21.12.2012 (read only)

Статус
Затворена за нови мислења.

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.979
Поени од реакции
7.119
Боби[Мкд];4147816 напиша:
Ај не е интересно веќе, какви се тие бранови?
Па на пример да падни астероид во Медитеранот. Да видиш како лесно водата преминува и планини и долини :)
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
867
Поени од реакции
79
Па на пример да падни астероид во Медитеранот. Да видиш како лесно водата преминува и планини и долини :)
A ti toa chekaj i raduvaj se za takvo neshto a ne gi ceni chovekovite zlo dela prema prirodata ili prema zemjinata topka ili ona pochnuva da vraka za takvite postapki.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.448
Поени од реакции
5.134
Море да видиш како има :) Само да се случи потребниот настан.
Ако мислиш за удар од астероид.... тоа многу тешко. Треба да удри во Средоземно море, но пак треба да ги помини високите планини кои го штитат западниот брег на Балканот.... 2 километри најмалку....
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Ако зборуваме за удар кој би направил бран повисок од 3 километри... епа, џабе е, нема живи да го дочекаме таквиот бран :) веројатно сосе нас каменот кој не ѕвекнал ќе излезе од другата страна на топкава
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Се попалија сите на земјотресот во Јапонија.Dudes во Јапонија годишно има преку 5000 земјотреси.Едноставно такво е подрачјето.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.959
Се попалија сите на земјотресот во Јапонија.Dudes во Јапонија годишно има преку 5000 земјотреси.Едноставно такво е подрачјето.
Пријателе ти правиш разлика меѓу квантитет и квалитет ??

- Не 5.000 , 50.000 да ги има годишно, косооките немаат мака додека тие земјотреси се со нормален и неопасен интензитет. Земјотресот вчера беше со јачина од скоро 9 по Рихтер. Сите шо даваа кратки изјави од таму рекоа дека Вакво дрмење и страв до сега немаат осетено во животот. Мислам дека еден имаше напишано, тој бил 5ти најјак земјотрес во Светот, во последниве 100 г.

Get the point ..?
 
M

Mario Gómez

Гостин
Па на пример да падни астероид во Медитеранот. Да видиш како лесно водата преминува и планини и долини :)
Или Чак Норис да прдне додека се бања во средоземно море.
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Пријателе ти правиш разлика меѓу квантитет и квалитет ??

- Не 5.000 , 50.000 да ги има годишно, косооките немаат мака додека тие земјотреси се со нормален и неопасен интензитет. Земјотресот вчера беше со јачина од скоро 9 по Рихтер. Сите шо даваа кратки изјави од таму рекоа дека Вакво дрмење и страв до сега немаат осетено во животот. Мислам дека еден имаше напишано, тој бил 5ти најјак земјотрес во Светот, во последниве 100 г.

Get the point ..?
Па што?Се случува.Aјде хронолошки да ги подредиме сите силни земјотреси во Јапонија последниве сто години:
-Први септември 1923 година земјотрес во Токио магнитуда 8.3 140,000 мртви
-Втори март 1933 цунами предизвикано од земјотрес со магнитуда од 8.9 3000 мртви
-Дваесет и први декември 1946 земјотрес во Шикоку со магнитуда 8.0 2000 мртви
-Четврти март 1952 земјотрес во Хокаидо со магнитуда 8.2 8300 мртви
-Шеснаести мај 1968 земјотрес во Токачи магнитуда 7.9 52 мртви
-Дваесет и петти мај 1983 земјотрес во Јапонско море со интензитет од 7.7 по меркалиева скала 100 мртви
-Дванаести јули 1993 земјотрес во јапонско море со интензитет од 7.8 според меркалиева скала 200 мртви (цунами од 30 метри)
-Четврти октомври 1994 земјотрес на Курлиските острови со интензитет од 8.1 според меркалиева скала 8 мртви.
-Дваесет и осми декември 1994 земјотрес во Хачинохе со магнитуда од 7.5 2 мртви
-Седумнаести јануари 1995 земјотрес во Кобе со магнитуда од 7.2 1800 мртви.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.959
^ Ајде нека е и така, гледам си се помачил за податоци.

Амааа во тие 20ти, 30ти, 40ти, 50ти години, Јапонија е била толку напредната и уште од тогаш е имала 4 нуклерани станици во непосредна близина на источниот брег од Пацификот ??

- Прво, од сите тие земјотреси шо ги имаш наведено, само тој од 33та е над 8.5 по Рихтер и е за само 0.1 послаб од сегашниот.
- Второ, во тоа време, поради технолошко-техничката неразвиеност - тоа е неспоредливо со овој земјотрес, катастрофата се има мерено само во фиксен број на жртви. Сегашната постземјотресна ситуација е немерлива и е потенцијално далеку поопасна, во однос на тогашната која е изразена преку 3.000 мртви (како што ти имаш наведено) кои имаат загинато при самиот удар.
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Чекај за што разговараме сега?За тоа како силните земјотреси се невообичаени во Јапонија и како ова е навестување на крај на светот во 2012 или за технолошката развиеност на Јапонија?Земјотресот не нанесе речиси никаква штета во Јапонија освен што значително ја оштети нуклеарната централа.Од земјотресот скоро и да нема жртви.Но цунамито ги предизвика скоро сите штети поради тоа цунами има над илјада жртви.Во земјотресот од 33' има 3000 жртви бидејќи се случил на море а не на копно или значително близу до копно за да може да наштети на некој објект,за разлика од овој земјотрес кој беше многу близу до копно и се силно се осети на копното.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.959
^ Како и да ја вртиме топката, јасно е дека ова е една од најголемите, ако не и најголема катастрофа во Јапонија од ХХ век, навака.

Кога и самиот премиер изјави дека за неговата земја тоа е најголема катастрофа, после кризата по II СВ, што има тука повеќе да дискутираме, развлекуваме и копаме по статистики. Изјавата му помина на сите вести, ако ја немаш чуено, еве само краток извадок за конкретниот муабет ..

„Поради земјотресот, цунамито и дефектот на реакторите се соочуваме со најголемата криза по Втората светска војна. Дали ќе успееме да ја надминеме ќе зависи од сите нас. Верувам дека можеме да ја пребродиме оваа криза, само доколку бидеме сплотени“

Ќе ти ја поставам и целата статија, гледам и на Точка ја има, па прочитај ја ако сакаш.

http://tocka.com.mk/index14.php?ID=35641
 

Mr.47

Juve Fan
Член од
29 јули 2008
Мислења
10.045
Поени од реакции
6.072
Земјотресот во Јапонија е предизвикан поради движење на тектонските плочи. Јапонија се наоѓа доста близу до нив и поради тоа е направена голема штета, најмногу поради цунамито кое се случи.
Токму поради тоа и има толку земјотреси во Јапонија, но кога се случил овој земјотрес тогаш се случило и поголемо движење на плочите.

На сликава може да се види тоа колку е блиску Јапонија до границата на тие плочи. Или можеби е навестување за нешто?
Земјотреси имало, има и ќе има. Исто може да се види и за Индонезија иако таму има далеку помалку земјотреси во однос на Јапонија.
И Чиле е мислам доста близу до тие плочи.

Плочите годишно се поместуваат од 4-7cm.
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
^ Како и да ја вртиме топката, јасно е дека ова е една од најголемите, ако не и најголема катастрофа во Јапонија од ХХ век, навака.

Кога и самиот премиер изјави дека за неговата земја тоа е најголема катастрофа, после кризата по II СВ, што има тука повеќе да дискутираме, развлекуваме и копаме по статистики. Изјавата му помина на сите вести, ако ја немаш чуено, еве само краток извадок за конкретниот муабет ..

„Поради земјотресот, цунамито и дефектот на реакторите се соочуваме со најголемата криза по Втората светска војна. Дали ќе успееме да ја надминеме ќе зависи од сите нас. Верувам дека можеме да ја пребродиме оваа криза, само доколку бидеме сплотени“

Ќе ти ја поставам и целата статија, гледам и на Точка ја има, па прочитај ја ако сакаш.

http://tocka.com.mk/index14.php?ID=35641
Факт е дека ова е најголема катастрофа после цунамито во Индонезија 2004 каде што имаше над 230.000 жртви,а може да биде и поголема доколку се заебе работата со нуклеарните централи.Но во овој земјотрес нема ништо чудно и невообичаено и ова е далеку од предвесник на крајот на светот или дека природата ни се одмаздува (dude?).Јапонија лежи на 3 тектонски плочи,а во близина има уште 2 плочи што значи дека во тој регион има 5 тектонски плочи па нормално е да има вакви земјотреси.И земјотресот во Индонезија беше со магнитуда од 9.1 степени па еве уште сме живи и здрави.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom