Се монтира случајот за сообраќајката на Тоше Проески!

Статус
Затворена за нови мислења.

ВМРО

Loved By Few, Hated By Many, Respected By All
Член од
12 септември 2005
Мислења
1.863
Поени од реакции
26
ВЕЧЕР, ексклузивно, објавува полициска снимка на камионот во кој, наводно, се удрил џипот во кој се возел Тоше Проески при кобниот судир. Според сите извештаи од Хрватска, а потоа преземани и во Македонија, џипот удрил во задниот дел од камионот и се забил под него. Фотографијата покажува: НЕМАЛО ТАКОВ СУДИР!


Од фотографијата јасно се гледа дека џипот не удрил во камионот, туку најверојатно спротивното: камионот, со делот околу задното тркало го удрил џипот додека бил претекнуван, и го фрлил настрана.
Македонскиот возач на џипот е осомничен, а хрватскиот пуштен и слободен. Кој пресудил предвреме?!
Тоа не е единствената монтажа во овој случај.
КОЈ КРАДЕЛ ДОКУМЕНТИ ОД НАСТРАДАНИТЕ ДОДЕКА ТИЕ ЛЕЖЕЛЕ ВО БОЛНИЦА!


Камионот целосно здрав. Џипот сотрен. А, наводно џипот удрил и се заринкал под камионот. Дали?!

Пред три недели кај Славонски Брод, околу шест наутро, се случи сообраќајна несреќа во која загина македонскиот пејач Тоше Проески. Притоа, тешко е повреден Ѓорѓи Ѓорѓевски, кој го возел џипот "туарег" со кој Проески се возел, а повредена е и менаџерката на Проески, Љиљана Петровиќ, која седела на задното седиште зад возачот.

Сите досегашни новинарски и други информации за случајот, меѓу кои спаѓаат и експертски - како оние од хрватската полиција и тамошните медиуми или дистрибутерите на возилата Фолксваген, говореа дека џипот се удрил во задниот дел од камионот и се завлекол под него. Дека поради тоа и воздушните перничиња не се отвориле. Тоа ли било причината возило кое тежи повеќе од два тона од страната на Тоше да биде згужвано како да е од фолија, а на камионот ни гума да не му се дупне од ударот.

И таа приказна, дека возачот заспал и се набил во камионот, се врти три недели. Практично, возачот Ѓорѓевски беше веќе осуден. За разлика од него возачот на хрватскиот камион не е сомнителен.
ВЕЧЕР, кој редовно прв дознава, предминатиот понеделник пишуваше дека не треба да се избрзува, туку да ги почекаме извештаите и да видиме дали е баш така.

Извештаите официјално се уште ги нема, но ние, ексклузивно, ги имаме полициските снимки од настанот меѓу кои е и фотографијата од камионот во кој, наводно, се удрил џипот со задниот дел.
На фотографијата јасно се гледа дека ЏИПОТ НЕ УДРИЛ ВО ЗАДНИОТ ДЕЛ ОД КАМИОНОТ! На камионот, недопрени се сите елементи од неговиот заден дел: регистарската табличка, браникот, катадиоптрите... се е тука на место. Ни судир во задниот браник, ни било што налик на тоа.

На страната на задното лево тркало се гледа парче од лим од џипот "туарег" на кое има црвена боја, и тоа над тркалото од камионот. Тркалото од камионот е цело, и неоштетено. Само делумно, и тоа сосема, малку, е искривен работ од задниот браник, но не се знае дали од ударот на џипот "туарег", или претходно, бидејќи искривувањето е сосема мало.

Оттаму, недвосмислено, немало судир на џипот "фолксваген-туарег" во задниот дел од камионот!

Од пракса, според експертите од осигурителни компании со кои ние разговаравме, е основано да се смета дека камионот се занел со задниот дел, удрил во десниот преден браник на џипот, каде што се наоѓал Тоше Проески, и го фрлил на страна.

Оттаму, приказната за околностите под кои несреќата се случила е сосема поинаква од онаа што ни ја пласираат хрватските медиуми, и хрватските истражни органи кои вршеле првичен увид.
Зошто не лажеа дека џипот удрил во задниот дел на камионот, бидејќи возачот заспал, останува да се претпостави.
А веќе се препоставува.

ЛЕШИНАРИ
Сударот се случил кај Славонски Брод околу шест и триесет, по што набргу доаѓа противпожарна, болничка и полициска екипа. Загинатиот Проески е однесен во капела, а повредените Ѓорѓи Ѓорѓевски и Љиљана Петровиќ во болница.

Полицијата ги собира личните предмети затечени на местото на несреќата и ги носи во болницата. По нивно видување предметите ги оставаат во собите каде што биле сместени повредените.
Во меѓувреме од Скопје стасуваат неколку другари на Ѓорѓи Ѓорѓевски и влегуваат во просториите каде што е сместен.

До чантите во кои се наоѓале лични документи, пари, договори... имале пристап неколкумина лица од болничкиот персонал, најмногу двајца полицајци и другарите на Ѓорѓи Ѓорѓевски.

Деновиве во "Фокус" се појавув документ: Договор на Тоше Проески за новогодишен настап во Црна Гора и примен аванс од околу 8.000 евра, кој бил украден од чантата на Љиљана Петровиќ додека лежела во болничката постела! Мора да е хичкоковски морбидно да дојдеш кај човек тукушто повреден и во полубесознание од судир, во кој му загинува најблизок соработник и пријател, и да му тарашкаш и крадеш од ташната. Гест кој плени со својата машкост и етика.

Патем, Договорот за кој лешинарите тврдат дека менаџерката Љиљана Петровиќ го криела од Тоше не е таен - се наоѓа во друг примерок кај неговиот вујко, кој е единствен правен застапник на македонската ѕвезда Тоше Проески. И на Договорот има потпишана согласност од Проески во негово има истиот да го потпише неговиот менаџер.

Колку од солзите по Тоше Проески се искрени, а колку се крокодилски и профитни затоа што, согласно искуството, основано се сомневаме дека украдениот договор доставен до "Фокус" е продаден за пари.

(Д.П.Л)
 

Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.570
Поени од реакции
2.789
Навистина бе сега го гледам првпат камионот од позади а бе мајку му е*** нема ништо еј ни скршено ни ништо а викаат дека влегол џипот под камион или ако удрил со 170 км на час нема да има ништо откачено.Навистина морбидна и страшна работа е ова:(
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.454
Поени од реакции
84.866
Не сум сообраќаен форензичар (доколку воопшто постои таков), но задниот дел од камионот не делува како да се бапнал некој во него со 170kmh.
Инаку првичните информации велеа дека камионот е со италијански таблички, а дека возачот е од Србија.
 

badluckguy

Оган под ѕвездите
Член од
8 октомври 2007
Мислења
2.925
Поени од реакции
131
Ne sakam da veruvam ova moze da bide namestaljka,ama sepak SMRDI i toa mnogu!!!!!!!!!!!
Ako e ova vistina.........
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Баш пред некој ден, застанав зад ист џип како тој на Тоше. Немав забележано до тогаш колкави се и какви се, дека не ми се баш по мерак џиповите. Гледајќи го, цела се наежив од големината (а беше помал модел) и помислата кој удар се случил! Огромно нешто, а згужвано како лист. Направив милион сомничави претпоставки, но ете, ни мене не ми текна дека всушност ни една слика не видовме од камионот. Би требало да има, да се покажат двете страни де ...
Значи да, ова е општа катастрофа. Неможе да е цел исправен камионот, кога толкава карпа од автомобил удрила во него.
Језиво и страшно. Ако некој го наместил ова намерно, нека не види ништо добро во неговиот живот, додека не замине да гори во пеколот.
Се изнервирав!
 

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Шлеперов од титаниум да не е? Страшни работи се дешаваат, се смрди, смрди уште од дента на сообраќајката. Прв пат ВЕЧЕР објавува слики од камионот после 3 недели од несреќата. Најверојатно има нешто, некој е дебело платен за вакво сценарио, но останува да покаже времето. Штета што Тошка испадна жртва на подземјето, кое сите знаеме функционира перфекно
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
:ija: :ija: :ija:

Господе, што е ова???
Се запрепастив!!!!
Ако е ова вистина, не би имала зборови со кои би го искажала својот гнев, разочараност и тага што постојат злобни и проклети луѓе!
А ќе се открие кога-тогаш што се случило навистина.

...
 

Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
...Дур читав останав зината во устата!
Како можи да постојат такви мизерни, подли, клети луѓе??
Неам зборој бе..Не знам како да го извадам бесот од мене!!
Ех Тошка, Тошка. Те зеде некој на душа, ама скапо ќе плати!
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
:ija: :ija: :ija:

Господе, што е ова???
Се запрепастив!!!!
Ако е ова вистина, не би имала зборови со кои би го искажала својот гнев, разочараност и тага што постојат злобни и проклети луѓе!
А ќе се открие кога-тогаш што се случило навистина.

...
Македонија, земја во која сите атентатори (во обид) се наоѓаат на спротивната страна од решетките.

Иако сликата на камионот наведува на крајни сомнежи, тогаш како Туарегот се претворил во лименка? Од што? Метеор ли го погодил? Сигурно е дека од страничен удар (доколку камионот го турнал џипот) не може на џипот да му се случи она што се случи.

А ако сепак зад сево ова стои некој; да даде Бог камион два пати поголем да го прегази и смачка. Не е христијански, признавам. Ама искрено му го посакувам тоа.

Мајсторе...те оставам на мира. Со ова нека се занимаваат МВР, ловците по тиражи и сензации, луѓето кои не можат да се соочат со фактот дека не си тука.

Има некој кој гледа се. Правдата твоја ќе си ја добиеш, вака или онака.
 
Член од
30 октомври 2007
Мислења
136
Поени од реакции
0
ova od damna smrdi kako sto smrdi cela drzava toa odamna go znam citam megu redovi.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Vecer???...pa i Vecer ima GAZDA...
Od druga strana ,ako ona na slikata e navistina kamionot vo koj se udril tuaregot..koj moral da se dvizi barem so 271 km/cas ( sic... 270 + 1 !!) za da udarot bide so 170+1 vo kamion koj eve ...se trkalal so 100 km/cas... (ova ovaka seljacki ...strucnjacite poprecizno)..togas nisto ne e jasno......
Ako samo go odbutnal togas kade e "tretiot" ucesnik...koj moralo da bide od klasata BTR ili pak kako sto spomna nekoj pogore...meteor koj od "udarot" isparil...
Da ne bide uste ednas: krivi se pilotite !! Ili toa e voobicaena "dijagnoza"???
-
-
-.......ili pak tuarezite se napraveni od nekoj metaliziran karton..i selotejp???
 

Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
Аман.Не сте живи ако не извадите мал милион шпекулации.Ма шо е важно како умрел човекот?Ич не е битно.Умрел и крај.Го нема повеке.Сега сите само бараат виновници.И што од тоа?Ке ви биде ли така полесно?...Кој уствари ви дава право да ги правите овие шпекулации?Никој.Живејте си ги вашите мали досадни животчиња,најдете си некоја занимација и оставете го човекот да почива на мира,и неговото семејство да го жали во тишина.Премногу галама.
Ако немате нешто поинтересно да правите од животот,освен да шпекулирате,одете земете си ЛСД и халуцинирајте малку...досадно сте инаку.
 

ВМРО

Loved By Few, Hated By Many, Respected By All
Член од
12 септември 2005
Мислења
1.863
Поени од реакции
26
Друга работа мене ми е чудна...одма го донесоа телото...утредента го закопаа....а што ми е најчудно....нашиве многу инсистираа возачот на џипот да му се суди во Македонија. Оваа работа многу смрди....мене уште денот не ми беше јасно како туарег при удар од 60 km/h , може така да се распарчи?
Бог да го прости...детето си замина.
 

head

ЧОВЕКОТ СО МАЛО ТЕЛО
Член од
15 септември 2005
Мислења
1.412
Поени од реакции
598
Уште една ли смрт на познати личности од држава ќе остане мистерија ?
Да , човекот повеќе не е меѓу нас , ама од почит кон него потребно е до крај да се истера работава .
Сомнителна е работава , многу !
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom