Зошто луѓето трчаат по слава?

PoisonGrl

~Malo crveno~
Член од
8 јули 2006
Мислења
664
Поени од реакции
2
Зошто луѓето толку по внимание? Зошто имаат толкава потреба нивната големина да биде призната од некој друг, најчесто небитен човек за нив??? Зошто не уживаат во оној нормален, скромен, мирен живот полн со харизма и љубов???

Читам по форумов и ми стана поприлично интересно на темата: "Овде пишуваме на зададена тема...". Приметивте ли колку стана актуелна темава по муабетот со издавање на книга??? Никогаш немало толку текстови на една тема како сега, пишува кој знае, кој незнае, кој треба и кој не треба. Зарем толку е неминовно да ве има во секоја манџа, па дури и онаму каде не ви е местото???

До каде ли ќе оди човековата алчност? Зарем вистински толку многу ја посакуваме таа слава??

Се фаќам себеси во последно време како се одрекувам од многу работи во кои порано уживав. Едноставно почнувам да си ставам сама граници на своите желби. Дали е тоа добро, незнам.

А вие? Се борите за слава, за висок статус кој речиси е бесцелен и покрај многу згазени луѓе, и покрај пропуштеното и украдено време кое сте им го должеле на вашите блиски?
Сепак, не разбирам зошто е тоа барање на внимание лошо? Најверојатно затоа што и јас често го барам....Дали тоа ме прави плитка? Не знам, мислам не, но најубаво да ги прашате луѓето кои ме знаат лично, ако ве интересира.
Што се однесува до темата, се согласувам со KohlBass дека тоа е нормална човечка појава. Ако знаеш да правиш нешто добро (да свириш некој инструмент, да сликаш, да пружаш веш.....) зошто не би барал одобрување од другите? Можеби тоа им треба за да продолжат со таа вештина, што е поубаво од колку само да мрчат за све-и-свашта.
Повеќе ги ценам луѓето кои имаат муда да застанат и да покажат што знаат, отколку оние кои никогаш нема да бидат посебни во ништо. Call me shallow, I don't care.:pipi:
 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
па најчесто се гледаат убавите работи кои доаѓаат со неа,а лошите се оставаат на страна и со нив се соочуваме дури одкако слава ќе ја добиеме!според мене поголеми се маните одколку предностите на славата!дали ја посакуваме толку славата?па мислам не!мислам дека луѓето преку неа сакаат да дојдат до нешто друго што им недостасува во животот.
а за пишувањето!мислам дека секој треба да се опроба!а актуелноста на таа тема можеби порасна со муабетот за книгата,но сосем малку.и не кај сите членови.јас лично после една караница со еден од администраторите(ништо страшно),размислував дали да ги избришам сите мои текстови и повеќе никогаш да не се обратам на дадена тема!но сватив дека со тоа не си правам добро на себе си!и продолжив со пишувањето,но не заради споменатата книга.се додека чуствувам инспирација ќе го правам тоа!а книгата не ми е воопшто битна,нарочито после погоре споменатата кавга со администраторката која ми го скрши филмот-благо кажано!
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Сепак, не разбирам зошто е тоа барање на внимание лошо? Најверојатно затоа што и јас често го барам....Дали тоа ме прави плитка? Не знам, мислам не, но најубаво да ги прашате луѓето кои ме знаат лично, ако ве интересира.
Што се однесува до темата, се согласувам со KohlBass дека тоа е нормална човечка појава. Ако знаеш да правиш нешто добро (да свириш некој инструмент, да сликаш, да пружаш веш.....) зошто не би барал одобрување од другите? Можеби тоа им треба за да продолжат со таа вештина, што е поубаво од колку само да мрчат за све-и-свашта.
Повеќе ги ценам луѓето кои имаат муда да застанат и да покажат што знаат, отколку оние кои никогаш нема да бидат посебни во ништо. Call me shallow, I don't care.:pipi:
Едно е кога има во тебе потенцијал и имаш што да покажеш и имаш муда да го покажеш,а друго е кога упорно форсираш со нешто и изгледаш очајно и антипатично за околината само поради тоа што сакаш да се здобиеш со слава.
:smir:
 
M

**MEMORY**

Гостин
Тоа е како некое непишано правило кое секој го има доживеано на различен начин... Живеам во секојдневен страв дека времето и настаните околу мене ќе ме направат алчна, себична... Мислам дека сега засега сум онаа вистинската, но ако некогаш дојде до таква промена кај мене, нема да ја приметам...... едноставно ќе живеам со неа. Можеби ќе звучи како фалење од моја страна, но горда сум си на тоа што сум денес (мислам дека секој е) и се надевам дека ќе останам своја на своето.
 
Член од
11 септември 2007
Мислења
188
Поени од реакции
10
Мое мислење е дека,не се толку желни за таа слава колку за тие пари што доаѓаат со славата. А во тоа да си славен нема ништо лошо,е сеа не го оправдувам тоа што се газат луѓе,нечии чувства и разни други работи за да се дојде до тоа. Сепак мислам дека сето тоа е поради алчност,да бидеш нешто повеке од другите,тебе да те има на телевизија,а комшијата го нема,па можеш да го гледаш гордо... Смешно е што сме дојдени до тој степен,ама така е...
 
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
62
Види вака Маринка,
Секој човек различно, славата е привилегија за најдобрите и во обратен случај за најбедните....Нема ништо лошо во неа кај конструктивни личности кои придонесуваат во општеството со нивните дела и акции...На приме ќе ја земам Анџелина Џоли која присвои неколку деца, Мадона колку само инвестирала во хумани акции, нашата Тереза....Тоа се луѓе кои посебно ги дарил Господ да бидт харизми за големи кругови луѓе.....Нормално дека нивното ангажирање ќе го измести нивниот нормален живот, но за нив и тоа е нормално...
А тука конкретно на форумов, не се работи за некоја слава, туку за внимание кое му годи на секого
 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
А тука конкретно на форумов, не се работи за некоја слава, туку за внимание кое му годи на секого
не се сложувам со тебе!не дека се работи за слава,но на форумов има баш луѓе кои уживаат да се форсираат и да бидат насекаде и за се!незнам дали тоа се нарекува баш внимание кое му годи на секого?или имаат желба да се докажуваат и покажуваат?
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Не ја носете темава во погрешна насока.
 
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
62
не се сложувам со тебе!не дека се работи за слава,но на форумов има баш луѓе кои уживаат да се форсираат и да бидат насекаде и за се!незнам дали тоа се нарекува баш внимание кое му годи на секого?или имаат желба да се докажуваат и покажуваат?
Се фаќаш за опашката наместо за волот....Ама нека ти биде,ќе објаснам...
Има да, форсирачи на форумов кои не ги бива, добиваат внимание со црвени
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Нормално е секој човек да има свои животни желби и цели нормално за да може да се развива и да иди понапред се до исполнувањето ан своите цели и желби и ова е задолжително за секој успешен човек. Нормално на некои луше дел од нивните животни цели и желби им е да се познати и славни, еве да речеме хрдкор пример за тоа се парис хилтон и боки „13“, нормално успешни се во тоа, но не сите луѓе ја сметаат славата и да се биде познат како успех. Еве јас на пример најголем успех за мен би бил да мојот вложен труд да направи голем придонес до развојот на човечштвото и развојот на науката, но и покрај таквите успеси, јас би сакал да не станам познат или славен, едноставно сакам да си живеам еден нормалне живот и покрај големото значење на тоа што би го правел.
Некои други успех во живото пак го гледаат основањето на фамилија и обезбедувањето на добра иднина на своите потомци.
Значи не трчаат сите по слава, некои се пак приморани поради природата на нивната работа да бидат славни иако тоа не им годи.
Така да сите што трчаат по слава, а тоа не се сите луѓе, трчаат поради тоа што тоа им е животна цел и желба, дали тоа е одлика на фрустрирација или не неможе исто така да се генерализира бидејќи немора некој да е фрустриран а да ужива во тоа да е славен и да го прави тоа за другите да можат да видат како би изгледал познат човек.
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
A po sho da trchaat? Ako ne po slava!:smir:
По некои покорисни работи што можат да ти го направат животот убав.
Која е понтата да си славен,ако немаш ништо друго(пријатели,љубов,доволно време за себе лично и за семејството...)?Дали можеш да бидеш среќен?
:smir:
 

Dzings

Premium
Член од
31 март 2007
Мислења
1.804
Поени од реакции
53
По некои покорисни работи што можат да ти го направат животот убав.
Која е понтата да си славен,ако немаш ништо друго(пријатели,љубов,доволно време за себе лично и за семејството...)?Дали можеш да бидеш среќен?
:smir:
Od kaj go zakluchi ova oznachenovo? Kaj pishuva deka nemash nishto drugo? Ili ova samo eden vid na slava? :smir::vozbud:
A eve da recheme imash i slava ama imash i ljubov i prijateli i sve shto nabroi, i togash nema da bide vo red? AM?:smir:

па јас најчесто трчам по девојки!:helou: поздрав до џингс
Ama slavni devojki!:vozbud::pos2::smir:!
off-topic
Vchera sum bil u energy ama onaka na proaganje samo eden jhony ispiv i otidov. Vrm vrm!!!:smir:
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Od kaj go zakluchi ova oznachenovo? Kaj pishuva deka nemash nishto drugo? Ili ova samo eden vid na slava? :smir::vozbud:
За каков вид на слава зборуваш ти?Зарем има повеќе видови?:)
A eve da recheme imash i slava ama imash i ljubov i prijateli i sve shto nabroi, i togash nema da bide vo red? AM?:smir:
Факт е дека од кога некој ќе се здобие со посакуваната слава ги запоставува приоритетните работи во животот и само мал дел од неговиот живот е воодушевен од целиот тој луксуз кој го има,но набрзо меракот поминува и ќе сфати дека е осамен,дека тоа што го имал претходно било многу повредно од славата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom