Замислете ваква ситуација:
Имате партнер со кого сте подолго време. Се почитувате, се сакате, ве врзувале и ве врзуваат многу убави моменти. Одлучувате дека тоа е човекот/жената на вашиот живот.
Наеднаш се случува нешто непредвидливо (пр.сообраќајна несреќа) и вашиот партнер станува инвалид. Значи, повеќе не е подвижен, животот понатаму треба да го продолжи во инвалидска количка и да се справува со сите непријатности што ги носи животот понатаму.
Освен физичкиот момент со кој што треба да се справува, тука би се појавил и психичкиот момент (како ќе ја прифати новата ситуација, колку ќе биде подготвен да ја издржи, колку ќе се измени психички, колку тоа ќе влијае на вашиот однос, и сл.).
Бидејќи претходно сте решиле дека тоа е личноста на вашиот живот дали оваа новонастаната ситуација ќе ви ја промени одлуката?
Ако одлучите да останете знаете или претпоставувате низ што се` треба да поминете.
Ако одлучите дека треба да се повлечете како понатаму ќе живеете со таква себична одлука?