ВЛОЖИ ВО СВОЕТО ОБРАЗОВАНИЕ! - Нова кампања на Владата

badluckguy

Оган под ѕвездите
Член од
8 октомври 2007
Мислења
2.925
Поени од реакции
131
Da treba da se namali brojot na lugjeto koi se be visoko obrazovanie,no,TREBA REFORMA VO OBRAZOVANIETO!!!!
 
Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.586
А не би било лошо и некоја степендија за надвор да дадат, нема да им се исцица буџетот.
На оние кои планираат да одат во странство (пример, мене:)) многу ќе ни значи и некоја мала, симболична сума, макар и да не е доволна за да јадам таму. Чисто помислата дека зад себе имаш држава која се грижи за твојата иднина е убава а и нормално - ќе не окуражи откако ќе завршиме факултет да направиме и ние нешто за неа...
За ова Анастазија имаш 10ка богами треба ако веќе толку им требаат виско образовани кадри нека фрлат нешто не мора целосна стипендија - доволно ќе биде да покријат дел од трошоците.
 
Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
А наместо да се даваат пари за трибини и спотови да се дадат пари да се осовременат лабараториите на техничките и природно-научните факултети и да се дадат пари за повеќе докторанти по професор, бидејќи факт е дека фали високообразован кадар од овие струки, додека економисти и правници има со лопата да ги копаш.
Па добога каков универзитет е УКИМ со факултет по биологија и хемија а нема ни масенспектрометар.
 
Член од
22 мај 2007
Мислења
558
Поени од реакции
4
Се сложувам дека треба да се пуштат пари за осовременување отколку за спотови.
Мислам дека самите факултети треба да имаат сопствени програми за привлекување на студенти.
Исто така тие пари би можеле да одат и во поправање на основните и средните училишта, уште малце некои ке станат рушевини
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.494
Поени од реакции
18.517
Треба да се скрата од рекламирање на друго место и да се вложи во образованието и тоа под итно. А ова рекламирање е добро.

Основа на модерна демократска држава е образованието.
 
back_rest

ex mod coder
Член од
19 јули 2006
Мислења
1.590
Поени од реакции
107
Не е секогаш се во парите, оваа наша транзиција ги отепа мотивите кај многу луѓе, образованието не им е цел на многу млади.

Има уште нешто друго во сето ова, оваа кампања важи и за постарите, многу имаат промашени факултети, и нема работа таму, едноставно мора да се прекфалифукуваат.

Тешко се потеруваат и едните и другите да направат чекор во тој правец.

Второ, има многу работи поврзани со образованието и кариерата, тука се и работодавачите кои треба се мотивираат да им дадат шанса на своите вработени да се дообразуваат. Ваква кампања потикната од Владата секогаш го потикнува мозокот на директорите да се вклучат, се разбира за да се изгребат кај Владата, без резлика кои ќе им бидат мотивите на крај ќе има некаков ефект.

Се надевам дека ова ќе биде почеток за да им се помогне на тие луѓе.
1. А пари од каде? Од неуспешната работа досега?
2. Не дека некои не го прават ова, ама човече, со ваквите никакви претпријатија кај нас? Му кратат на човек од плата за да му плати придонеси, а ти сакаш да го прати да се дошколува, на дел негова сметка и помала продуктивност. НЕ! За ова треба озбилни фирми со голем капитал, а вакви кај нас ретко.
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193

Па се вртиме во круг:

Имаш кратење на плати за да се платат "мега" придонеси на вработените од што се полни буџетот со кој се финансираат рекламни кампањи.Никаков напредок не е на повидок,туку одборчување на владата кон некои инвеститори газди на рекламни агенции што прават рекламни кампањи за власта во стилот видете колку му ја мислиме за народот со тоа што се рекламираме секојдневно и континуирано иако ништо од тоа не е вистина.
 
Gorco

WEHADAHFUKDOWAHNODAT
Член од
29 април 2005
Мислења
556
Поени од реакции
35
Владата во наредните неколку месеци ќе се обиде да го намали процентот на млади необразовани кадри.
:tv:... цццц.... образованието е рак рана на нашето македонско општество, а овие се нашле да ја искористат раната за дизање на својот рејтинг, и тоа со вест објавена во недела. Владо на МК, каде ти е стратегија и големината на колачот во твојот џеб (буџетот) што треба да го дадеш за да има реални резултати !?
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Средства ќе се обезбедат од и онака се помалубројните приватни фирми кој ги плаќаат давачките за да го надополнат буџетот.На тој начин ќе се успее во едно а тоа е колапс на малите фирми кој нема да можат да преживеат од наметнатите огромни давачки што всушност представува стратегија и на оваа влада која продолжува да се бори за да ни го промени името во Административна Република Македонија или АРМ како што милуваат некој.:)
 
A tebe toa ti bila bolkataaaa.....pa ti se lutis zosto plakjas danok.E pa togas ne ne zamaraj nas so svoite problemi,PLEASE! Otvori eden od onie broevite za gatanje,kupi si karti,gataj i predviduvaj kako ke se odviva situacijata vo drzavata,pa i po svetot. Ili ke gledas na kafe?:smir:
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334

Гатач, врачар, критизер на се живо, всушност :drk:,:drk: и само:drk:
 
Член од
22 мај 2007
Мислења
558
Поени од реакции
4
Како ке го зголемиш образованието кога на секој факултет треба да плаќаш партиципација, а народот едвај се прехранува, треба повеке стипендии да се даваат. Јас плакам 750 еура партиципација, а ми намалуваат само 100 евра од партиципацијата ради помош, така образование не се гради, па мора да работиш за да си платиш школување, така го одолговлекуваш учењето, и на крај ти вика за тебе ваучер нема затоа што си вонреден, а никој не не прашува зашто сум вонреден, можда сум болен или немам финансии па морам да работам, со такво образование и грижа за студентитие само во бурунди
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
A tebe toa ti bila bolkataaaa.....pa ti se lutis zosto plakjas danok.E pa togas ne ne zamaraj nas so svoite problemi,PLEASE! Otvori eden od onie broevite za gatanje,kupi si karti,gataj i predviduvaj kako ke se odviva situacijata vo drzavata,pa i po svetot. Ili ke gledas na kafe?:smir:
Си се излагал во проценката,брату,си се излагал,јас не се лутам зошто плаќам данок,всушност јас се гордеам со тоа,и можам секому да му се испулам во подмолниот сурат зошто знам многумина кој ги менуваат политичките опции за да ги избегнат давачките,гледаат во земја кога ќе се сретнеме на улица од срам.Јас само напоменувам како треба владата да биде малку пофлексибилна и порамноправно да ги распореди своите побарувања кон сите граѓани а не да ги рангира според непотистичко-финасијски па и партијски дневни интереси.
 
Ова е враќање на топката на голманот
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
А голманот е владата,кој случајно се жали на повреда па едвај стои на нозе?:)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom