Зборот ми е за грев кој што како прво на самиот носител не му дава мир и спокој, бил тој свесен за тоа или не, па дури и навидум ужива во него
Се ќе се покаже кога тогаш.
Има една приказна за човек кој што бил директор на хуманитарна организација и во текот на својот живот помогнал на многу луѓе, и бил горд на себеси. Кога умрел стигнал во рајот и таму го сретнал својот внук кој поради сила на околностите порано го напуштил овој свет.
- Како си внуче? Како е овде во рајот? - го прашал дедото.
- Прекрасно е како што гледаш - радосно му одговорил внукот.
- Гледам дека се е многу убаво. А дали имате работа овде?
- Да, работа има за секого и секој го работи она што навистина го сака, со љубов.
- А дали имте директор, или некој надлежен кој надгледува?
- Не, бидејќи тука сите луѓе се исти, ниеден човек не е над другите.
- Како тоа сите исти? - се зачудил дедото. - Јас бев директор а тука да бидам обичен работник?
Внукот се збунил, а дедото откога малку подобро го разгледал рајот налутен излегол од него и отишол во пеколот каде што истотака портите биле секогаш отворени.
Не им е толку лесно на сите да бидат само „обични“ луѓе.