ВЛОЖИ ВО СВОЕТО ОБРАЗОВАНИЕ! - Нова кампања на Владата

Член од
13 јули 2006
Мислења
15.494
Поени од реакции
18.517
Браво!

Е ова е кампања, е ова би го направил јас ако би бил на власт. И не само тоа туку и би помогнал да се реализира тоа.

Реално, барем за мене, ова е досега трет потез што вреди што го направи оваа Влада.
 

noodle ®

Teetleh
Член од
3 декември 2005
Мислења
1.527
Поени од реакции
257
Браво, секоја чест, ја испофали кампањата...а ние сеуште не знаеме за што се работи.:pipi:

Дај малку повеќе инфо, вака само знаеме дека е добро, ама не знаеме што е добро.

Поздрав.
 

Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
А не би било лошо и некоја степендија за надвор да дадат, нема да им се исцица буџетот.
На оние кои планираат да одат во странство (пример, мене:)) многу ќе ни значи и некоја мала, симболична сума, макар и да не е доволна за да јадам таму. Чисто помислата дека зад себе имаш држава која се грижи за твојата иднина е убава а и нормално - ќе не окуражи откако ќе завршиме факултет да направиме и ние нешто за неа...
 

noodle ®

Teetleh
Член од
3 декември 2005
Мислења
1.527
Поени од реакции
257
И сега, Груевски мисли дека открил топла вода.
Големите фирми барале високообразован кадар. Еурека.

Преку рекламирање спотови и одржување на трибини, Владата во наредните неколку месеци ќе се обиде да го намали процентот на млади необразовани кадри.
Нели мисли нашиов млад и перспективен премиер дека поголема е веројатноста да го намали процентот на необразовани кадри преку делење на финансиска помош за оние кои се немоќни да се стекнат со високо образование?

Или можеби мисли дека не е проблемот во материјалните средства, туку во свеста кај младите?

Ако може некој нека ми објасни, затоа што навистина не ми е јасно.:nesum:
 
Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
434
Иако во повекето западни земји е конкретна иницијатива , а во МК во вид на кампанја ,за почеток е одлично.Плавите рози си мислеа само како да си ги пратат лигавите им распрдени деца во странство , а за другите????????????........Уствари и не знаева дека постојат други луге во МК.За информација во државата во која живеам ,школуванјето е бесплатно абсолутно на сите нивоа до наполнети 50 год. старост.Постојат и кредити со занемарлива камата , и системот е следен: ако си задолжен со кредит на пр.20 000 еу за 4 години , почнуваш со исплата од денот кога ке се запослиш, све до догаш не си должен да вракаш кредит а и не ти тече камата.Ако во случај идеш на повисок степен на образование ,тогаш почнуваш со нов кредит а стариот се брише.Резултат од сето ова????? Освен процентот на високостручни лица во државата , економската состојба , и земја со највисок процент на пронајдоци по глава на становник во светот.
 
Член од
12 февруари 2007
Мислења
892
Поени од реакции
4
E ova e dobro,samo da vidime na sto ce e akcentot.Da ne bidi kako kompjuterite samo.
 

back_rest

ex mod coder
Член од
19 јули 2006
Мислења
1.590
Поени од реакции
107
И сега, Груевски мисли дека открил топла вода.
Големите фирми барале високообразован кадар. Еурека.



Нели мисли нашиов млад и перспективен премиер дека поголема е веројатноста да го намали процентот на необразовани кадри преку делење на финансиска помош за оние кои се немоќни да се стекнат со високо образование?

Или можеби мисли дека не е проблемот во материјалните средства, туку во свеста кај младите?

Ако може некој нека ми објасни, затоа што навистина не ми е јасно.:nesum:
Има голем број млади кои имаат и повеќе од доволно пари за супер образование, ама го губат патот во средното образование и едвај остануваат на него. Треба култура малце ипак.
Од друга страна пак, поголем е оној број каде има желба, има капацитет, ама нема како. Е овде е подобро место за помош. Наместо да убедуваш некои богати лиглиња, спонзорирај скромни интелигентни деца и ќе видиш како ќе ја биди работата.
Потегот е повеќе солење памет отколку некоја помош.
 

noodle ®

Teetleh
Член од
3 декември 2005
Мислења
1.527
Поени од реакции
257
That was exactly my point. Не дека нема богати лиглиња, ама на таквите обично алтернатива им е ФОН, каде си ја купуваат дипломата, и стануваат ‘академски граѓани‘. Вниманието, и секако, парите треба да бидат насочени кон оние кои имаат многу желба, а малку средства.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.494
Поени од реакции
18.517
Не е секогаш се во парите, оваа наша транзиција ги отепа мотивите кај многу луѓе, образованието не им е цел на многу млади.

Има уште нешто друго во сето ова, оваа кампања важи и за постарите, многу имаат промашени факултети, и нема работа таму, едноставно мора да се прекфалифукуваат.

Тешко се потеруваат и едните и другите да направат чекор во тој правец.

Второ, има многу работи поврзани со образованието и кариерата, тука се и работодавачите кои треба се мотивираат да им дадат шанса на своите вработени да се дообразуваат. Ваква кампања потикната од Владата секогаш го потикнува мозокот на директорите да се вклучат, се разбира за да се изгребат кај Владата, без резлика кои ќе им бидат мотивите на крај ќе има некаков ефект.

Се надевам дека ова ќе биде почеток за да им се помогне на тие луѓе.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom