еден вика треба да се гледа .. друг вика не треба да се гледа .. трет сечи снимки на гугл ерт .. каша попара е сето .. јас читав на астрономија.ком.мк таму викаат дека сето е пропаганда и правење пари .. еве шо пишува
Наводната планета Нибиру, би требало да помине низ Сончевиот систем во 2012 година, што е за многу краток период, гледано астрономски. Податок за нејзината брзина на движење немаме. Но, тука доаѓа еден друг заклучок. Штом таа планета за 4 години треба да помине низ Сончевиот систем, таа веќе би се наоѓала во него. Или, ако се работи за некое тело што има многу голема брзина, што се ближи до брзината на светлината, тогаш планетата би се наоѓала некаде близу до Сончевиот систем. Ова второто е многу голема невозможност, бидејќи за да добие такво забрзување, планетата би требало да помине покрај некое тело со огромна гравитациона моќ, како што се црните дупки. Но, тука има и уште една друга теоретска невозможност, за која досега не сум слушнал дека може да се случи, (ама, сепак, да не ја исклучуваме), а тоа е планетата да настанале во орбита околу некоја ѕвезда и потоа со некоја „магична моќ“ да добие такво забрзување со што би ѝ избегала на гравитацијата на матичната ѕвезда и би патувала слободно низ меѓуѕвездениот простор. Планетите околу ѕвездите настануваат скоро во истиот период кога се формира и матичната ѕвезда, и тоа од остатокот од протопланетарниот облак околу нив. Ѕвездата во текот на својот живот поминува низ бројни фази, но патеките на планетите околу неа не се менуваат. Сонцето за 5 милијарди години ќе стане една голема ѕвезда, т.н. црвен џин, за потоа да се претвори во бело џуџе – ѕвезда со димензии колку димензиите на нашата планета (околу 12 000 km). Но, нејзината маса останува иста, па така ништо нема да се промени во однос на пропорциите на Сончевиот систем.
Од ова се доаѓа до заклучок дека треба да се случат некои многу сложени физички процеси во некои чудни ѕвездени системи, па од нив да се одвои некоја планета што подоцна би поминала низ Сончевиот систем.
Уште поинтересен е фактот според кој планетата можела да се види само од опсерваторијата на Јужниот пол. Некој кој има барем малку познавање од астрономија, а не мора ни од астрономијата, туку знае дека нашата планета ротира под агол од 23,5 степени и прави една ротација околу својата оска за приближно 24 часа, веднаш ќе се изнасмее на ваквото тврдење. Што сакам да кажам со ова? Ротацијата на нашата планета околу својата оска ги предизвикува денот и ноќта, а во текот на ноќта предизвикува ѕвездите да патуваат по небото од исток кон запад. Доколку сте погледнале кон небото во иста ноќ во различен временски период, сигурно сте забележале дека ѕвездите не остануваат статични, на едно место, туку постепено ја менуваат својата позиција. Ова значи дека ниту едно место на планетата ја нема таа неприкосновена позиција само од таму да може да се гледа еден дел од небото. Нашата планета ротира, па така во текот на ноќта од едно место може да се види поголемиот дел од небото. Се разбира, во зависност од тоа на кое место на Земјата се наоѓате не може да го видите целото небо. Еден дел од небото ќе ви остане скриен, како што е најјужниот дел од небото за граѓаните на Македонија. Ние не можеме да го набљудуваме небото под 40° под небесниот екватор. Но, луѓето што живеат во Австралија, Нов Зеланд, Аргентина, Мадагаскар, Јужна Африка, па и на Антактикот можат да го гледаат тој дел од небото. Што подразбира, не мора да сте само на Јужниот пол за да ја видите оваа планета.