Serpico
Сковинистратор / I'm Batman
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 11.167
- Поени од реакции
- 702
- Возраст
- 39
E па, ако не одговара да бидат на плоштад, околу центарот, каде да се постават?
Би го парафразирал професорот, по цена да бидувам обвинет поради тоа: „Ако ние немаме во моментов алтернативна локација, тоа не е оправдување да се прави по секоја цена“.
Свесен ли си дека плоштадот ќе наликува на музеј со сите споменици? Па кисупермен, градот треба да се шири. Скопје, а и Македонија не е само еден плоштад во еден град, колку и главен да биде тој.
Нема изговор. Лоша е замислата. Може да се сведе мојот муабет на различен архитектонски концепт, но стојам на ова.
Александар на пример заслужува голем споменик. Ама споменикот кој ќе му биде направен јас вистински ќе можам да го доживеам (на оваа констелација на терен) од средина на камени мост, кога ќе гледам накај него. Како мал пример.