21.12.2012 (read only)

Статус
Затворена за нови мислења.
S

smart ass

Гостин
Која е разликата?
Знаеш џенерал,куцањето на тастатура троши енергија на организмот,истата можеме да ја мериме во грам/калории...ама не е важно.

Ај ќе ти објаснам.

Тајните информации се точни но јавноста нема пристап до нив.

А пак неофицијалните се непотврдени информации односно шпекулации.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.189
Поени од реакции
4.825
Да, ама многу од неофицијалните често се вистина...
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Да, ама многу од неофицијалните често се вистина...
Освен кога не се. Како полно од муабетиве на темава.

Мислам, многу е лесно да се провери секоја од претпоставките на оваа теорија на заговор, ама многу е поинтересно да се шпекулира за заверата, нели? Ако читнеш и ја дебанкираш, ќе мора да бараш друга да се фураш... Вака, бар ќе има за што да се дрви.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.189
Поени од реакции
4.825
Да, вака само ќе си нагаѓаш без врска а..........:tapp:
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Еве, баш да видиме што ќе донесат наредната година. Дали се тоа остатоци на планета, па да видиме дали мојата информација била точна. За Куперовиот Појас. А за Нибиру (или неговите остатоци) ќе треба малку повеќе да чекаме зошто е подалеку.
Како што напиша во претходните постови дека Нибиру била уништена пред 6 години дали тоа значи дека куперовиот појас е создаден од Нибиру или грешка сум те разбрал?
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.189
Поени од реакции
4.825
Како што напиша во претходните постови дека Нибиру била уништена пред 6 години дали тоа значи дека куперовиот појас е создаден од Нибиру или грешка сум те разбрал?
Куперовиот појас НЕ е создаден од Нибуру, (не знам од каде информациите дека е уништен, ама не е битно), туку тој постои уште од самото создавање на Сончевиот систем. Се проценува дека таму орбитираат огромен број комети кои може да се детектираат само кога ќе поминат во близина на Сонцето (релативна близина и до 15 астрономски единици), потоа таму постојат голем број астероиди а и планетоиди со орбита под голем агол во однос на планетите (пр. Плутон).
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Следна навреда и забегување = картонче со боја по моја желба.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Освен кога не се. Како полно од муабетиве на темава.

Мислам, многу е лесно да се провери секоја од претпоставките на оваа теорија на заговор, ама многу е поинтересно да се шпекулира за заверата, нели? Ако читнеш и ја дебанкираш, ќе мора да бараш друга да се фураш... Вака, бар ќе има за што да се дрви.
Место постојано да посочуваш што е точно а што не, можеш да образложиш и зошто, и кои се твоите ставови за Нибуру, 2012 итн.

И мислам дека убаво објаснив како "методот" на дебанкирање е неефикасен при образложување на зошто нешто е како што е, бидејќи се формираат разни т.н. заклучоци, и секој поединец бира кој му одговара највеќе. Исто и за тука. Ако Нибуру е дебанкиран, или предвидувањата за 2012, повели, сподели мислење и образложи, за тоа е темава.

Како што напиша во претходните постови дека Нибиру била уништена пред 6 години дали тоа значи дека куперовиот појас е создаден од Нибиру или грешка сум те разбрал?
Нибиру е уништен пред да влезе во доменот на нашиот Соларен Систем. Се смета дека најоддалечените делови на нашиот систем се телата кои го сочинуваат Оортовиот Облак кој делува како ирегуларна сфера која го обкружува нашиот систем. Најгуст дел е се разбира хоризонталниот. Затоа и се нарекува Оортов Екватор.

Да не образложувам многу да не го љутам Apokalipto, информациите за неговото уништување доаѓаат од две различни страни. Од една на луѓе кои наводно имале контакт со вонземјани, и од тајни извори од внатрешноста на НАСА, владини организации и подземни сектори. Бидејќи едната со другата страна немаат врска, нити се познаваат, дава поголем процент на вистина.

Се разбира, не е важно дали верувате, важното е што е 2009, има само уште 3 години до 2012, а Нибиру никој го нема забележано веќе 6 години, а треба веќе да се гледа и со голо око бидејќи ако брзината со која патува, траекторијата, и плус времето до кое треба веќе да е стигнат се точни, требаше да го гледаме блескав како златна наша Венера со оглед на тоа што дека е 7 пати поголем од Земјата.

Ако јас не сум во право, некој нека објасни зошто уште не го гледаме?

Инаку, да му одговорам на Phoenix - Си слушнал сигурно за војните на боговите кои ги има готово во секоја митологија, па дури и во библијата како Војна на Небото помеѓу Бог и Луцифер, така?

Замени ги боговите со вонзмејани и го добиваш сценариото. Наводно имало огромна војна порано во нашиот Соларен Систем (го нарекуваме наш, но дали е?) во која има учествувано и Нибуру како трета страна. За Нибуру и Анунаките имам подетално објаснето во мојот прв пост на оваа тема, за да не се повторувам, прочитајте го, па ако треба подетално објаснение, кажете ми. Поентата ми е, во тоа време Нашиот Сончев Систем имал три сонца (од кои две се "истрошени") и 14 планети. Една планета од крајот на нашиот систем е исфрлена надвор, а две се уништени. Двете уништени се познати кај некои како Тијамат и Малдек. Тијамат - карпест гигант, пет пати големината на Земјата и Малдек - ледена планета. Имало живот и на двете. Меркур е инаку поранешна месечина на Тијамат. Ова се случило во периодот кога Марс бил како Земјата а нашата планета обвиена со густа атмосфера од водена пареа која се наоѓала во првата орбита (каде што е сега Венера). Период кога живеат само алги и инсекти. (пред да ме оспорите, ова е излезено од архивите на НАСА за историјата на нашиот систем, сепак, не барам никој да верува, туку баравте појаснување на изворот на информации, па ете, да кажам).

Куперовиот појас НЕ е создаден од Нибуру, (не знам од каде информациите дека е уништен, ама не е битно), туку тој постои уште од самото создавање на Сончевиот систем. Се проценува дека таму орбитираат огромен број комети кои може да се детектираат само кога ќе поминат во близина на Сонцето (релативна близина и до 15 астрономски единици), потоа таму постојат голем број астероиди а и планетоиди со орбита под голем агол во однос на планетите (пр. Плутон).
Убаво објаснив зошто Куперовиот појас, одејќи по твојата теза, не е можно да биде само еден, и да е толку голем. По твојата теорија се раководам, не моја.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom