Душо,кажи му ја таа сентенција на кој било човек,па дури и да има високо образование,магистратура,докторирано
и не знам уште што и ќе видиш дека секој таа изрека му ја припишува на Макијавели.Иако мојата специјалност спаѓаше под Филозофски факултет(сепак не бев специјалност филозофија)признавам дека многу малку го обработувавме Макијавели,меѓутоа Макијавелизмот асоцира токму на оваа изрека,иако таа му е припишана(во моментов)на некојси де Ескобар.Врати се малку ако си во можност и на старите учебници по филозофија кои се употребуваа во средното образование и ќе видиш дека во ниту една лекција за Макијавели не е потенцирано дека тој никогаш не ја кажал таа мисла.:smir:
Златен, многу добро знам дека во книгите и учебниците
му се припишува нему таа изрека, ама факт е дека он тоа го НЕМА напишано, ниту кажано.
Нашите учебници се уште по комунистички терк, многу работи нема.
А ако учебниците и книгите (особено па кога се работи за македонските) кажуваат дека Макијавели ја има кажано таа реченица, не значи дека се во право. Всушност воопшто не се во право.
Оди на некој докажан, познат и паметен политолог кажи му дека Макијавели кажал “Целта ги оправдува средствата„ - ќе ти се изнасмее во лице.
Тоа што му ја припишуваат изреката, не значи дека он ја кажал!
Имаш јасни докази дека не ја кажал он!
Прочитај му ги книгите и доволно ќе биде да сфатиш.