Дали се плашите од смртта, и што мислите за неа?

Black Night

Galvanize
Член од
25 септември 2008
Мислења
327
Поени од реакции
20
Пишувате за игра во која колку и да сте добри сите на крајот ке изгубите. Самата помисла ве тера да играте во животот на сигурно.

Среќа моја што сум Immortal.

Everything that has a begging has an end.:salut:
 

vac 13

партизановец
Член од
21 мај 2008
Мислења
5.426
Поени од реакции
530
Секако дека се плашам,убаво е да не се плашиш ама ретко кој не се плаши нормално има такви случаи,ама сепак тоа е колку и да имаш на овој свет со себе нема ништо да земеш пак ќе завршиш во 2 метри.:toe:
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Се плашам бидејќи чувствувам дека уште многу треба да направам, да не заминам со неостварена судбина овде, макар знаел дека ме чека вечен рај со сите убавини. Лошо е но тоа е. Така да знаете, никот ми е само идол, утопија. :)
Инаку свесноста за смртта е една од најважните работи за секој човек, многу се согласуваат дека оној кој не е свесен и помирен со смртта, не може да живее максимално исполнето сега и овде, туку е постојано во движење (хаос) :)
 

Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
Не.
Каква поента има да се плашам од нешто што е неизбежно?
Колку и да бегаш од тоа,колку и да се плашиш од него,тоа сепак на крај ќе стигне.
Искрено,животот е далеку пострашен од смртта.
А умирањето не е крај,туку нов почеток,влегување во нешто непознато.
Авантура можеби.
Стравот од ваков процес,според мене е прилично неоснован.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
Од една страна треба да се сметаш како веќе мртов бидејќи временски ионака ќе те нема, а од друга страна да го сметаш за значајно и битно да си здрав и да сакаш што подолго да останеш таков истовремено знаејќи дека нема никаква гаранција за твојот живот освен смртта. Да не се плашиш од смртта би значело да знаеш дека она што толку ти е битно да си жив, здрав, задоволен и спокоен, всушност не е битно и секој момент можеш да преминеш во непостоење.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Како секое човечко суштество, создадена сум со страв од крај, особено од оној ултимативниот, односно смртта.

Од друга страна пак, љубоморно ја чувам, како џокер, надевајќи се дека ми е конечниот излез од евентуалните животни страдања.

Мојот начин да му речам на животот: You can't fire me, because I quit.

Поинаку, ме плаши ако не ја одберам, туку таа ме одбере мене.
И се надевам на неа кога ќе ја побарам како опција.
 
L

LEPOTICKA_SWEET

Гостин
Мојот најголем страв е страв од смртта...понекогаш кога размислувам на таа тема, ме фаќа мнооогу голема паника и на можам да објаснам колку лошо чувство имам....често се прашувам што има псле смртта.....дали е можно и по неа да има живот????
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.796
Мојот најголем страв е страв од смртта...понекогаш кога размислувам на таа тема, ме фаќа мнооогу голема паника и на можам да објаснам колку лошо чувство имам....често се прашувам што има пoсле смртта.....дали е можно и по неа да има живот????
После смртта на едно нешто секогаш има живот. Се раѓаат нови генерации на луѓе, нови растенија и животни. Сонцето сеуште ќе изгрева и заоѓа, и ќе се менуваат сезоните во зависност од близината или оддалеченоста на земјата од сонцето.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Најмногу се плашам од смртта на некои луѓе кои ми се многу драги и без кои не би можел да го замислам животот. Се плашам и од она што обично следува пред смртта - болест, неизвесност, болка, безизлезност...
Стравот од смртта ми е пострашен од самата смрт.
 

Мартин$

Модератор
Член од
2 март 2007
Мислења
5.234
Поени од реакции
148
Не се плашам, ако треба да дојди нека дојди, можно е после неа да имам поубав живот, шознам.
 
M

MIL

Гостин
Порано се плашев и често си мислев на тоа поготово пред да легнам ама во последно време само сум со мислата дека еден ден сите ќе не нема и посакувам да не патам од болест да умрам безболно :toe:
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.825
Поени од реакции
18.508
Не е смртта таа што е страшна, макар да биде и болна, на крај краева тоа е само физичка болка, пострашно е ако животот боли
 
Член од
28 август 2008
Мислења
189
Поени од реакции
5
плашам се,да. плашам се како од се шо е непознато,така и од неа. малку ме смирува тоа шо ,според мојте размисли,физички ќе умреме,да. ама на мене мистерија,да кажам така,ми е душата човечка. верувам дека душата е вечна. смртта на некој начин ја замислувам како спиење..вечно спиење. :/
 
Член од
28 јануари 2009
Мислења
238
Поени од реакции
37
Па иам размислувано за смрта и не ми е баш она whatever не дека се плашам тоа на крај краева е животен процес
 

Kajgana Shop

На врв Bottom