21.12.2012 (read only)

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Никој нејќе де :icon_eek:.Ама кога веќе има некои информации за тоа не е лошо да продискутираме затоа што во врска со оваа тема(освен Норвежаните :) )не ни преостанува ништо друго освен да ги дискутираме можните причини и настани кои довеле до фамозната 2012.
Никој не знае утре што ќе му се случи,а не пак за две години и аналогно на тоа и сите што се сложуваат не може до крај да се сложуваат затоа што не знаат што навистина ќе се случи на 21.12.2012.
Не сакам ни да коментирам колку е само бедно да напишеш дека некој се пали на смрт а не пак и да го помислиш тоа и не е темава само дека е можно нешто ГОЛЕМО да се случи тука е и прашањето:што потоа? :wink:
Не бидете наивни и не верувајте на се што ќе се објави на телевизија.
Како прво овој настан е креиран од глобалната светска елита која има за цел да го подготви светот за можна нова креирана криза или нешто слично за пример како што беше за 11.09.2001. се со цел да спроведат ред во светот односно да ги зацртаат своите цели (сето ова е дел он Новиот светски поредок има посебна тема во мистерии) јас би рекол и не е повеќе мистерија и за жал и ова е дел од mind control и ширење на лажни теории ама народот слуша се што ќе му се каже тоа е за жал најголемото зло.
 
Член од
13 јануари 2010
Мислења
1
Поени од реакции
0
Fine e temava za 2012 godina,kalendarot na Maite,znam sum slusnala,citala,imam donekade informacii za seto ova.Megutoa od edna strana ne veruvam kako mozele da pogodat,od edna strana i ne me cudi.Civilizaciite kako Egipet,Mesopotamija,Maite,znaci ziveele vo vreme vo koe bile "mozebi" svesni za zivotot,prirodata,i bile porazvieni od nas.Zatoa sto denes ne e mozno nekoj da izgradi piramida so najelementarni i da recam primitivni sredstva,pa ne me cudi i prorostvoto za 2012 godina,t.e. nie lugjeto samo si resavame za toa,odnosno strasno sme nesvesni za prirodata,i za se okolu nas,a najmalce za nas samite kako licnost.Sekoj moze da vidi deka vo svetov samo ima ubivanja,nuklearki,samite se unistuvame,i posle ne poplavi,ne zemjotresi,ke ne snema,prirodata vrakja.Zosto da ima ubistva,samoubistva???Edno ke recam totalno sme nesvesni,koga mozeme da utepame edno kuce ili mace,a da ne zboram za covek,togas sto ponatamu....
 
B

BELIEVE ME

Гостин

Океј е тоа што си го напишала....... но не се работи за пророштво кои МАите го оставиле туку они ова предвиделе. Денешните астролози неможат да го предвидат тоа бидејќи ова нешто што ќе ни се деси нам, само можело да се предвиди тогаш, бидејќи универзумот е во постојано движење и тогашната поставеност на Сончевиот систем спрема Земјата тие откриле дека баш во оваа година 2012 ќе има такви последици врз Земјата.... Но Јас како инвидуа мислам дека нема ништо да се деси туку само официлано на таа дата 21.12,2012 година ќе започне Зимата и ќе завраши ерата на Водолија ( како тие што кажале) и ќе започне на Јарец...... И тогаш нашата свест ќе се зголеми , ќе користиме поголем дел од нашите умови... и то.
 
Член од
24 јули 2008
Мислења
666
Поени од реакции
134
таа дата 21.12,2012 година ќе започне Зимата и ќе завраши ерата на Водолија ( како тие што кажале) и ќе започне на Јарец......
Mozebi gresam a ti si vo pravo, no neli nie denes se naogame vo erata na ribata ili ribite, a sledno ke vlezime vo erata na vodolijata? Jas kolku sto se sekavam, taka imam procitano......
 
