Неверојатно е што се случува со играчите на Депортиво. И таман мислев лесно ќе обезбедиме опстанок, пак се исповредија уште сто играчи. Па на еден тренинг, имаме по просек еден повреден :pop:
Најпрвин докторите заклучија дека Рики ќе биде аут еден месец :pop: Нова голема и долга повреда за Рики. Човече, не изигра ни 4 меча севкупно, а сто пати се повреди. И како после да се спасиме, кога најдобриот стрелец го бие тежок малер...
Не е сјајна ниту ситуацијата на Гвардадо. Не е повреден, но и не е доволно подготвен за да изигра цел меч. Сеуште ги влече повредите поради кои нема ни тој севкупно ни 6 меча изиграно оваа сезона...
Следен на листата е Лауре. нашиот најдобар играч во последните неколку м,еча, заработил мала повреда која најверојатно ќе го оддалечи од мечот со Еспањол. Депортиво го нема ниту вториот десен бек Мануел Пабло кој е аут веќе две-три недели и можеби ќе се врати следното коло со Леванте дома. И третиот десен бек, младинецот Сеоане е истотака одамна повреден...
Но тоа не е се... денеска на тренинг се повреди и левиот бек Морел :nesvest: и најверојатно и он ќе го пропушти мечот со Еспањол и практично остануваме БЕЗ НИТУ ЕДЕН СТРАНИЧЕН БЕК. Ситуацијата во дефанзивата е очајна. Колото доби суспензија, но се враќа Лопо. Добро е што Ајтами полека закрепнал од настинките и проливот

и е подготвен да игра во недела. Но нивната замена Зе Кастро денес на тренинг заработил повреда поради која нема да игра во недела....
Значи од 9 дефанзивци дури 6 се аут :nesvest:
НЕВОЗМОЖНО!!!!
Ќе мора да се комбинира некако, или па да се молиме дека Лауре и Морел ќе оздрават до недела

Ако не ќе игра Рочела на десно (природна позиција централен бек), а лево ќе мора да игра Десмаретс

Повредите не завршуваат тука...
Антонио Томас е истотака неизвесен за наредниов меч, и можно е да го пропушти. Суспендиран е нашиот најдобар пивот Перез, па Лотина ќе мора нешто да менува или па ќе излезе со Родригез во тој дел од теренот, а друштво ќе му прави Жука (мада незнам ни дали и он е фит да игра...). Во средината долга повреда има Валерон, и тој е аут. Фит се сите други...
Во нападот освен Рики ќе го нема ниту Циско, па единствени напаѓачи се Адријан и Сенд. Истоака во последен момент може да се приклучи и Ласад кој заработи повреда во минатиот дуел и е истотака незивесен.
Да сумирам кој ќе фалат или се незивесни против Еспањол...
Зе Кастро (централен дефанзивец,повреда)
Мануел Пабло(десен бек,повреда)
Лауре(десен бек, повреден но можно е и да заигра...)
Морел(лев бек, повреден со мали шанси да се опорави)
Сеоане(десен бек,повреден)
Колото(централен дефанзивец,суспензија)
Рубен Перез(пивот, суеспензија)
Антонио Томас(пивот, повреден со мали шанси за настап)
Гвардадо (лево крило, мала повреда но има шанси да игра)
Рики(напаѓач, повреден)
Валерон(средина,повреден)
Циско(напаѓач, повреден)
Ласад(напаѓач,повреден но можно е и да заигра).
Не е долга листата, идеме на победа
