Кажи кое бело џуџе се гледа со голо око? Ова е ново, немам слушнато досега. Дај кажи кај можи да се види со голо око?
Зборуваме за неутронска ѕвезда што не се гледа ниту со телескоп (на видлива светлина) ниту со голо око.
А суперновата сигурно се случила пред многу години (милиони).
Можеби не со голо око, НО ... можат да се видат со обичен телескоп.
Сириус С, HD 49798, GJ 742, Кратон 720, PG 1159,40 Еридани Б (Која може да се види и со пософистициран двоглед, без користење било каков двоглед).
Кога луѓе како Х. Расел и Флеминг можеле да ги видат пред скоро цел век, не гледам како денес некој не би бил во можност да ги види (Макар со двоглед).
Неутронската ѕвезда има маса и до неколку пати поголема од нашето Сонце што значи има огромна гравитација (иако е толку мала) и можи околу нејзе да се вртат планети, астероиди итн.
Не викам дека не можат да имаат оска на ротација, ти кажувам поради радијација од неутрино честици, тие планети нема да бидат ништо освен камења, ако не и прав, зависи колку е силна неутронската ѕвезда. Гасни џинови би доживеале игнација и би станале деми-сонца. Невозможен е живот на самите планети, а да не збориме за живот НА нив.
Па нормално дека има орбита околу центарот! Ама не се движат сите ѕвезди како планетите во нашиот Сончев систем т.е се судираат влијаат едни на други!
Судири меѓу ѕвезди не можат да постојат, поради законите на гравитација. Најлошото сценарио, тие два система да се спојат во еден бинарен систем. Да, тоа ќе кошта една до две планети (а и не мора да значи), ама нема некои катастрофи што би уништиле се, не.
Грешка! Белото џуџе е ѕвезда што се гаси и полека ќе се претвори во неутронска ѕвезда или црна дупка.
..... Само 1% од белите џуџиња стануваат нестабилни црни дупки. Нестабилни во однос на животниот век.
Рзаговорот за ѕвезди и нивни остатоци во темата за
Астрономија, бар ќе ја живнете :smir:
Фала Apokalipto, и мислам дека човекот има право, скршнавме од темата ...
За да имаш супернова треба да биде звездата околу 30 пати поголема од сонцето т.е тоа се смета за некој минимум кој и исполнува услови за црна дупка.....
А спротивно,бело џуџе имаш кај цвездите налик нашето сонце.
Сите бели џуџиња не се резултат на Супернова. Неутронските ѕвезди го имаат тоа за услов. Инаку се очекува дури 98% од сите ѕвезди во Универзумот да станат бели џуџиња, по пат на супернова, или исфрлање на надворешните слоеви.