еве што е целта на албанците....ова го знаева и врапчињата на гранките...ама за жал некој се правеа будали.....тргна планот за ГОЛЕМА АЛБАНИЈА
Самоопределување: Косово да се обедини со Албанија
Косовското движење Самоопределување го отфрла планот за контролирана независност и го гледа Косово како дел од Албанија. Вака рекол еден од лидерите на движењето Висар Имери за полскиот весник “Газета Виборча“.
“Се противиме на сите отстапки спрема Србија, кои ги направија нашите власти. Планот за контролирана независност не води во погрешна насока, зашто ја дели државата меѓу Албанците и Србите, како што тоа стана во Босна“, рекол Имери.
Според него тоа е стимул за нова војна, а единствениот начин да се избегнат немирите на Балканот е да се направат три еднакво силни држави, албанска, српска и грчка.
“Секоја од тие држави, ако започне војна, ќе знае дека ќе ја чини скапо“, посочил Имери.
Самоопределување бара од косовките власти да спроведат референдум за присоединување на Косово кон Албанија, кога станува збор за еден народ, а тоа било корисно и за економијата и безбедноста на Косово.
“Ние не сакаме Голема Албанија, туку само Албанија , во која ќе живее нашиот народ. Албанците не окупираат туѓи територии, туку сакаат да ги обединат земјие во кои живеат. За разлика од концептот за обединета Албанија, Голема Грција и Голема Србија опфаќаа територии, кои никогаш не биле грчки или српски, туку само колонизирани“, рекол Имери.
Автор на веста: Нетпрес