Саем на книгата

  • Креатор на темата Креатор на темата Emma
  • Време на започнување Време на започнување
Иначе сакам Mein Kamf да ја купам:pos:Од прилика да не знае случајно колку е?
 
Епа денес го посетив саемот и ми се допадна. Цените се прилично добри, за разлика од обично. Си ја купив "Мистеријата на синиот воз" од Агата Кристи за 100 денари од издавачка куќа Ѓурѓа, и добив бесплатна книга "Времето и знаците", во која се објаснувани христијанството и науката бла бла....
 
Отидов, видов, собрав колку што можев да транспортирам и толку. Утре се спремам за вториот бран овој пат опремен со најсовремената опрема за носење - ранец. Како и да е, ДОбар избор, барајќи некои книги наидов на други. Кога ќе заврши саемот ќе кажам крајни впечатоци и купена литература.
 
Иначе сакам Mein Kamf да ја купам:pos:Од прилика да не знае случајно колку е?
на времето беше 450, е сега може е поефтина.

Саем на книгите според мене е чиста превара. Ако сте оделе кога има попусти во книжарниците, тогаш е многу поефтини книгите, а сега го користат она што јас го учам ко илузија на цени. Дваесет денари попуст не е баш попуст
 
Ако вкупната цена е сто денари, и тоа како е попуст. :)

Само што, повеќето книги имаат добар попуст, од 20% нагоре, а на 1000 денари 20% не се малку.
 
Некој што ке оди на саемот ке може да провери дали ја има Самрак од Стефани Мајер? Ако има напишете колку чини?
 
ќе одам,со надеж дека ке го најдам “степскиот волк“ =)
 
Ууу, едвај чекам утре да отидам на Саем...да се изнашетам, да се изнавртам страници и ако нешто ми фати око да си купам:pipi:
 
ќе одам,со надеж дека ке го најдам “степскиот волк“ =)

Јас одам утре со надеж дека ќе ја најдам „Мајсторот и Маргарита“ или нешто од Агата Кристи. :)
 
Може ли некој да ми каже до колку е отворен саемот - навечер? Имам ли време сега да претрчам (18:16)?
 
Да, до 20ч.
Утре до 20:30.

Јас бев и вчера и денес али од фах на штандот од мим на Денови на образование и кариера.

Кај книгите поминав само онака, колку да прошетам да видам што има, што нема, али некако не ми се даваа пари, си земам ја од библиотека, поевтино ми е :pipi:

Али сепак потрошив пари за лесковачката, морам да ви ја пофалам, ако одите натака пробајте... на влез на хала 3 :)

Утре ќе одам да ја ѕирнам дебатава и така :pipi:
 
Некој што ке оди на саемот ке може да провери дали ја има Самрак од Стефани Мајер? Ако има напишете колку чини?

500 денари на македонски, а 450 на српски јазик. Јас бев и сум воодушевена од цените, утре пак ќе одам.

Јас одам утре со надеж дека ќе ја најдам „Мајсторот и Маргарита“ или нешто од Агата Кристи. :)

За Агата Кристи цените се многу поволни. За 100 денари ја имаш Отворени карти, за 100 денари е и Мистеријата на синиот воз, а за нешто помалку од 200 денари е 13 проблеми
 
Иначе сакам Mein Kamf да ја купам:pos:Од прилика да не знае случајно колку е?

Пред да ја купиш да те предупредам дека книгава е чисто срање! Нема никаква поврзаност со втора светска војна , книгава е искочена многу порано и јас би ја опишал како критика на Хитлер за социјал демократијата и вадење заклучоци од ракав. Катастрофа.Само пријателски совет ова.
Епа денес го посетив саемот и ми се допадна. Цените се прилично добри, за разлика од обично. Си ја купив "Мистеријата на синиот воз" од Агата Кристи за 100 денари од издавачка куќа Ѓурѓа, и добив бесплатна книга "Времето и знаците", во која се објаснувани христијанството и науката бла бла....

Агата Кристи 100 ден???? КОј е главен лик, Херкул ПОаро или Марпл???

Јас одам утре со надеж дека ќе ја најдам „Мајсторот и Маргарита“ или нешто од Агата Кристи. :)

Ако веќе купуваш нешто од Агата Кристи гледај главен лик да биде Херкул ПОаро , поготово ако успееш да ја најдеш 10 мали црнци- ремек дело е ова од Агата Кристи.

Него јас да прашам до кога трае саем на книга??? И дали во недела работи??? И дали е повторно исто преовладува белетристика или може да се анјдат книги од типот на КОлапси од Џеред Драјмонд или нешто од Деникен???
Јас оваа година иначе освен ова иам намера да купувам класици , некако почнаа а ми фалатЧ))))
 
Бев, видов, купив, се вратив.
За Правникот - Погледни на штандот на Три. Милсам дека ќе најдеш по нешто. Ама повјасај, купува народ.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom