Дали би останале со партнерот ако...

  • Креатор на темата Креатор на темата B. Boop
  • Време на започнување Време на започнување
Не те осудувам но ако постапиш на тој начин тогаш ти не си го сакал партнерот.Ако вистински го сакаш, како прво ќе немаш срце да го оставиш (не зборам во смисла дека ќе го сожалуваш).
Сега ќе ми кажеш од кај знам јас дали го сакаш партнерот или не.Добро, можеби го сакаш но штом таа љубов не е доволно силна за да се соочи со суровата реалност тогаш тоа не било вистинска љубов.(мразам да зборам за вистинска љубов пошо самиот поим љубов треба тоа и да претставува но понекогаш мора :))

Секој што ја почувствувал љубовта во вистинската смисла на зборот...без двоумење би останал со партнерот.Зарем не треба да има поддршка од страна на партнерите(меѓу останатото).


Сум ја почуствувал таа можеби за мене прва и последна вистинска љубов со една особа , беше убава но истовремено и болна, затоа и го проследи својот крај, да беше болно и језиво, но искрено кажувам, колку и да го сакам партнерот почитувам , со чуство за помош и грижа , свесно или несвесно, јас не би продолжил понатака, не би останал :(
 
Секако дека ќе останам со него и во тешката ситуација. Кога сум со некој, тоа е затоа што го сакам. Штом го сакам со него сум и во добро и во лошо. Нема сигурно во моменти кога ќе сум му најпотребна да избегам. Што ако ние некогаш се најдеме во таква ситуација, покрај се лошо и партнерот да не остави?
Што се однесува до врската, сигурно сето тоа ќе влијае на нашиот однос, во почетокот додека да се прифатат некои работи од страна на партнерот, но јас затоа и ќе сум со него, да му помогнам да го надмине тоа најлесно што може.
 
колку и да го сакам партнерот почитувам , со чуство за помош и грижа , свесно или несвесно, јас не би продолжил понатака, не би останал :(

Ме интересира зошто ?
Што е тоа што не ти дозволува да останеш со партнерот после таква несреќа?

И уште нешто.
Како ќе се чувствуваш кога ќе бидеш далеку од партнерот а знаеш дека нему му е многу тешко да продолжи понатаму со животот, т.е. нема никаква мотивација, нема никаква надеж...Зарем не би посакал да бидеш покрај него и да го бодриш? Или мислиш дека за такво нешто потребно е да бидеш многу силен а ти не си толку?

Љубовта (треба да) е безусловна.
 
па доколку сум сигурен дека таа е она вистинското ДА!зошто да не!животот не носи само убави работи!а тоа може да се случи на секого!можело да ми се случи и мене!
љубовта треба да биде безусловна!браво девојко над мене!
 
Ме интересира зошто ?
Што е тоа што не ти дозволува да останеш со партнерот после таква несреќа?

И уште нешто.
Како ќе се чувствуваш кога ќе бидеш далеку од партнерот а знаеш дека нему му е многу тешко да продолжи понатаму со животот, т.е. нема никаква мотивација, нема никаква надеж...Зарем не би посакал да бидеш покрај него и да го бодриш? Или мислиш дека за такво нешто потребно е да бидеш многу силен а ти не си толку?

Љубовта (треба да) е безусловна.

Опасно е да не премине љубовта во сожалување.Во прво време сите би останале,но мислам дека скорпио зборува за понатаму.Јас искрено немам одговор на ова прашање за иднина.Во прво време Да би останала со цела љубов,за понатаму незнам.
Недај боже да ми случи.
 
Пола саат буљам у екран и незнам шо да напишам. Од сегашен аспект дефинитивно ќе останам , ама недај боже се деси нешо лошо незанам како ќе размислувам , незнам како би се чувствувал?????? Али мене да ми се случи некоја несреќа јас нема да и дозволам на девојка ми да е покрај мене. Не за друго туку зашто сакам да е среќна , а јас веќе нема да можам да и ја дадам целата среќа шо ја заслужува.

АЈДЕ НЕКОЈА ПОВЕДРА ТЕМА!!!ПЛС
 
љубовта не може да прејде во сожалување!тоа сигурно!работата е колку сме себични и што бараме понатаму од животот!
 
љубовта не може да прејде во сожалување!тоа сигурно!работата е колку сме себични и што бараме понатаму од животот!


Не сум убедена дека неможе.Напротив сметам дека може,се случува и во подолги врски,а не пак во вакви ситуации.
 
Не сум убедена дека неможе.Напротив сметам дека може,се случува и во подолги врски,а не пак во вакви ситуации.
ок!кога ќе подразмислам!можеби си во право!па затоа се повлекувам!:helou:
сепак останувам на ставот дека би останал со жената на мојот живот,од проста причина дека таа е она што сум го сакал!
поздрав до тебе leandra!:smir:
 
Нормално е првата реакција на ова да биде дека ќе се остане со партнерот. Луѓе сме, а една од особините ни е хуманост, па не би оставиле ни човек на улица кога сме му потребни, камо ли некој кој ни е се` во животот.
Но, колку од нас знаат каков е животот на тие лица? Кои се нивните потреби и желби? Како се негуваат и колку чини негата и грижата за нив? Каде е финанскискиот момент овде кога ќе бидете оставени сами на себе да заработувате, не сметајќи на бедната помош од државата наменета за инвалидни лица?
Колку чини нивната социјализација пресметана во време и нервози? Колку ќе ве чини вашето разочарување и фрустрација кога нема да можете да му помогнете и покрај тоа што сте го дале максимумот?
 
Чекај малку, кога се пристапува во брачна заедница, те прашуваат ако е чиста љубовта меѓу двајцата дали би останале и во лошо и во добро, и во сиромаштија и во богатство со него/нејзе... ти што викаш, паа ако се деси нешто нема така... ако се работи за чиста љубов, само ради неа би останал со таков партнер, плус тоа што има врска ако тој е инвалид... физичката состојба се променува со текот на времето, али поминатите работи заедно и карактерот секогаш останува тука присутен и не се менува!!! Човек треба да се цени и види по неговиот карактер, а не по физичката способност или углед... тие работи се минливи со тек на време, али карактерот никогаш нема да се смени!!!
Јас радо би останал со таков човек доколку имам чиста љубов кон неа!!!

точно така
што ако сте веќе во брак и таа несреќа се случи после тоа? што ќе направите, едноставно ќе свртите грб и ќе си заминете?
Ако за некого сум решила дека со него ќе бидам цел живот тогаш не ми значи физичкото апсолутно ништо, со тој човек ќе бидам заедно без разлика на се
 
Ako veke sum odluchil deka taa e licnosta na mojot zivot, nisto poveke nema da bide bitno! Sto i da se sluchi, ke bidam tamu za nea, zosto eve ajde zamislete na vas da vi se sluchi nekoja nesreka, nedaj boze, kako ke sakate ona da izreagira, da ve ostavi??? ke se prashame.....

of topik: kaj e emotikonot samoubiec???? ili ja tripam neshto???
 
Леле се наежив целата. Па нормално дека и по таква ситуација јас ќе останам со него и тој сеуште ќе биде човекот на мојот живот. Сеуште ќе сум лудо вљубена во него и ќе му ја пружам целата подршка на овој свет бидејќи тогаш би му била попотребна повеќе од било кога.
Ако таа љубов била вистинска, што и да се случи нема да постои разделба!!!
 
Ако е таа личноста на мојот живот секако дека ќе останам.Бидејќи љубовта не е само во добро туку и во зло.Но серазбира предходно треба да размислиш дали и колку ја сакаш таа личност,и да бидеш свесен за последиците.Ако сакаш некоја личност ништо не треба да е препрека.
 
Definitivno bi ostanal,nekoi moze ke recat taka samo zborime ama ja mislam deka ne e taka,ako ja ostavam,cel zivot ke mislam kolku i e tesko i kolku e osamena a predhodno bila vesela,100% sum siguren deka ke ostanam.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom