Николо Макијавели

badluckguy

Оган под ѕвездите
Член од
8 октомври 2007
Мислења
2.925
Поени од реакции
131
Go imam doma "Vladetelot"...
Do perfekcija razgloben sekoj vid na politika koj se praktikuva do den denes.
 
demmian

Попиванов
Член од
9 јули 2008
Мислења
1.613
Поени од реакции
53
Макијавелизмот и во денешни времиња е најдобриот начин да постигнеш некаква цел во животот.Едноставно газиш преку трупови и просперираш.Ама ако излезат многу макијавелисти,пак кој ќе ги трае,ќе започнат трета светска,која никогаш нема да заврши.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413

Грешка си, макијавелизмот не пропагира газење преку трупови во животот, туку во политиката.
Покрај се, пак не си во право, зашто никогаш никаде не е спомнато дека треба да се гази преку трупови.
Макијавелизмот во денешно време е извртен, изопачен и злоупотребен.
 
demmian

Попиванов
Член од
9 јули 2008
Мислења
1.613
Поени од реакции
53
Макијавелизмот во денешно време е извртен,изопачен и злоупотребен.
Џек-пот.Сентенцијата,,ЦЕЛТА ГИ ОПРАВДУВА СРЕДСТВАТА,,многумина ја интерпретираат во негатива и што е најтрагично и најжално дури и се водат од неа во текот на животот.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Џек-пот.Сентенцијата,,ЦЕЛТА ГИ ОПРАВДУВА СРЕДСТВАТА,,многумина ја интерпретираат во негатива и што е најтрагично и најжално дури и се водат од неа во текот на животот.
Точно.
А за да биде уште потрагично и пожално,95 % од нив воопшто го немаат читано Макијавели.Бидејќи,ако го читале - ќе знаеле дека Макијавели никогаш ја нема напишано,ниту пак изговорено таа реченица.:smir:
 
demmian

Попиванов
Член од
9 јули 2008
Мислења
1.613
Поени од реакции
53
Точно.
А за да биде уште потрагично и пожално,95 % од нив воопшто го немаат читано Макијавели.Бидејќи,ако го читале - ќе знаеле дека Макијавели никогаш ја нема напишано,ниту пак изговорено таа реченица.:smir:
Малкумина знаат за ова,признавам,ама токму таа сентенција му беше припишана токму нему и тоа во глобала го знаат огромен процент од луѓето.Така да генералната претстава на луѓето дека ова Макијавели не го кажал тешко дека ќе можеш да ја измениш,дури и кај тие кои имаат завршено специјалност филозофија,а кои само површински го обработувале Макијавели.:smir:
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Малкумина знаат за ова,признавам,ама токму таа сентенција му беше припишана токму нему и тоа во глобала го знаат огромен процент од луѓето.Така да генералната претстава на луѓето дека ова Макијавели не го кажал тешко дека ќе можеш да ја измениш,дури и кај тие кои имаат завршено специјалност филозофија,а кои само површински го обработувале Макијавели.:smir:
Ама нема што јас да изменувам.:)
Секој човек кој ќе го прочита “Владетелот“ или “Разгледи за првите десет книгi на Тит Ливиј“,ќе воочи дека изреката ја нема,ниту некаде се спомнува “Целта ги оправдува средствата“.
Како што реков во првиот пост од темава,

Добро познатата изрека „Целта ги оправдува средствата“ која му се припишува нему,иако никогаш го нема кажано тоа,меѓутоа неговото учење т.е размислување води кон тоа.Прв кој ја кажал таа изрека всушност бил шпанскиот езуит - Де Ескобар.
 
Член од
5 мај 2005
Мислења
4.454
Поени од реакции
178
Ама нема што јас да изменувам.:)
Секој човек кој ќе го прочита “Владетелот“ или “Разгледи за првите десет книгi на Тит Ливиј“,ќе воочи дека изреката ја нема,ниту некаде се спомнува “Целта ги оправдува средствата“.
Како што реков во првиот пост од темава,

Само две книги има Макиавели? Изреката ја нема во Владетелот, но можеби ја има во некоја друга книга негова..Можеби и навистина ја нема запишано во НИЕДНА книга (од неколкуте а не само две) тогаш би било чудно како изреката е цитирана како негов израз...од неколку различни луѓе.

Ми се допаѓа Макиавели како филозоф и како начин на размислување, само што денеска луѓето или не читаат како што треба, или па не разбираат.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Само две книги има Макиавели? Изреката ја нема во Владетелот, но можеби ја има во некоја друга книга негова..Можеби и навистина ја нема запишано во НИЕДНА книга (од неколкуте а не само две) тогаш би било чудно како изреката е цитирана како негов израз...од неколку различни луѓе.
Тие се неговите најпознати и најбитни дела.

Како и да е, Макијавели НИКОГАШ нема изјавено, ниту пак напишано - Целта ги оправдува средствата, Факт е дека подоцна неговата филозофија е превртена и злоупотребена од моќниците.

Инаку за да биде посмешно, еден наш политичар еднаш изјави :... како што кажал Макијавели: Целта ги оправдува средствата.

Ми се допаѓа Макиавели како филозоф и како начин на размислување, само што денеска луѓето или не читаат како што треба, или па не разбираат.
Повеќе би рекла дека не читаат како што треба, а би рекла и дека воопшто не читаат, туку само ја кажуваат изреката, која не е ни негова и мислат тоа е суштината на Макијавели.
 
demmian

Попиванов
Член од
9 јули 2008
Мислења
1.613
Поени од реакции
53
Тие се неговите најпознати и најбитни дела.

Како и да е,Макијавели НИКОГАШ нема изјавено,ниту пак напишано - Целта ги оправдува средствата и дека подоцна неговата филозофија е превртена и злоупотребена од моќниците.

Инаку за да биде посмешно еден наш политичар еднаш изјави :... како што кажал Макијавели :Целта ги оправдува средствата.

Повеќе би рекла дека не читаат како што треба,а би рекла и дека воопшто не читаат,туку само ја кажуваат изреката,која не е ни негова и мислат тоа е суштината на Макијавели.
Душо,кажи му ја таа сентенција на кој било човек,па дури и да има високо образование,магистратура,докторирано
и не знам уште што и ќе видиш дека секој таа изрека му ја припишува на Макијавели.Иако мојата специјалност спаѓаше под Филозофски факултет(сепак не бев специјалност филозофија)признавам дека многу малку го обработувавме Макијавели,меѓутоа Макијавелизмот асоцира токму на оваа изрека,иако таа му е припишана(во моментов)на некојси де Ескобар.Врати се малку ако си во можност и на старите учебници по филозофија кои се употребуваа во средното образование и ќе видиш дека во ниту една лекција за Макијавели не е потенцирано дека тој никогаш не ја кажал таа мисла.:smir:
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.865
Поени од реакции
22.922
му ја имам прочитано само владетел прекрасна книга
 
Златен, многу добро знам дека во книгите и учебниците му се припишува нему таа изрека, ама факт е дека он тоа го НЕМА напишано, ниту кажано.

Нашите учебници се уште по комунистички терк, многу работи нема.

А ако учебниците и книгите (особено па кога се работи за македонските) кажуваат дека Макијавели ја има кажано таа реченица, не значи дека се во право. Всушност воопшто не се во право.
Оди на некој докажан, познат и паметен политолог кажи му дека Макијавели кажал “Целта ги оправдува средствата„ - ќе ти се изнасмее во лице.

Тоа што му ја припишуваат изреката, не значи дека он ја кажал!
Имаш јасни докази дека не ја кажал он!
Прочитај му ги книгите и доволно ќе биде да сфатиш.
 
Bada Bing!

шшшшшш
Член од
14 јули 2006
Мислења
2.671
Поени од реакции
114
Aман се фативте на реченица која се цитира во книги за самопомош.
Чива и да е, а и каква и да е реченица не може да се сумира никакво учење во пет ебани збора, макар биле и најдобрите пет збора на светот.

Дај нешто поесенцијално спомнете за типот. :pipi:
 
Член од
9 септември 2008
Мислења
115
Поени од реакции
13
Грешка си,макијавелизмот не пропагира газење преку трупови во животот,туку во политиката.
Покрај се,пак не си во право,зашто никогаш никаде не е спомнато дека треба да се гази преку трупови.
Макијавелизмот во денешно време е извртен,изопачен и злоупотребен.
Значи им препорачувам на сите што го имаат истото мислење дека макијавелизмот е погрешно сфатен во денешно време, да ја прочитаат или барем да се информираат за книгата "Лукреција Борџија". Колку за почетен податок, Лукреција е ќерка на папата Александар VI, чиј современик, куќен пријател и личен советник е самиот Николо Макијавели. Погледнете го неговиот живот и кажете ми после според чија идеологија се водел во животот. Дали жртвувањето на семејството не се поклопува со тезата -целта ги оправдува средствата?
 
Член од
18 ноември 2007
Мислења
609
Поени од реакции
41
Учењето на Макијавели го применуваат тие кои сакаат да си ги оправдаат своите егоистични потези јас се сложувам со ада дека не можеме да ги двоиме политиката и обичниот живот . Тие кој го применуваат тоа правило во политиката не се снебуваат да го употребат и во секојдневието ,само се пражувам зошто им е потребен Макијавели бидејки тие и без него се бескурпулозни.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom