Лауре растура. Уан мен шоу у пички материну. Се бори за секоја топка, трча насекаде, штета што слабо центрира. Аман бе, од толку корнери и слободни ниедна добро не ја уфрлија. Гвардадо лошо го изигра првиов дел, т.е. и целосно како екипа изигравме онака просечно. Осасуна добро почна, али не спаси Дани, а сега воспоставивме контрола на играта, штета што центар шутевите се очајни. Време е за Рики, и малку игра по земја...
--- надополнето ---
Ајде, ајде уште еден среќен меч за нас, и голем поен од опасното гостување во Памплона.
Мајстори сме за умртвување на утакмициве

Осасуна-Депортиво 0-0 :icon_mrgr
Уште еден меч во кој бевме дефанзивно ориентирани. Не се бунам... Целта беше да се освои бод, и успеавме. Ако загубевме ондак ќе бевме скоро во последните 3 екипи

Не дека вака не сме...
После вечерашниве утакмци калакурница во долниот дел од табелата.
12.Расинг 29 поени (меч помалку)
13.Леванте 28 поени
14.Депортиво 28 поени
15.Сарагоса 27 поени
16.Осасуна 27 поени
17.Херкулес 26 поени
18.Спортинг Хихон 25 поени
19.Малага 23 поени (меч помалку)
20.Алмерија 21 поен (меч помалку)
Малага утре гостува кај Реал и МОРА да загуби. Исто играат и Алмерија и Расинг и ни пдгпвара победа на домашниот Расинг.
Конечно излеговме од периодот претешки мечеви, и поминавме одлично. Освен од Сарагоса со другите конкуренти ремизиравме и тоа на нивни терен, освен од Валенсија и Барса, со другите три гиганти Реал, Севиља, Виљареал освоивме 5 бода. Падна и Билбао и тоа на гости, а разочарување беше само мечот со Гетафе (4-1 го загубивме). Сега е период во кој имаме мечеви во кој МОРА да освојуваме бодови.
Денеска покажавме одлична игра во одбрана. Само ми се потврди фактот дека Осасуна покрај нас има најслаб напад

Скоро и они да не правеа шанси, иако за разлика од првиот дел имаа голем посед на топката, особено по излегувањето на Гвардадо. Откако влезе Рики, имавме две солидни шанси, откако нашиот единствен напаѓач се избори за две солидни позиции после две контри но ана два пати биеше непрецизно.
Како и со Реал, концентрацијата падна во последните 10 минути. Најпрвин Аранзубиа имаше брилијантна одбрана. Потоа најголемата шанса за Осасуна, налик на онаа на Роналдо од саботата. Очи во очи со Дани, нашиот голман малку ја чепна топката, доволно за таа да заврши во нашиот најдобар другар, стативата

Следната минута уште една голема шанса по центаршут за Осасуна, но се спасивме.
ГОЛЕМ БОД, но играта загрижува. Ипак нека се враќа лека - полека Гвардадо во фрома, па ќе се искомбинира нешто подобро. Морел се поправи во вториот дел, ама против екипи со побрзи крила тешко нас.
Сепак ги имавме Лопо и Колото, столбовите во одбраната, но овој тандем нема да настапи заедно против Сосиедад во можеби клучниот меч, пошто Лопо мислам дека го надмина лимитот за жолти картони и е суспендиран за недела...
Уште еднаш, Аранзубиа ЦАР
