Фан Клуб: Манчестер Сити

Ф

Фил Ајви

Гостин
И armin06, кога Сити победува. За сите тројца важи ова.
А ти ако не изкењаш нешто на темава редовно не си жив, гледај си за Јунајтед и уживај на врвот додека можеш.

Инаку има зборувано Манчини за односите во тимот кои не се на највисоко ниво, зборува со сите и се труди да одржува добра атмосфера ама ете има моменти кога ни тој неможе да се контролира а не некој од играчите. Настрана тоа утре е важен дуел дали ќе се остане во трка за титулата или ќе мора да се задоволат со пласман во ЛШ, ги немаат победено топџиите на гостински терен 35 години.
 

Kostic

Sadio smokve oko Tadz Mahala
Член од
31 јули 2009
Мислења
9.856
Поени од реакции
5.611
Балотели е промашена инвестиција. Само е оверратед. Интер си направи добар бизнис од Балотели. Алооо толку пари за Балотели па од тоа што сум го гледал не вреди ни 50% од тоа што е платено за него . Инаку Тевез и Џеко да ги имаш напад, а крила Силва и Џонсон тогаш е ептен заебано. Во моментот Манчестер Сити го има најквалитетниот состав во Премиер Лига.
Да, али треба да имаш некој да го склопи тој состав. А Манчини не ми делува како таков. Што ќе ти е ферари кола без гуми, како ќе го возиш, ќе го гледаш ли само ? :))
 
В

Вори

Гостин
Џеко ќе биде најрпомашена инвестиција,бетер од Шевченко.Памтетеми го зборов :smir:
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.741
Поени од реакции
43.885
И armin06, кога Сити победува. За сите тројца важи ова.
аrmin06 веќе не постои.. Си го смени никот.. :)

И ај да не бидам офтопик, со среќа нека ви е утре, Х-че да извадите..
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
воу воу воу ман сити Џекио го земаат , пааа шо тактика ке измисли сеа Доктор Манчини ? со 4-5 напаѓачи?
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.773
Поени од реакции
3.849
Се разбира дека ке биде најпромашена инвестиција.

Клубот нема проект, нема цел, нема тренер, нема хармонија, нема баланс, нема лидер и најважно нема историја. Има само пари. И толку.

Тимот им е составен само од платеници. Доволен беше коментарот на Тевез дека е згрозен од се околу него. Вештачки сакаат да изградат тим. Тимот се гради многу повеке со мозок, него со пари.

Факт е дека таму нема ниту еден среќен фудбалер.

Жал ми е што Џеко ке биде еден од низата упропастени фудбалски таленти.
 

Me2

интериста
Член од
21 ноември 2009
Мислења
5.205
Поени од реакции
2.199
аrmin06 веќе не постои.. Си го смени никот.. :)

И ај да не бидам офтопик, со среќа нека ви е утре, Х-че да извадите..
Dr. Chase?
Он - Утре очекувам добра игра и 3 гола на Балотели :)
 

Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.933
Се разбира дека ке биде најпромашена инвестиција.

Клубот нема проект, нема цел, нема тренер, нема хармонија, нема баланс, нема лидер и најважно нема историја. Има само пари. И толку.

Тимот им е составен само од платеници. Доволен беше коментарот на Тевез дека е згрозен од се околу него. Вештачки сакаат да изградат тим. Тимот се гради многу повеке со мозок, него со пари.

Факт е дека таму нема ниту еден среќен фудбалер.

Жал ми е што Џеко ке биде еден од низата упропастени фудбалски таленти.
Де бе а на Челси што им фали...и тие беа како Сити пред неколку сезони па ете ги на врвот на светскиот фудбал.
 
В

Вори

Гостин
Истото ќе го снајде Челзи,ќе пропадне...нема историја,нема титули кај и да е колапс. :(
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.773
Поени од реакции
3.849
Тие во 2003 беа бетер. Фрлаа зилијарди за (полу) играчи што денес не им се знае трага. Мурињо е тој што ги извади на прав пат. Исто како Интер.

Ако продолжи со ваков терк Сити (а тешко дека ке продолжи пошто УЕФА ке го забрани тоа) тогаш баш и не ми се верува дека ке се догураат до светскиот фудбалски крем.
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.576
Поени од реакции
3.773
Џеко ќе биде најрпомашена инвестиција,бетер од Шевченко.Памтетеми го зборов :smir:
Баш ќе го памтам ова, затоа што сметам дека за жал Џеко ќе блесне во тандем со Тевез.

--- надополнето ---

Се разбира дека ке биде најпромашена инвестиција.

Клубот нема проект, нема цел, нема тренер, нема хармонија, нема баланс, нема лидер и најважно нема историја. Има само пари. И толку.

Тимот им е составен само од платеници. Доволен беше коментарот на Тевез дека е згрозен од се околу него. Вештачки сакаат да изградат тим. Тимот се гради многу повеке со мозок, него со пари.

Факт е дека таму нема ниту еден среќен фудбалер.

Жал ми е што Џеко ке биде еден од низата упропастени фудбалски таленти.
Ајде, ајде не драматизирајте и вие. Екипа се гради на два начина. Или на потешкиот, со носење на таленти каде што притоа треба да се има доста јак менаџер, школа и тренери, или пак на овој начин, со купување на играчи каде што треба да се донесе и добар тренер. Зошто упропастени фудбалски таленти ?

Харт, Гивен, Коларов, Компани, Туре, Ричардс, Боатенг, Лескот, Бриџ, Бојата, Џонсон, Силва, Бери, Милнер, Де Јонг, Виера, Туре, ШРФ, ако си идат Балотели и Адебојор пак нападот ќе им биде одличен со Тевез, Џеко, Санта Круз, Џо. Ако се носи уште некој, фали само еден креативец и да биде пресериозен кандидат за титула.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom