Студентите посакуваат...и професорот да фати грип...
Сакам да дипломирам, да запишам постдипломски, па да најдам работа“, посакува еден апсолвент. За разлика од него, еден негов револтиран и бесен колега на дел од професорите „кои го малтретирале“, би бил најсреќен доколку тие фатат Х1Н1, односно да заболат од свинскиот грип. Студентка, пак, посакала „редовно друштво“ во кревет.
Така изгледаат дел од ливчињата со желби кои на елката во аулата на Правниот факултет „Јустинијан Први“ од Скопје ги закачија студентите, со надеж дека Дедо Мраз ќе им ги исполни новогодишните желби.
Меѓу многуте ливчиња можеа да се забележат повеќе желби за „правда“ на Правниот факултет, но предничеа оние класичните за среќа, радост и здравје, и се разбира, за пари, пари и само пари.
Но, елката е за студенти, па имаше и желби за „над 18 години“.
„Некој што ќе ме задоволи и ќе ми овозможи да бидам сексуално активна“. Ништо помалку и ништо повеќе, очекува студентка од белобрадиот исполнувач на желби од 1 јануари па натаму.
И машкото либидо е активно. Некое „скромно“ момче, пак, сака наредната 2010 година барем по една девојка за секој месец, и тоа не која било, туку мора да исполнува високи критериуми и стандарди - Адријана Лима, Бијонсе, Ријана, Џесика Алба, Кетрин Зета Џонс, Ана Курникова… се само дел од партнерките што треба да почне да му ги носи Дедо Мраз за неколку дена. Како изгледаат работите, Дедо Мраз ќе има полни раце работа.
Само на неколку десетини метри отспротива, на Економскиот факултет немаше новогодишно дрво, што значи дека отсуствуваа и пораките со желби. Дали елката не се вклопува во амбиентот или можеби промислените економисти пресметале дека во време на финансиска криза елката и лампионите се непотребен трошок, останува под знак прашање.
Елката која се наоѓа во Филолошкиот и Философскиот факултет, каде што вчера се одржа свечено доделување на дипломи, е мизерна и катастрофална. Ова го вели еден студент на кого му тече сесија и, како што истакнува, има попаметни работи отколку да пишуваат пораки. Во содржината на двете без три пораки, колку што можеа одвај да се забележат на елката тргната во аголот на горниот кат, се порачува пакетче со бонбони, колачи и чоколади. Исто така, во нив се апелира до професорот кој предава „Перцепција“ да биде попустлив за да можат очајните студентите конечно да го положат овој предмет.
Шехерзад и Онур во „Се за љубов“
Бидејќи Онур не успеа да ја земе за жена Шехерзад, некој студент, веројатно редовен и страстен гледач на популарната турска серија, сочувствува со главниот машки лик. Тој им предлага на организаторите на емисијата „Се за љубов“, да им „средат“ состанок на Онур и Шехерзад.
http://spic.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1036&ArticleID=40127
:pos2: Пишавте некоја желба? :pos2: