Хмммм.........знаело да биде мнооооогу подобро
Пошто Бушав не пушташе музика
Да не бев во организација, би рекол дека ова беше најдобро организираната журка до сега.
Пошто сум, ќе речам дека ми е мило што ги оправдавме вашите очекувања.
Како и на секоја собиранка, првиот саат од забавата сите се зафатени со шминкање дома. Серпико доцнеше, Дивајн и охридско лоби исто така, а Фантом не дојде. Потоа нагло почнаа да доаѓаат Кајганџии и Динамик се исполни до последно место. Толку бев приврзан со вискито вечерта, што дури и машната си ја натопив во чашата. Со доста кајганџии и кајганџики се запознав, ре-запознав, а имаше и доста кои не ги препознав. Деца, брзо растат
Со Албанците започнавме дискусија за идејата за двојазичност на форумов, со Лејди Сатори за деколтето, со Немирна за коментарите во галерија, со ТонИнтер за кантерче, а со останатите едноставно се журкавме и алкохолизиравме. Подетален приказ на реалната атмосфера ќе видите на сликите, ме мрзи да пишувам вака „посабајлечки“.
Афтер-партито беше исто така одлично. Излеговме од Динамик, земавме бурек, се позаебававме со џандарите надвор (Серпико имаше огромна желба да биде уапсен) и фативме накај Маракана. Таму Серпико падна на колена, ама за некои 40 минути се ревитализираше од јогуртот
Афтер-афтер-парти во домаќинска атмосфера со 9 форумџии.
Спешл тенкс ту:
Dadence (кајгана видеото што се вртеше на LCD-ата беше нејзино дело)
Јоце_БТ (тркна од Капиштец до Градежен да купи пијалок)
Димитар (му правеше друштво)
Сите што не дојдоа или откажаа во последен момент ќе добијат title "јас сум педер".
Слики има во
галерија. Цело време се додаваат нови слики, проверувајте често.