cYb3rc0re
~ место за реклама
- Член од
- 3 мај 2005
- Мислења
- 914
- Поени од реакции
- 170
Германец му помага на СДСМ
Германски експерт му помага на СДСМ во подготвувањето на новата програма што на граѓаните ќе им понуди сигурност, еднакви шанси, грижа за сиромашните, социјална правда и правичност, изјави вчера во Охрид лидерката Радмила Шекеринска.
Таа рече дека новата програма, чија изработка е во завршна фаза, ќе се фокусира на решавањето на најгорливите проблеми на граѓаните. Шекеринска рече дека во изработката на програмата учествува и германскиот експерт од редовите на социјалдемократите Кристоф Цепел.
Одговарајќи на новинарски прашања, таа рече дека разговорите за решавање на спорот со Грција мора да бидат приоритет на владината политика и дека е клучно да се водат во ОН. Во врска со четирите хашки предмети кои се враќаат, претседателката на СДСМ нагласи дека Македонија мора да покаже дека е зрела и дека во неа функционираат законите, правниот систем и Уставот, како и дека се почитуваат основните човекови права. Доколку хашките предмети не се исполитизираат, рече Шекеринска, Македонија може со нив успешно да се справи.
Извадок од дневник.
Демек, еве и ние, јака програма ќе напрајме, па викнавме германец да ни каже како се пишува. За грев. Видоа како треба да се работи, па сега ајде и ние, ќе викаме германци. Пази, не романец, полјак или бугарин, него Германец, со голема Г. И не само тоа, него и експерт бил...
Ептен ефтини маркетиншки финти, треба малце поскапи како Груевски што прави, да ти е кеф да гледаш.
Баш ме интересира дали ќе го има делот со бесплатно овошје за деца до 7 години. :pos2: