~*~
Добро, како може да го земате делот со 7 дена како аргумент за непостењето на Бог? Па зарем не е доволно јасно дека тоа е метафора? Зарем не може она и би светлина, да биде рецимо The Big Bang?
Библијата и верата во Господ не се косат особено со науката. Всушност, да се гледа од научен аспект на книга која проповеда нешто поинакво (и поголемо) е мешање на apples and oranges.
Дали ти кога читаш поезија размислуваш за бројот на директни предмети, за застапеноста на епитети и ономатопеи итн. или ја чувствуваш? Дали е вредноста на песните на Лорка во употребата на минато свршено време кое преоѓа во идно прекажано и што ти ја знам, или во емоцијата која знае да ја пренесе? Да, можеби ги содржат и тие граматички форми и изразни средства. Но, нивната вредност е во она другото.Така е и со верата. Има екстра елементи кои науката е преуска да ги инкорпорира.
Ќе повторам... Смешно е да се гледа така буквално на тие делови од Библијата.
А за вештерките...Не е Бог крив за тоа.Крива е извитоперената свест и желбата за моќ кај луѓето. Истата е крива и за сечењето на клиторис во Африка, и за масакрите во школите,и за геноцидот на Евреите, и за сите човечки зла.
Кога тие што ги палеле жените, би биле вистински верници кои добро ја имаат прочитано Библијата, не би ставале никој на клада in the first place.
Буквалистички пристап да или не, во ниту еден случај не може да се поврзе со верувањето во нешто што според мене е само уште еден начин за масовно контролирање.
Верувам дека човекот во текот на својата еволуција, веројатно, по некоја случајност, дошол до точката за да може да се ослободи од догмите кои што „сам на себе“ си ги нафрлил.
Да живеевме сите во камено доба сега ќе бевме убедени дека треба да им се молиме на Сонцето и ѕвездите, па што, сега некој да го слушне тоа уверување ќе го смета за смешно и крајно детско ... споредбава ја правам само за да го доловам човечкиот развој со текот на вековите.
Тоа што Исус го проповедал е уште една фаза и стапка на тоа каде сме денес, но по сите закони на физиката, едноставно малку ми е нелогично да верувам во нешто наречено Бог само затоа што традицијата и општеството во кое живеам така ми налага.
Можеби, којзнае, да сум имала можност сама да ги избирам работите сега ќе сум била верник, а не атеист.
Додека доказите, кои што се бараат и од двете страни никогаш нема да послужат како некоја цврста основа, првенствено затоа што верата сама по себе не бара докази туку верба.
Некои луѓе тоа го можат, некои не.
Повторно и се враќаме на индивидуалистичкиот преглед на работите и на перцепцијата која што зависи од личност до личност.
Јас радо би верувала во себе и моите можности, во општеството со сите негови правила и во луѓето околу мене како суштества со кои што сум во постојана интеракција, него во нешто што бара од мене слепо да верувам во него.Не сум тој тип на човек кој слепо или барем делумно верува во работите.
Додека поезијата која што погоре ја спомна, тоа е нешто што го имаш на хартија, да исто како и Библијата, со својата вредност и со своите метафори, но сите ние различно толкуваме два различни стиха, небитно дали ќе ги извадиш од некое Евангелие или од поезијата на Жак Превер.:smir: