи
Значи само вчера во најактуелните дневни весници се излезени дури 50 огласи-тоа воопшто не е некој голем показател но сигурно не е знак дека во македонија нема работни места.
Еве според ВРЕМЕ кој работни места се најбарани:
Наставници, келнери, директори и продавачи се во моментов најбараните работници на берзата на трудот во Македонија. Весниците се преплавени со огласи што бараат луѓе што ќе ги пополнат овие места. Според статистиката на порталот најдиработа.цом.мк, во изминативе месеци имало дури 449 огласи за пополнување на позицијата работник, за позицијата наставник 359 огласи, додека дури 302 огласи биле за пополнување директорски места. Во првиот квартал од 2007 година Заводот за статистика забележал дека стапката на невработеност изнесува 35,8 отсто. Експертите високата стапка на невработеност, меѓу другото, ја поврзуваат и со несовпаѓањето на понудата и побарувачката на пазарот за труд. Според статистиката на македонскиот портал, најголема шанса да најдат работа имаат економистите по струка. Во месечните огласи за работа се појавиле 205 огласи за вработување на комерцијалисти, за менаџери 151 оглас, за сметководители 146 огласи и за економисти 86 огласи. За лекарската фела статистиката вели дека биле објавени 80 огласи за пополнување на работното место лекар, додека за работното место фармацевт имало 60 огласи. Од другите професии за кои е потребно високо образование се барани инженери со 138 огласи, програмери - 94 и архитекти со 77 огласи. Огласи што се наменети само за градежните инженери имало 66, додека за електромашинските инженери 58 огласи. Најмал интерес имало за професиите автоелектричар, библиотекар, дактилограф, цариник, плочкар, суфлер, стаклорезач и шталар. За овие професии имало само по еден објавен оглас. Во најголем дел од огласите не е назначено која е фирмата што го дава огласот. Најголем огласувач е Агенцијата за државни службеници, која објавила 179 огласа. На второ место е фирмата „Бујото“, која објавила 110 огласи за ангажирање работници. Како фирми каде што најмногу би сакале да работат, посетителите на порталот за вработување ги издвоиле „Искрател“ и НЛБ Тутунска банка. Овие две фирми се оценети со десетка и коментарите за нив се доста позитивни. Стапката на невработеност во Македонија е 35,8 отсто. Според оваа стапка, Македонија е прва по невработеност во регионов, пред Србија, која има 22 отсто, Албанија со 13,9 отсто, Босна и Херцеговина со 31 отсто и Црна Гора со 30 отсто. Добра вест е тоа што стапката на невработеност во земјава во изминативе две години се намалува. Така ако во 2005 таа изнесувала 37,3 отсто, во 2006 година 36 отсто, денес е помала за речиси два процентни поени.