Вие како лик во роман

Давајте ликови и наслови луѓе :)
Еве јас би рекла Барбара од Љубовта на мојот живот поради борбеноста, одлучноста, посветеноста, пожртвуваноста.
У оваа доба не ми текнува некоја друга а и слабо памтам имиња...
 
Давајте ликови и наслови луѓе :)

Ликови? :)))

Епа јас би била Мехруниса од Дваесетата сопруга...затоа што владее со сопругот,затоа што владее со сите во дворецот,затоа што владее од зад превезот,затоа што доминира индиректно преку својот сопруг,но битно се е во нејзини раце...

Или пак наспроти ова, исто така би сакала да бидам и онаа сиромашната девојка од Злосторство и казна...не ми текнува како се викаше али онаа на крај што заврши со студентот...(тешки имиња се не ги помнам :)))
А не знам зашто сакам да сум таа...
 
Јас сакам да бидам Џиф, врапчето кое лета наназад од “Мие врапчетата“. :) Ми фали таа агилност денес, вчера, месецов, годинава која помина и доаѓа... Плус, сакам и јас да одам до месечината...
 
Ја би сакал да бидам Лелеавиот Орел од Гримус.
Он е бесмртен,чисто поради тоа.
А може и Зоки-Поки,он е многу кул дечко,иако не е експониран у нашата јавност.
 
Јас сакам да сум, мислам дека се викаше чичко Волчко, од романот на Симон Дракул- Белата долина, одамна сум ја читал, па така да не ми текнува на типот, ама дејствијата убаво ги памтам. Осамен живот во големата планина, сред милоста и немилоста на високите врвови и ѕверови што живеат таму.....
 
немам сретнато толку изгубен комплициран лик кој се обидува да излезе од хаосот што сам си го напраил... и толкав оптимист коа веќе ќе нема каде, значи е стегнат в ѕид в крај што се вика ликов глаечки в ѕид и го пробива ѕидот и излага од хаосот

ако има таков лик некаде дајте кажујте да прочитам книгата
 
Јас сакам да сум, мислам дека се викаше чичко Волчко, од романот на Симон Дракул- Белата долина, одамна сум ја читал, па така да не ми текнува на типот, ама дејствијата убаво ги памтам. Осамен живот во големата планина, сред милоста и немилоста на високите врвови и ѕверови што живеат таму.....

Змејко се вика типот. :)
 
Мајката на Демијан, во истоимениот роман, ја имам прочитано пред повеќе од година а книгата до ден денес ми е една од омилените, ја обожавам.
Таа е од оние ликови кои кога еднаш ќе ги запомните, повеќе не можете да ги заборавите, одликува се што јас сакам да бидам и се во што би сакала да се изградам.:pipi:
 
Vi gi preporacuvam knigite na Lav Tolstoj, "Krojcerovata sonata" i "Otec Sergej". Vo prvata pisuva za bolnata ljubomora, a vo vtorata za nagonskata sila na erotskata strast koja i pobozniot covek ne go ostava miren koga ke bide doveden vo blizina na strastnite iskusenija. Vo nea se raskazuva kolku e pobitno da mu se sluzi na Bog i na lugeto vo ovoj konkreten zivot, da ne se ita po svetovna slava i da se bide dosleden na duhovnata misija
 
Ликови? :)))

Епа јас би била Мехруниса од Дваесетата сопруга...затоа што владее со сопругот,затоа што владее со сите во дворецот,затоа што владее од зад превезот,затоа што доминира индиректно преку својот сопруг,но битно се е во нејзини раце...

Или пак наспроти ова, исто така би сакала да бидам и онаа сиромашната девојка од Злосторство и казна...не ми текнува како се викаше али онаа на крај што заврши со студентот...(тешки имиња се не ги помнам :)))
А не знам зашто сакам да сум таа...

Мислиш на Соња, таа го љубеше Раскољников и да, добар, пожртвуван лик. Иако и Дуњечка е еден од ликовите што многу ги сакам.

Јас моментално ја читам Празникот на розите - продолжението на Дванаесетата сопруга и да, Мехруниса знае што сака и како истото да го добие на суптилен начин.Поздрав
 
Да Соња...на неа мислев...фала... :)))

Празникот на розите според мене е далеку подобра од првиот дел... Одличен избор...
 
Хм, би бил протагонист во некое дело од Роберт Ладлам, многу авантура има. :)
Но, отсекогаш ми бил омилен лик Атос од „Тројцата мускетари“ на Дима. И Хобл Френк од „Богатството на сребреното езеро“ од Карл Мај, ми е еден од омилените ликови, како кои би сакал да бидам.
 
сакам да бидам главна јунакиња,која се бори со тешкото секојдневие,со многубројни проблеми,плаче,се разболува,сака да се убије,се сркава со преварантни луѓе,ја лажат,јаб тепаат,но се истрајува,и накрај го срекава принцот на бел коњ и ја спасува од злобните луѓе и си живееат срекно до крајот на животот:back:

а,некој конкретен лик,па иако беше одамна,во седмо одд,ми остави впечаток ликот на МАРТА,од истоимената книга,би сакала таа да бидам!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom