Зошто луѓето толку по внимание? Зошто имаат толкава потреба нивната големина да биде призната од некој друг, најчесто небитен човек за нив??? Зошто не уживаат во оној нормален, скромен, мирен живот полн со харизма и љубов???
Читам по форумов и ми стана поприлично интересно на темата: "Овде пишуваме на зададена тема...". Приметивте ли колку стана актуелна темава по муабетот со издавање на книга??? Никогаш немало толку текстови на една тема како сега, пишува кој знае, кој незнае, кој треба и кој не треба. Зарем толку е неминовно да ве има во секоја манџа, па дури и онаму каде не ви е местото???
До каде ли ќе оди човековата алчност? Зарем вистински толку многу ја посакуваме таа слава??
Се фаќам себеси во последно време како се одрекувам од многу работи во кои порано уживав. Едноставно почнувам да си ставам сама граници на своите желби. Дали е тоа добро, незнам.
А вие? Се борите за слава, за висок статус кој речиси е бесцелен и покрај многу згазени луѓе, и покрај пропуштеното и украдено време кое сте им го должеле на вашите блиски?