Друже Динамо Минск е се само не е АУТСАЈДЕР...
Доста вложуваат последните години,имаат солидна база на репрезентативци во своите редови+ неколку добри странци....Динамо е една доста солидна екипа,која еве се покажа пресилна за скапо платениот состав на Металург...
Уште пред неколку месеци,кога се дозна групата се знаеше дека Металург ќе има тешка задача да ја помини групата....
Укажав во погорните постови на оваа тема за тоа какви засилувања зеде Металург...и дека ќе имаат големи проблеми во кфалификациите(еве се остварија прогнозите)
Ацо Јоноски,Велко Маркоски,Златко Мојсоски...:nesvest:
Ова не се имиња за тим шо има таков капитал како Металург,со овие имиња можеш да победуваш во Македонија,но во Европа тешко:nenene::nenene::nenene:
Кога во кфалификациона група Металург лесно губи од Минск,шо ќе се случува доколку по некое чудо ја поминат груапата и влезат во ЛШ
...
Очукував повеќе од тренер како Червар,и многу се изненадив кога видов дека Металург се задоволи со овој фонд на играчи...со ваква ИМПРОВИЗАЦИЈА не се оди во ЛШ,помина тоа време,сега сите вложуваат и работат напорно...
Да се вратам на групата,според мене Порто е прв фаворит за влез во ЛШ.играат на домашен терен,имаат доста бучна публика,добар тим,им давам предност на Португалците пред Белорусите,Металург со овој (би рекол и очекуван)пораз си ја затвори вратата за ЛШ...
Навистина штета,зошто со таква логистика шо ја имаат мора/ше да бидат во ЛШ...
И уште нешто-голема вина има и тренерот Лино Червар,не е само до играчите,тој сам ги бираше играчите и сега треба да си ја сноси целата ОДГОВОРНОСТ ОД НЕУСПЕХОТ....
Не е ова Хрватска,па тука да играат еден Балиќ,Метличиќ,Вори,Алиловиќ...на таков тим и јас можам да бидам селектор и да постигнам успех...
...
Ај да го видам сега нека постигни успех-минатата сезона испадна од една просечна француска екипа Тремблеј,сега Минск си поправа гол разлика....ами чекај каде се дуелите со врвните тимови...
Ама му е гајле на Червар си крцка 200 ТИСУЧА ЕУРА
по сезона