Според христијанството сите гревови можат да се простат освен овој. Хулата на Светиот дух не мора да биде искажана конкретно со зборови, туку со менталната состојбата на дотичниот човек. Тоа е состојба што е дефинирана како состојба на пекол, крајна апатија со бес и омраза, и према себеси и према другите и према Бога. Тој човек љубовта го прави уште пожесток и го исполнува со уште повеќе презир. Се што треба да направи е да се прифати себеси како обичен човек но тоа му е тешко, тежок удар врз гордоста му е, бидејќи силата и личноста си ја црпи од омразата. Значи, тој НЕ САКА да си прости, а не дека не може. Спасот му е на дофат но нему му изгледа подалеку од Месечината поради неговиот став. Така би ја дефинирал таа хула. Е сега, ме интересира мислење од многу порелигиозни (јас баш и не сум) дали е тоа така, или едноставно ако еднаш силно го проколне Светиот дух, кој што е срж на неговата и на сите души, повеќе нема покајание дури и стварно да сака.
Ова го најдов на angelfire -
„ Да похули некој на Исус Христос може лесно, од незнаење, можеби го слушнал ова име без разбирање
- На Св Дух може да хули човек што има целосно познавање на Св Писмо и целосно изумрена совест.
Таков човек во себе нема желба да се спаси, ниту сака другите луѓе да се спасат
Таков човек нема желба да му се простат гревовите.“