The Mad Doc

Алхемичар
Член од
16 март 2009
Мислења
653
Поени од реакции
46
Ерата на водолија се влегува во 2150.
Баш ми е криво што секаде низ цел свет се зима календарот на Маите а не календарот на античките Македонци.
 
Член од
10 јануари 2010
Мислења
10
Поени од реакции
0
Interesna e teorijata za Nibiru, ima mnogu podatoci sto ja potvruvaat no ima i mnogu sto ja demantiraat. Od Sumerite, Maite do Nostradamus tvdat deka vo 2012 ke nastane krajot na svetot, i site tvrdat deka preku kataklizmicni nastani.

Ja poddrzuvam teorijata na Sumerite deka nie poteknuvame od taa planeta t.e. deka nasite "kreatori" se od nea. Tie uste okolku 4000 godina pred nasata era pretstavuvaat planetata Nibiru na svoite sliki i gi obozuvaat Anunaki-"sozdavacite".

(na slikata se gledaat site planeti vo Sonceviot Sistem + 2 planeti, so Sonceto vo centarot i vkupno predstavuvaat 11 planeti i Sonceto za drugata planeta seuste se spekulira koja e. Ova inace e pecat koj go koristele Sumerskite zemjodelci)

Ima razlika pomegu Sumerite i Maite. Prvite go gledaat krajot na svetot so udiranje na Nibiru direktno vo planetata Zemja, dodeka pak drugite smetaat deka ke se slucat kataklizmicki nastani koi ke ja unistat planetata. Mislam deka dokolku se zbori tuka za Nibiru treba da se gledaat isklucivo Sumerite bidejki tie prvi ja predstavuaat planetata i mislam deka se edinstvenite.

No naucno gledano od denesno vreme dokolku Nibiru stvarno udira vo nasata planeta a nejzinata obikolka vo nasiot soncev sistem iznesuvam 3600 godini, togas taa bi trebalo da se naoga mnogu blisku do nasata planeta (so ogled na nejzinata golemina), sto bi mozela slobodno da ja gledame so golo oko.
 
marko_d

Ретард
Член од
10 април 2009
Мислења
430
Поени од реакции
18

Нема ништо што го потврдува постоењето на таа планета, единствено држи вода дека можеби постоело некое тело во орбита измеѓу марс и јупитер (значи не спротивно со земјата), кое се распаднало и од кое е настанат денешниот астероиден појас, но не е откриено уште што е и како е ....
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.397
Поени од реакции
5.023
Ja poddrzuvam teorijata na Sumerite deka nie poteknuvame od taa planeta t.e. deka nasite "kreatori" se od nea. Tie uste okolku 4000 godina pred nasata era pretstavuvaat planetata Nibiru na svoite sliki i gi obozuvaat Anunaki-"sozdavacite".
Ние не потекнуваме, или не сме создадени од некои други интелегенции, ние си се развивме сами, тука на Земјата. Сите други теории дека потекнуваме од друга планета, дека не создале вонземјани или Господ се смешни.

No naucno gledano od denesno vreme dokolku Nibiru stvarno udira vo nasata planeta a nejzinata obikolka vo nasiot soncev sistem iznesuvam 3600 godini, togas taa bi trebalo da se naoga mnogu blisku do nasata planeta (so ogled na nejzinata golemina), sto bi mozela slobodno da ja gledame so golo oko.
Нибиру орбитира околу неутронска ѕвезда, која нема врска со нашето сонце. Така да може да се приближува со огромна брзина, а ние не можеме да ја видиме. Плус тоа таа може да се види само од опсерваториите на Антарктикот.
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Ние не потекнуваме, или не сме создадени од некои други интелегенции, ние си се развивме сами, тука на Земјата. Сите други теории дека потекнуваме од друга планета, дека не создале вонземјани или Господ се смешни.

Нибиру орбитира околу неутронска ѕвезда, која нема врска со нашето сонце. Така да може да се приближува со огромна брзина, а ние не можеме да ја видиме. Плус тоа таа може да се види само од опсерваториите на Антарктикот.
А зошто неможе да се види од Австралија или јужна Америка например?И тие се во јужната полутопка.Јас како што знам тоа тело треба да е видливо од целата јужна полутопка.Кажи ми ако не е така.
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Ние не потекнуваме, или не сме создадени од некои други интелегенции, ние си се развивме сами, тука на Земјата. Сите други теории дека потекнуваме од друга планета, дека не создале вонземјани или Господ се смешни.
Еј, мојата теорија е таква!

Нибиру орбитира околу неутронска ѕвезда, која нема врска со нашето сонце. Така да може да се приближува со огромна брзина, а ние не можеме да ја видиме. Плус тоа таа може да се види само од опсерваториите на Антарктикот.
Па нели Нибуру Е нетронска ѕвезда? Си ја сменил малку теоријата гледам :) ....
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.397
Поени од реакции
5.023
Па нели Нибуру Е нетронска ѕвезда? Си ја сменил малку теоријата гледам :) ....
Можеби ме немаш разбрано....
Нибиру е планета која кружи околу неутронска ѕвезда...тоа е систем што нема врска со нашиот систем.:wink:
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
2.910
Поени од реакции
1.552
Доколку се случи такво нешо тоа не би било кажано у јавност, да го знае цел свет.
Би се држело у тајност се до тој момент за да не се предизвика паника меѓу народот. И крај краева што се поише Маите од нас па да им веруваме, им ебам племињата неандерталски!
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Доколку се случи такво нешо тоа не би било кажано у јавност, да го знае цел свет.
Би се држело у тајност се до тој момент за да не се предизвика паника меѓу народот. И крај краева што се поише Маите од нас па да им веруваме, им ебам племињата неандерталски!
Придонеле за развивање на цивилизацијата од која ти си дел денес. Show some fucking respect.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
СТОЈМИР СИМЈАНОСКИ - ТРАГАЧ ПО ЗАГАТКИТЕ НА НАУКАТА
Апокалипса или духовно будење во 2012 година?
Хитот на режисерот Роналд Емерих, „2012“, во кој со многу филмски ефекти се опишани случувањата во текот на глобална катаклизма по која доаѓа крајот на светот каков што го познаваме, повторно ги актуализираше теориите за судниот ден, кој ќе дојде во 2012 година. Но, додека визијата на Емерих предвидува дека нашата планета ќе доживее „смртоносно“ загревање на јадрото под дејство на силни Сончеви бури, во старите библиски текстови стои дека тоа би се случило со потоп, со изместување на Земјината оска или, според Атлантиѓаните и Лемурјаните, големата ѕвезда Баал ќе ја уништи Земјата. - Всушност, најголем број од модерните хипотези за уништување на Земјата се темелат на астрономски причинители - вели Стојмир Симјаноски, трагач по загатките на науката.
Досега имало 520 различни предвидувања за Крајот на светот, но сега, можеби, најактуелна е идејата дека судниот ден - апокалипсата, ќе дојде во 2012 година. - Причина за тоа е совпаѓање на пророштва од два различни народа (календарот на Маите и предвидувањата на Сумерите), а заговорниците на судниот ден толкувањето за тоа често го поврзуваат со најстарата позната цивилизација на оваа планета - цивилизацијата на Сумерите. Така, датумот 23.12. 2012 година е земен од светиот календар на Маите познат како „Цолкин“, а тоа се потврдува со катренот од Нострадамус: „Дваесет плус двапати по шест, ќе ги видат и среќни ќе го дочекаат знаењето од небото“. Овде толкувањето е едноставно, па така 20 и 2 х 6 = 2012, а стихот „знаењето од небото“ се толкува како планета. Маите во своите кодекси, од кои се останати само околу 200 листови, пишувале дека овој период е периодот на Петтото сонце, кое предизвика уништување со големи потреси на Земјата - вели Симјаноски.
Тој додава и дека уште е поинтересно да се види „Епот за постанокот“ од Сумерите во кој пишува дека луѓето на Земјата ги создале Анунаките - жители на дванаесеттата планета Нибиру, која на секои 3.600 години по многу издолжена елиса орбитира околу Сонцето. Сумерите оставиле записи и слики од кои се гледа дека неколку илјади години пред новата ера знаеле за девет планети од нашиот Сончев систем, а современиот свет го откри Плутон дури во 1930 година. Постојат податоци дека Нибиру ја уништила петтата планета во Сончевиот систем - Тијамат од која настанале Земјата и Месечината. Оваа теорија е научно прифатлива бидејќи, според законот на Јохан Елерт Боде, навистина недостига една планета во Сончевиот систем и на нејзиното место сега постои астероиден појас. - Наеднаш сето тоа било поврзано и со хипотезата за крајот на светот за во 2012 година, кога, поради навлегување на Нибиру во Сончевиот систем и големите потреси и разорувања што ќе настанат под дејство на гравитациските ефекти, Земјата ќе биде уништена - наведува тој.
Според него, денес постојат голем број научници што тврдат дека Нибиру од оваа година веќе ќе биде видлива и дека НАСА ја крие тајната за наближувањето на планетата што ќе предизвика уништување на Земјата.
Со актуелноста на катаклизмичните филмови и документарни емисии, како и необичното совпаѓање на најавите од древните цивилизации за судниот ден, 2012 година станува се поинтересна како година на апокалипсата. Сепак, Симјаноски наведува и дека во кодексите на Маите и во календарот „Цолкин“ никаде не пишува што ќе се биде кога ќе заврши циклусот од 5.125 години, кој почнал на 13.8. 3113 година пр.н.е. и кој се предвидува дека ќе заврши на 23 декември 2012 г. Постојат и други толкувања за тоа што ќе се случи на овој датум. Така, најдобриот познавач на календарот на Маите, доктор Карл Јохан Колеман од Светската здравствена организација во својата книга „Календарот на Маите“ пишува: „Календарот на Маите претставува некој вид упатство за еволуција на човечката свест и дава увид во новата наука за времето. Календарот е поврзан со 13 циклуси на создавањето и 13 неба, поврзани со девет подземни света. Сите тие циклуси ќе завршат на 23 декември 2012 година. Според некои толкувања на ‘Цолкинот‘, Големиот циклус треба да се сфати како духовно будење на човештвото, кога тоа ќе почне да живее во вистинска слобода, радост и мир“.
Стојмировски истакнува и дека овие теории не се темелат на цврсти научни факти.
- Ние многу малку знаеме за Маите, а тоа што го знаеме е толку фантастично што не може да се прифати како научен факт. Како е можно народ што не можел да ја увиди важноста на тркалото и кој при еден верски церемонијал жртвувал и по 80.000 луѓе, да прави пресметки за милиони години во иднината и во минатото - вели тој.
Стојмировски е еден од малиот број луѓе во Македонија што се занимаваат со оваа проблематика. Тој има напишано четири научнофантастични романи, педесетина раскази, пет радиодрами, десет документарни филмови, околу 20 фељтони и уште многу записи, предавања и радиоемисии и ТВ-емисии, а моментално ја доработува книгата за катаклизмите.
- Кај нас само двајца - тројца објавиле нешто на оваа тема иако постои голем интерес. Во една телевизиска емисија во која бев гостин се јавија дури стотина гледачи - вели тој. Крајот на светот е тема што се обработува во жанрот на научната фантастика, која денес е еднакво присутна во литературата и филмската индустрија. Одлуката дали да им се верува на древните предвидувања или не, останува на самите нас, меѓутоа, тоа, веројатно, треба да не направи свесни дека Земјата засега е наш единствен дом.

А.Б

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=6&tabid=1&EditionID=1937&ArticleID=133384

Интересен текст ... интересни размислувања ...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom