http://www.deportivo-la-coruna.com/n-news.php?cid=3528
Еве ти ова е најново околу финансиите и плановите на намалување на глобалниот долг, со тоа што во наредните сезони буџетот на клубот постепено и постепено ќе се намалува се дури не дојдое до 40 милиони во сезоната 2015/16 во која се очекува Шпанските екипи да земаат еднакви средства од ТВ правата а не како што е случајот досега...
Долговите настанаа поради тоа што Депоетиво во тие години земаше огромни средства (кредити) од банките во Шпанија, а сега тие средства неможе да ги врати. најголем удар за депортиво беше прекинувањето на стандардното учество во ЛШ...
Депортиво никогаш немал ѕвезди во својот тим. Никогаш не купувал играчи кои се веќе ѕвезди. Затоа е и тимот кој највеќе го обожувам од странство

Ваква криза ги стигна сите екипи кои во тоа време лапаа многу пари се со цел да дојдат до големи успеси. Во Италија истата работа им се случи на Лазио, Парма и Фиорентина. Сите три екипи кон крајот на 90-тите оравеа лом низ Европа благодарение на огромните кредити кои ги зимаа од банките. После ги стресе страшна криза. Знаеш се менува времето, се менуваа законите во странските држави, глобални финансиски кризи и тимовите дојдоа на бакрот дереџе. Најмногу наеба Фиорентина која прогласи банкрот. Потоа Парма изнашитна се и веќе никогаш нема да значи нешто во Италијанскиот фудбал. Лацио остана најстабилен иако многу падна оттогаш...
Но сите овие екипи имаа играчи кои можеа да ги продадат за голема сума од над 20 милиони (Верон, Буфон, Креспо, Канаваро и ред други...) па успеаа брзо да излезат од кризите.
депортиво реално и немаше што многу да понуди на пазарот. Плус голем проблем е што Депортиво доаѓа од мал град, и нема некој што сака да инвестира таму. Нема некои јаки спонзори, кои би можеле лесно да подмират вакви долгови...
Откако тимот веќе почна да тоне по табелите и сите коии значеа нешто во тимот полека почнаа да си одат, се почна со нова политика, односно нова ера во тимот, од СуперДепор се прејде на проектот БејбиДепор.
Поентата беше постепено да се намалува буџетот на клубот. Да не се трошат пари на играчи, за што е можно побрзо да се намали долгот. Засега дпбро оди, со оглед на тоа какви играчи има клубот. Лека полека почнаа да се развиваат и младите школи и да ги поокриваат празнините на клубот. Реално е дека додека овие долгови не ги исплатиме Депортиво нема да види некој играч од појака класа. Единствени посилни засилувцања кои мопже да си ги дозовли Депор се подобрите играчи од Сегунда... или пак позајмици на играчи кои се вишок во подобрите прволигашки тимови...
Успех за Депорр ќе биде ако биде во истава лига после 5 години. Е тогаш ќе се почне со нов проект, и враќањето на старата слава.
Добро е што веќе немаме долгови кон другие клубови. А уште подобро што некои клубови сеуште ни должат на нас. Така уште чекаме пари за Лафита од Сарагоса, исто како и процентот што требаше да го добиеме од Сантандер за Серхио Каналес.
Во наредниве недели се очекува тужба против овие два тима.
Сарагоса е исто една од екипите која во периодот кога газеше Депор, заедно со Селта земаше доста средства од банките. Они не беа толку успешни како нас, па сега се во тешка криза. Селта ја надмина кризата, но тоа допрва ќе ја удри Сарагоса.
Според последните шпекулации Сарагоса е пред банкрот...
Ако отпаднат тешко дека некогаш ќе се вратат назад и многу веројатно дека ќе ја доживеат судбината на Овиедо, Алавез, Компостела и ред други екипи...
А истото ќе го снајде и Депор ако испадне во овие неколку наредни години:pop: