Убаво е да си убав

  • Креатор на темата Креатор на темата filmadzijka
  • Време на започнување Време на започнување
Зошто може да е во делузијааа nananan...
Нарцисизам, необјективност & stuff.

Замисли, сите грозни се во дом за сирачиња.
Без мајки, кој ќе ги лаже по дома дека се убави?
Океј тоа дека секое дете си е најубаво за неговите дома. Но некои се свесни за убавината која ја поседуваат, имаат поголема самодоверба и повеќе шанси за успех во животот. Важна е и внатрешната убавина, но многу поголема улога има надворешната. Барем според мене.
 
Се додека не почнат да те гледаат како секс симбол како што кажаа неколку страни назад и да не го ни приметуваат тоа што некој го поседува внатре. Надворешната убавина има улога некого да го привлече на почетокот за да се заинтересира за личноста што поседува одвнатре. Ако не најде на сличност и заеднички интерес, или било каков друг квалитет кој го поседува карактерно личноста, тогаш дотичната најверојатно ќе остане на ниво на предмет.
 
...да ти нуди избор. Убавината во надворешната убавина е имањето избор.
А имаш ли избор во животот, тогаш истиот ти е мед.

Или пак да бидеш понуден како избор. Надворешноста е нешто што се менува брзо, за разлика од внатрешното. Прашање е желбата.
 
Или пак да бидеш понуден како избор. Надворешноста е нешто што се менува брзо, за разлика од внатрешното. Прашање е само на желба.

Ќе беше уште поубедливо ако барем веруваше во една буква од цело напишано.
 
Убаво е да си убав и сите шо викат дека внатрешната убавина е на прво место бла бла ,да не бидам груба ама на еден начин се тешат,дали самите себе,дали некој друг,не знам...факт е дека за да привлечеш некој битен ти е надворешнио изглед, ти ак сакаш мајка Тереза биди, ак не си му симпатичен на некој...џабе е.
Контрадикторно на тва, секој си има различен вкус и различна перцепција за убавината тка да... It's All Relative. :pipi:
 
...да ти нуди избор. Убавината во надворешната убавина е имањето избор.
А имаш ли избор во животот, тогаш истиот ти е мед.

Чекај чекај... имањето избор ќе направи животот да ти биде мед? I donfinkso. Знаеш како се вика, ignorance is bliss... а тоа е така зашто кога немаш избор е многу лесно да си течеш заедно со реката. Како ти се каже, така правиш и немаш проблем со тоа зашто воопшто и немаш опција да размислиш, сфатиш, посакаш па да се заебеш, било што. Уживање. :)

Надворешната убавина нуди избор, ама тој не го прави животот мед. Си бил некад паметна плавуша со големи гради да знаеш како е? :)
 
Wot, глеам на темава, само ти забораваш да напоменеш дека си паметен и убав... >.>
 
Прекрасно е, додека зборуваш за Ниче ти гледаат во градите. :pos:

Прво не си плава, второ 97% од форумот ќе се сложи дека мораш да прикачиш слика од твоите гради бидејќи никој не верува на збор кога кажуваш колку се големи. :baeh: :icon_lol:

Инаку, парите носат проблеми...
Физичката убавина носи проблеми...
Интелигенцијата носи проблеми...
Сите се предности за напредок во општеството, но менаџирањето не е воопшто лесна работа. Парите носат проблеми бидејќи семејството ќе го загубиш во обид да ги задржиш парите. Интелигенцијата ќе направи раздор на твоите мисли бидејќи фокусирањето на едноставното егзистирање е многу тешко кога си способен да размислуваш на илјадници теми и да бараш илјадници одговори на исто толку прашања. Физичката убавина исто така, сексот можеби е убав, но никогаш не носи уживање на подолги патеки, а околината секогаш ќе сака дел од тебе само зашто си убав.
Мед, е друго, ова би го нарекол... осило.
 
Безпари проблемите се поголеми.

Педерите се сидаши, сите евреи се богати и скржави, ќе го изгубиш семејството во обид да ги задржиш парите, интелигенцијата те води кон самоуништување.. whoa whoa.. кога ги набројував генерализирањата, второто болдирано ме насмеа.. и грдите се сексаат!!! Исти филинг е сексот, really.

Зборуваш као имањето предности во ова црно секојдневие, имајќи избор или макар опција за истиот, ти го отежнува животот? Right. Mислам, како што ја постави цела таа идеологија изгледа правилно, но со опцијата за избор аналогно со неколку паметно донесени избори можеш да си го средиш животот да ти е мед. Без надворешната убавина ја немаш таа шанса.

Wot, глеам на темава, само ти забораваш да напоменеш дека си паметен и убав... >.>

Не сфаќаат сите сарказам. Океј е за меѓу мене и тебе, ама за другите неизбежна е латиницата проследна со 4ките и 6ките. Dude. :)
 
Не постои независна убавина.
Beauty is in the eye of the beholder.
 
Воопшто не е пријатно да си убав во очите на општеството.

И ако случајно испаднеш убав во овој свет, луѓето ќе те гледаат со презир затоа што сите претпоставуват дека убавите и атрактивни луѓе го шармираат патот низ нивниот живот и дека се според ова празно-глави паразити. Нема да наидеш на никакво разбирање затоа што сите претпоставуваат (читај:знаат) дека атрактивните луѓе имаат совршени животи. Ова се разбира ќе те доведе до огорчена и осамена егзистенција.
 
....глеам многу убави луѓе живеат огорчени и осамени
 
Back
На врв Bottom