Зошто луѓето трчаат по слава?

Marinka

~petit etoile dans mon coeur~
Член од
7 март 2007
Мислења
590
Поени од реакции
2
Зошто луѓето толку по внимание? Зошто имаат толкава потреба нивната големина да биде призната од некој друг, најчесто небитен човек за нив??? Зошто не уживаат во оној нормален, скромен, мирен живот полн со харизма и љубов???

Читам по форумов и ми стана поприлично интересно на темата: "Овде пишуваме на зададена тема...". Приметивте ли колку стана актуелна темава по муабетот со издавање на книга??? Никогаш немало толку текстови на една тема како сега, пишува кој знае, кој незнае, кој треба и кој не треба. Зарем толку е неминовно да ве има во секоја манџа, па дури и онаму каде не ви е местото???

До каде ли ќе оди човековата алчност? Зарем вистински толку многу ја посакуваме таа слава??

Се фаќам себеси во последно време како се одрекувам од многу работи во кои порано уживав. Едноставно почнувам да си ставам сама граници на своите желби. Дали е тоа добро, незнам.

А вие? Се борите за слава, за висок статус кој речиси е бесцелен и покрај многу згазени луѓе, и покрај пропуштеното и украдено време кое сте им го должеле на вашите блиски?
 
girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Најчесто внимание и подршка од луѓе небитни за нив бараат луѓето со недостаток на самодоверба и нив вниманието и таа таканаречена слава им е потребна за да се издигнат себеси пред се во свои очи и да си го нахранат егото. Најискомплексираните луѓе и тие со најмногу вршен притисок од страна најмногу се рекламираат сами себе.
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Зошто луѓето толку по внимание? Зошто имаат толкава потреба нивната големина да биде призната од некој друг, најчесто небитен човек за нив??? Зошто не уживаат во оној нормален, скромен, мирен живот полн со харизма и љубов???
Поради тоа што до даден момент живееле скромен и приземјен живот и одеднаш им текнало дека сакаат да привлечат внимание и да бидат на врвот,а сите останати да им се поклонуваат.
Мислат дека со тоа што ќе привлечат внимание со сила ќе бидат обожувани и почитувани од останатите,а напротив...само ќе си резервираат место во листата на луѓе кои се предмет за исмејување зашто пробуваат со сила да бидат нешто што не се и стануваат антипатични и одбивни за околината,а најтрагично е кога тие не го приметуваат ефектот кој го предизвикале и упорно мислат дека се симпатични...блех

Читам по форумов и ми стана поприлично интересно на темата: "Овде пишуваме на зададена тема...". Приметивте ли колку стана актуелна темава по муабетот со издавање на книга??? Никогаш немало толку текстови на една тема како сега, пишува кој знае, кој незнае, кој треба и кој не треба. Зарем толку е неминовно да ве има во секоја манџа, па дури и онаму каде не ви е местото???
Ок,има и такви примери,ама има некои кои пишуваат бидејќи тоа им причинува задоволство.
Има такви кои не ги бива за пишување и само ќе нафрлаат површни и излитени фрази во текстот и мислат дека завршиле работа,ама има такви кои имаат дарба и идеи и нивните текстови се пријатни за читање...

До каде ли ќе оди човековата алчност? Зарем вистински толку многу ја посакуваме таа слава??
Ќе видиме до кај ќе оди...само не ни помислувам дека ќе се намали зашто секогаш ќе има такви кој што упорно ќе се наметнуваат со своите хахаха-не толку смешни шеги,антипатичниот пристап,дигање на сопстеното его во недоглед,исмејување на некои кои вредат многу повеќе од нив и мислат дека се ептен интересни и дека оставаат добар впечаток кај останатите,а не приметуваат дека само прават будали од себе поради таа толку посакувана слава...

Се фаќам себеси во последно време како се одрекувам од многу работи во кои порано уживав. Едноставно почнувам да си ставам сама граници на своите желби. Дали е тоа добро, незнам.
Ова малце подобјасни ми го...не ја гледам поврзаноста на умереноста и славата.:)

А вие? Се борите за слава, за висок статус кој речиси е бесцелен и покрај многу згазени луѓе, и покрај пропуштеното и украдено време кое сте им го должеле на вашите блиски?
Не се борам за слава,се` што ми треба-го имам...имам љубов,успех,среќна сум,имам пријатели,,прекрасно семејство,луѓе кои ги сакам и ме сакаат и никогаш не би го заменила тоа за слава-никогаш,зашто “задоволството“ што го причинува славата не е ништо во споредба со ЗАДОВОЛСТВОТО што би ми го причинила една топла прегратка,еден бакнеж за добра ноќ...
Луѓето замижуваат на сите убави работи што ги имаат во животот грабајќи по слава и пари...а кога ќе се здобијат со нив,а ќе изгубат се` што претходно имале и што е најголемото богатство на светот...веќе е доцна за враќање назад...
 
Marinka

~petit etoile dans mon coeur~
Член од
7 март 2007
Мислења
590
Поени од реакции
2
Ок,има и такви примери,ама има некои кои пишуваат бидејќи тоа им причинува задоволство.
Има такви кои не ги бива за пишување и само ќе нафрлаат површни и излитени фрази во текстот и мислат дека завршиле работа,ама има такви кои имаат дарба и идеи и нивните текстови се пријатни за читање...
Се е тоа супер, но зошто и оние кои добро пишуваат, не пишуваа претходно. Се се сведува на таа моќ, пофалба, слава или што ти ја знам за мотивација, така? Мене, така ми личи.

Толку сме себични и не креативни, се е глупаво ако немаме цел, така?
НЕ.

Ова малце подобјасни ми го...не ја гледам поврзаноста на умереноста и славата.:)
Знаеш има моменти кога се затворам дома, учам, полудувам и после неколку дена се чувствувам ужасно несреќно. Зошто? Затоа што и незнам колкав да е тој успех, ако не сум успеала да одвојам време и да го поделам со оние кои ги сакам, тогаш што? Едноставно кога желбите се умерени има време за се. А славата, се повеќе ме убедува дека е повеќе злобна отколку корисна, се повеќе мислам дека ги прави луѓето несреќни отколку задоволни.

Не се борам за слава,се` што ми треба-го имам...имам љубов,успех,среќна сум,имам пријатели,,прекрасно семејство,луѓе кои ги сакам и ме сакаат и никогаш не би го заменила тоа за слава-никогаш,зашто “задоволството“ што го причинува славата не е ништо во споредба со ЗАДОВОЛСТВОТО што би ми го причинила една топла прегратка,еден бакнеж за добра ноќ...
Луѓето замижуваат на сите убави работи што ги имаат во животот грабајќи по слава и пари...а кога ќе се здобијат со нив,а ќе изгубат се` што претходно имале и што е најголемото богатство на светот...веќе е доцна за враќање назад...
Ете ми ја поентата :smir:
 
KohlBass

Dechak iz vode
Член од
1 јуни 2006
Мислења
1.485
Поени од реакции
36
Зошто луѓето толку по внимание? Зошто имаат толкава потреба нивната големина да биде призната од некој друг, најчесто небитен човек за нив??? Зошто не уживаат во оној нормален, скромен, мирен живот полн со харизма и љубов???
Затоа што тоа е совршено нормално. Она што го нарекуваш `признавање на големината од некој друг, најчесто небитен човек за нив` е задоволување на егото, а незнам некој кој би го одбил тоа.
А, инаку, сите копнеат по тоа што го немаат. Или, како што сакаат одредени луѓе да речат, тревата на комшијата секогаш е позелена... Така, оние кои немаат слава, сакаат да ја искусат затоа што си го идеализираат тој живот, а оние кои ја имаат и се запознале и со лошите страни на сето тоа, сакаат да бидат анонимни.
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Зошто луѓето толку по внимание? Зошто имаат толкава потреба нивната големина да биде призната од некој друг, најчесто небитен човек за нив??? Зошто не уживаат во оној нормален, скромен, мирен живот полн со харизма и љубов???

Читам по форумов и ми стана поприлично интересно на темата: "Овде пишуваме на зададена тема...". Приметивте ли колку стана актуелна темава по муабетот со издавање на книга??? Никогаш немало толку текстови на една тема како сега, пишува кој знае, кој незнае, кој треба и кој не треба. Зарем толку е неминовно да ве има во секоја манџа, па дури и онаму каде не ви е местото???

До каде ли ќе оди човековата алчност? Зарем вистински толку многу ја посакуваме таа слава??

Се фаќам себеси во последно време како се одрекувам од многу работи во кои порано уживав. Едноставно почнувам да си ставам сама граници на своите желби. Дали е тоа добро, незнам.

А вие? Се борите за слава, за висок статус кој речиси е бесцелен и покрај многу згазени луѓе, и покрај пропуштеното и украдено време кое сте им го должеле на вашите блиски?
Доградба на своето его. Патат некој да им кажува и да им упатува зборови, кои мене лично ми значат само и единствено од луѓе кои постигнале нешто и знам дека навистина го ценат она што вреди во животот. Токму затоа и сакам искрени луѓе, луѓе што си го кажуваат своето мислење без разлика на тоа дали си пријател со нив или не.

Го спомена форумов и темата...Па нека пишуваат затоа и е наменет форумов. За да ги искажуваат своите мислења и ставови, своите мисли... Меѓутоа не е само на таа тема. И на многу други се прават паметни во буквална смисла деца, кои се уште не го разбираат значењето на одредени поими кои ги употребуваат, ниту пак ги разбираат темите на кои нешто пишуваат.:wink:

Човековата алчност нема граници тоа е факт. Секој гледа да му направи нешто на другиот за тој самиот да успее. Но, тука постои едно големо но, сечија неспособност кога тогаш излегува на површина. Е тоа е уште полошо. Сакајќи да направиш нешто лошо некому си правиш самиот на себе.

Високиот статус не е бесцелен. Барем не за мене. Тука мислам на статусот на оние кои заслужено го добиле. Се обидувам да постигнам нешто во животот притоа не заборавајќи ги оние кои ми се најблиски и ми значат.:smir:
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Се е тоа супер, но зошто и оние кои добро пишуваат, не пишуваа претходно. Се се сведува на таа моќ, пофалба, слава или што ти ја знам за мотивација, така? Мене така ми личи.
Има некои кои пишувале и претходно,има такви кои воопшто не знаат за таа книга за сите убави текстови,ама ете-коинциденција,ама тука се секогаш тие на кои мотивација им е славата,ама самите ние можеме да ги приметиме таквите и да не ги перцепираме едноставно зашто тие губат со тоа и не постигнуваат ништо освен билдање на постови.:)

Толку сме себични и не креативни, се е бесцелно ако немаме цел, така?
НЕ.
Да,бесцелно е кога немаме цел одредено и некоја точка до кај што сакаме да стигнеме.
Треба да имаме цели и желби во животот кои што ќе се стремиме да ги исполниме,но уметноста е во тоа да се биде умерен во барањата и висината на целта која сакаме да ја постигнеме,зашто во спротивно можат тие стремежи по нешто кое не е за нас да не плесне по фаца и да добиеме нешто спротивно од она што го очекуваме зашто премногу сме го форсирале.

Знаеш има моменти кога се затворам дома, учам, полудувам и после неколку дена се чувствувам ужасно несреќно. Зошто? Затоа што и незнам колкав да е тој успех, ако не сум успеала да го поделам со оние кои ги сакам, тогаш што? Едноставно кога желбите се умерени има време за се. А славата, се повеќе ме убедува дека е повеќе злобна отколку корисна, се повеќе мислам дека ги прави луѓето несреќни отколку задоволни.
Мерата е она што никогаш нема да ни причини болка и страдање и кое нема да не направи несреќни зашто постигнатото немаме со кој да го поделиме и не сме задоволни од нас.
Славата е за оној кој знае да се носи со неа и кој ќе знае да остане приземјен и покрај тоа што е над другите,славата е за оние кои ја заслужиле и целиот успех го постигнале сами,притоа негазејќи невини луѓе и здобивање на истата на нечесен начин.

That's my point! :smir:
Мine too:smir:
 
Marinka

~petit etoile dans mon coeur~
Член од
7 март 2007
Мислења
590
Поени од реакции
2
Мерата е она што никогаш нема да ни причини болка и страдање и кое нема да не направи несреќни зашто постигнатото немаме со кој да го поделиме и не сме задоволни од нас.
Славата е за оној кој знае да се носи со неа и кој ќе знае да остане приземјен и покрај тоа што е над другите,славата е за оние кои ја заслужиле и целиот успех го постигнале сами,притоа негазејќи невини луѓе и здобивање на истата на нечесен начин.
Дали е се ова возможно? Тешко се постигнува слава, а уште потешко е да таквиот успешен човек ужива во приватниот живот, во најблиските, во својата љубов, да има спокој, мир и слободно да се движи наоколу без никој да му додева.

едит:И особено не ми се допаѓа што најчесто таквите луѓе кои по секоја цена сакаат да постигнат моќ, никогаш не се задоволни. Едноставно, тие не уживаат во тоа туку, само се обидуваат да си ги излечат животните фрустрации. Страшно. Секој успех кај нив е нормално ништо, ниту му се радуваат, ниту го ценат како што треба. Такви наоколу се многу.
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Дали е се ова возможно? Тешко се постигнува слава, а уште потешко е да таквиот успешен човек ужива во приватниот живот, во најблиските, во својата љубов, да има спокој, мир и слободно да се движи наоколу без никој да му додева.
Во денешницава секој може да биде славен,но има разлика од славата на едниот и славата на гругиот.
Типичен пример за она за кое што пишав е Тоше Проески...самите знаеме колкав успех постигна,а човеков знаеше да се носи со таа слава и тој ја заслужи таа слава.
Познат низ цел свет,а сепак сакаше да остане нормален човек без да го величат...такво нешто веќе нема да има,некој својата слава да ја искористи за нешто добро и покрај големината на истата да се труди да го задржи статусот на нормалем граѓанин.
 
Marinka

~petit etoile dans mon coeur~
Член од
7 март 2007
Мислења
590
Поени од реакции
2
Нормален за нас, ДА, а за неговите? За љубената?
Мислиш дека имаше доволно време за нив? Мислиш дека беше среќен, на начинот на кој тој посакуваше? Или само беше растргнат помеѓу луѓето, за сметка на неговата среќа???

Знаеш како иде песната: Краде ми те цеста, краду ми те људи...
 
Секако дека беше растргнат и мораше да се посвети и на неговата работа,самиот кажа “Преку глава ми е“,но остана на земјата и цврсто стоеше на неа и правилно ја употреби својата слава.
Тој се трудеше колку што може повеќе да биде со блиските и оние кои му значат и не ги отфрли и заборави поради тоа што стана популарен како што милуваат да прават останатите ѕвезди.Секој слободен миг го користеше да појде до Крушево,да им помага на оние кои им требаше помош,а не стана препотентен и воозбразен како многумина што практикуваат.
Тој беше среќен кога ќе спасеше некој живот,кога ќе направеше добро дело,а да не беше неговата слава немаше да може да го стори тоа.Останатите славни личности навидум изгледаат среќно,но на крај излегува на виделина нивната тага која ја прикривале и тоа колку биле несреќни поради тоа што не знаеле да се справат со славата и таа ги надвладеала и уништила.
 
vlatkolik

~I'm busy U are UglY,Have a Nice DaY!!!~
Член од
17 мај 2007
Мислења
2.647
Поени од реакции
28
Нормален за нас, ДА, а за неговите? За љубената?
Мислиш дека имаше доволно време за нив? Мислиш дека беше среќен, на начинот на кој тој посакуваше? Или само беше растргнат помеѓу луѓето, за сметка на неговата среќа???

Знаеш како иде песната: Краде ми те цеста, краду ми те људи...
Луѓе тоа е цената на успехот и славата,ако те нема секаде каде што треба да бидеш присутен прости се од слава и популарноста...
 
С

Сатори

Гостин
*

Зошто луѓето толку по внимание? Зошто имаат толкава потреба нивната големина да биде призната од некој друг, најчесто небитен човек за нив??? Зошто не уживаат во оној нормален, скромен, мирен живот полн со харизма и љубов???
Прочитав погоре дека затоа што еден ден си се одлучил дека не го сакаш мирниот и скромен живот повеќе!?!
Јас би дала се на светот за мирен и скромен живот, малку подалеку од сите, но не, некои луѓе така се раѓаат, и да прават и да не прават нешто, привлекуваат внимание.
Со тоа можеш да научиш да се носиш или да дозволиш да те растргне.
Егоцентризмот е убав, пријатен и фин, но може да те папа за појадок.

Читам по форумов и ми стана поприлично интересно на темата: "Овде пишуваме на зададена тема...". Приметивте ли колку стана актуелна темава по муабетот со издавање на книга??? Никогаш немало толку текстови на една тема како сега, пишува кој знае, кој незнае, кој треба и кој не треба. Зарем толку е неминовно да ве има во секоја манџа, па дури и онаму каде не ви е местото???
Коментарите од типот и кој знае и кој не знае, или се базираат според личен вкус (индивидуализам / за вкусовите не се расправа) или од страна на луѓе адекватни за тоа.
Но не верувам дека тоа е целта на темава, одиме понатаму.

До каде ли ќе оди човековата алчност? Зарем вистински толку многу ја посакуваме таа слава??
Славата, можеби не е до славата, можеби е до сите добивки кои одат со неа, секако се зависи и од големата потреба за моќ и афирмација.
Славата сама по себе, ако остане само на тоа сите да те знаат, нема и да врши толку голема функција.

А вие? Се борите за слава, за висок статус кој речиси е бесцелен и покрај многу згазени луѓе, и покрај пропуштеното и украдено време кое сте им го должеле на вашите блиски?
Се борам само за себе, ако кај себе сум пронашла елементи на потреба за моќ, слава, популарност, тогаш за тоа би се борела.

Но конкретно сега, не се борам за слава, се „борам“ само за „статус“ кој ќе ми помогне да ги остварам целите кои си ги имам зацртано.
 
Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Тоа е зашто живеат за други, не за себе, ако си успешен биди успешен за себе не за другите тоа да го знаат.
 
vlatkolik

~I'm busy U are UglY,Have a Nice DaY!!!~
Член од
17 мај 2007
Мислења
2.647
Поени од реакции
28
Тоа е зашто живеат за други, не за себе, ако си успешен биди успешен за себе не за другите тоа да го знаат.
Неможеш да кажеш дека тоа е така затоа што живеат за други,секоја професија во животот е различна,има луѓе кои се успешни во својата работа а никој незнае за нив но има луѓе кои се успешни и околу нив се дига голема фама која ги прави уште поуспешни...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom