најдобра препорака е ако не ти оди математика да не одиш на економски.[zEUs];2025398 напиша:Знам дека има свегде, ама барам што е можно помалце да има...
- А и мене највише тоа ме привлекуе Економија ама зш мислиш дека нема иднина со тој факултет.
Економија суштински се заснова на математика, и статистика.
На смерот економија, не е точно дека нема математика. Таму, имаш стандарна математика која ја полагаат сите смерови само под друго име, имаш статистичка анализа што е исто така слично на Статисика за бизнис. И таму во четврта имаш предмет што го нема на другите а тоа е Економетрија што е како продолжение на статистика. Понатаму, повеќето предмети (Микроекономија, Макроекономија на пр. - мислам на напредните, не тие од таќи) се засновани на математички модели.
Смерот екномија погрешно е именуван. Порано се викал Макроекономија, што значи тие што ќе дипломираат можат да работат во државни институции, народна банка итн итн. Исто вакви места - ама само за салам добрите - има и во банки и други приватни фирми од поголем калибар каде што му требаат макроекономски анализ. (пр. пензиски фондови имаат оддел за макроекономско моделирање)
Менаџмент смерот е скоро цел бубање, ама и тука не е скрос баталена математиката. Во четврта имаат Наука за менаџмент, што е скоро све од математика (симулации, веројатност итн).
Сметководство и ревизија можеби имаат најмногу математика.
Финансиски менаџмент, исто така.
Надворешна трговија, нема многу математика. Јас сум на тој смер, и да знаев дека олку сиромашен ќе биди со математика немаше да се запишам. (макар како што кажав едно ниво на математика е во секој предмет присутно - тоа е основна математика, и понатамошна примена пример во Финансиски менаџмент)
маркетинг има, со овој смер не сум баш запознат затоа не знам најточно да кажам. ама сигурно има добар дел математички предмети + основна математика.
ебизнис еве мац нека ти кажи....
Сума сумарум, ако сакаш да се завршиш, уште повеќе да се вработиш, одредено ниво на математика мора да се знае - колку повисоко ниво, толку поголеми можности имаш за вработување и за висока плата. Т.е колку подобар математичар толку подобар економист.
Овде мислам пред се на вработување на место каде што работат прави екномисти, оти има мноооооогу места што ги држат економисти - формално, кои прво појма немаат од економија, второ нема никаква потреба да знаат било што од економија оти работата што ја работат нема врска со економија. Ова се чисто технички работи кои може да ги работи било кој со средно или виша економска. пр. шалтер во банка ( и многу други позиции во една банка)