Вашиот живот до сега - на кратко!

M

**MEMORY**

Гостин
Се започна еден есенски ноемвриски ден пред 19 години кога на свет дојде едно беблаче....гугу...
за во градинка не се сеќавам ништо
основно ептен успешна ученичка и во тој период бев член на модерен балет и фолклор
средно - најубавиот период досега
факултет - бруцош сум

Со најнови информации ќе бидете благовремено известени.
 

Bertone

Автомобилски Дизајнерски Гуру
Член од
1 октомври 2007
Мислења
808
Поени од реакции
6
Роден ко мал во битолската болница во зградата која нема број (ББ), роден на улицата Партизанска аџаба борбен.

Дата: 31 октомври 1985 година.

Време: 11ч и 15 мин.

Хоро(р)скопски знак: Скорпија

Првите неколку дена, спиев ко ненормален, се препив плацентна течност и знаете мамурлок и само сереш кај ќе стигнеш, успат мочаш.

Пораснав голем...5 години, висок...машала 160 :) пупу...ме пратија забавише. Бев висок колку учителката Мирјана. Не ме собираше во малите столчиња за 125cm пижлаци и го крадев резервниот стол на учителката.

Го тргнаа Тито од над таблата и сите сакавме да го линчуваме служителот Миле со неговото жолто „стоедно“ кое ги јаде шајките за другарот Тито :) Нека му е вечна слава.:salut:

После саааааатите поминати пред рускиот проектор (читај проџектор) за Бошко Буха и цртањето на морбидните сцени као загинал „тенковска граната „го скина“ и отиде јабана!“. Приказните за Мачорот в чизми...или в патики...стигнав некако во „Прво Дрво“!

>> Fast Forward...

Основно сменав училиште...заради моја интерна преселба (од кај баба ми...дома сам во станот:) ), па налетав да учам со најголемите деликвенти во Битола, од skinhead-и, до обични шанкуриња-бескуриња, тепачи од втора лига итн :)

8-мо оддление, Прва Републичка Награда со 100 поени максимални на Астрономија во Народна Техника (Берово 2000).

Награда за натпросечна интелегенција анд адер булшит.

Дојде средно...цивилизарно беше. „Горна гиманазија“, природно-мататички...секојдневна борба со професорите. Првите љубови, мувања, секс :), алкхохол...коли...беснеење итн :)

Успат станав член на МЕНСА (здружение на натпросечни интелегентни серковци, настрани луѓе ...и што не...NOOO THANK YOU,anymore).

Ме стигна војната...2001, кршење низ градот. Место да тетравиме, за инает на старите праевме свирки, журки...итн.

Завршив средно...се запишав на Техничка Информатика Битола.
Не ме бендиса првата година...се запишав Скопје на Природно-Математички Факултет на Физика, отсек Применета Физика - Астрофизика. Кога видов со какви лудаци ќе си иам работа... R во Битола да продолжам на Информатика. Уште малку ќе дипломирам.

Успат си купив и продадов 3-4 коли. Мојата љубов автомобилите.

Се занимавам со уметност (ликовна), читање..пишување.

Љубов: Една тригодишна хорор врска, сега...една година и 3 месечна врска, супер е.
Успат багаж од...20-тина девојки...one night stands повеќето...или ако рачунаме по 3-4 едно месечни врски.

Секогаш борејки се за обесправените...и секогаш борба за правда!

Член на Кајгана веќе една година.

Прво ме знаевте како VOLKSWAGEN сега како Bertone, имаше некои недоразбирања...се испеглаа на крајот...па и по заслуга на едно 30-тина форумџии... I AM BACK :)

Поздрав...анд гуд најт...деј...ватевр...
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Родена на 29.04.1989. во 02:30 часот на Велика Сабота.
Мало ситно и мирно бебенце сум била,барем така викаат.:)
Почнав да растам,почна и косaта да ми се витка и сите ме закачаа и ме штипеа.
Не одев во забавиште,туку ја фатив последната година во градинка.Се сеќавам дека ич не бев талентирана(не дека сега сум:pos:) за цртање,ама од жал учителките ми закачија цртеж на паното за да се радувам.
Прославата беше многу убава на крај од годината.Си добив и диплома.А да заборавив почнав и со курсеви англиски.Ја добив и првата диплома по англиски.(на која ми е згрешено презимето:))
Септември,1995.Прво одделение.Изгубена во време и простор.
Набрзо ја добив и првата џумка,во наредните месеци и години се здобив со безброј модрици,расцепена уста....
Август 2000.На одмор во Маврово,го изгубив моето најсакано кученце,раса - пинчер,кое се викаше Теа.Набргу земав и друго исто такво,кое што многу го сакам,но не си ја заборавам мојата Теа.
Во меѓувреме растам,се развивам,се смеам,први љубовни маки и болки и солзи.
Јуни 2003.Полуматура..Неколку дена претходно,некои неубави работи,модрица на раката на полуматурата,ама убаво беше.
Септември,2003.Прва година.Повторно изгубена во време и просторот.Тешко ми беше да се снајдам,ама полека полека се опуштив.
На 11.11. таа година го добив и првиот кец.Физика.
Во меѓувреме се и сешто се случуваше...
Јули 2004.Запознавање со татко ми.Многу важен,можеби и најважен момент во мојот живот.
Јули 2005.Првиот официјален одмор со друштво,а јас со потечено колено.Смеење глупости.
Декември 2005/Јануари 2006.Првиот бакнеж и првиот дечко.
Понатаму следеше разочарување од некои особи,повтроно повредена,ама продолжив.
Aприл,2006.Се офарбав плава.Сеуште сум плава(се разбира само бојата на косата,но не и мозокот:pos:) и немам намера да ја менувам бојата на косата.
Октомври 2006.Се зачленив на форумов,но бидејќи бидна нели тоа што беше,па Јануари 2007. повторно се зачленив и се уште сум тука.Преку него запознав многу пријатни и прекрасни луѓе.
Потоа следува многу работи,како прво место на Кенгур во школо,математика(чудо невидено),стекнување нови пријателства,прекинување стари...
Мај 2007.Матура.Супер си поминав.Прекрасно.Заврши и таа етапа од мојот живот.
крајот на јули/почетокот на август. Одмор Будва.Најлудиот и најнезаборавниот одмор.
Јуни 2007 полагав ФС и го положив!
Октомври 2007.Почетокот на академското образование.Правен Факултет отсек политички науки.Сега за сега е супер.
Плус сега ми се случуваат некои многу убави моменти кои се надевам ќе продолжат да траат.
Се осеќам дека некои работи почнаа да си доаѓаат на свое место.

.
 

Bertone

Автомобилски Дизајнерски Гуру
Член од
1 октомври 2007
Мислења
808
Поени од реакции
6
Потоа следува многу работи,како прво место на Кенгур во школо,математика(чудо невидено),стекнување нови пријателства,прекинување стари...

Јуни 2007 полагав ФС и го положив!
Октомври 2007.Почетокот на академското образование.Правен Факултет отсек политички науки.Сега за сега е супер.на свое место.

.
К(читај Ќ)енгур бе :) :pos2: СКРОС забораив дека и на такво срање си го иам трошено паметот...

Маичка...тефтерче (поп. наречен КИТАП :) ) демек да вежбаш задачи во (на) него...и пенкало.

НИКОГАШ не сфатив зошто КЕНГУР се вика натпреварот...ама нема везе, како што локалниот драгстор се вика(ше) „Слатка Тајна“ зошто не и тоа Кенгур. Како не им текна натпревар во физика „Ној“...од незнаење сите главата в земја да ја пикаат ...ерго ...Ној:)

Па уште малце ќе наредевме хемија „Динго“, историја „Коала“...ќе видиш нема да видиш ...џоа...во Австралија да сме...
 
Член од
11 септември 2007
Мислења
188
Поени од реакции
10
Е па вака
Роден на 04.01.1989 година,во Скопје,на седум години моите ми купиле хармоника,од тогаш до прва среднио свирев хармоника,па запишување во средно,по дискотеки глумење нешо,мување ова она. По запишување во средби музичко заваталување на хармониката и префрлање на пијано. Во втора година си фатив девојка со која сум до ден денес и многу ја сакам,дури мислам и дека таа е "The one",а во истиот тој период и си купив сајзер. Во трета негде ја имав првата свирка на дипломска,у четврта бев во грција на екскурзија,едно од најубавите работи што ми се имаат случено. После матурирав,па завршив ни јас незнам како на филозофски факултет на институтот по филизофија. Сеа сум у план да купам кола,и да праам мое лично музичко студио пошо од поодамна си праам песнички. Тоа е онака у кратки црти до сеа....
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.681
Поени од реакции
13.295
Скопје 6. август 1985 година AD (40 годишнина на Хирошима) 10:30. Цело племе на одмор освен родителите и брат ми дома. Голем плачко, цело време сериозен и да нон-стоп чепкав низ дома - тарашкав.

Животот во градинка (1989 - 1992). Воглавно тапа (не ја спомињам храната - ден денес ми работи стомакот наопаку поради неа). По дома супер весело, тепачки со брат ми секојдневно, надвор играње со комшивчињата. Често спиев кај баба ми кога моиве искачаа надвор на ноќен живот. Таму безгиржното играње (гњавење) на мачките.
Основно училиште
Прво до четврто одделение (1992-1996) - класично доба. Тука го добив и првиот компјутер - причината што потфрлив подоцна на школо. Во исто време (1992) учев основно музичко во МБУЦ. Првата љубов тука се деси која заврши неславно. Многу дружби (воглавно затоа што бев од ретките тогаш што имав компјутер - цело маало се собираше да играме Prehistorik 2) првиот бокс го попив од еден фраер во школо, брат ми несакајќи ми скрши заб - последиците се видливи и ден денес. Последната година се запишувам на Англиски јазик.

Петто до осмо одделение (the dark ages 1996 - 2000).
Неславно почнување на школската година. Многу предмети, малку фаќање книги, кретени од наставнички (2 беа). Во овој период можеев да си го уништам животот - добив сунчаница од возење ролери на температура од 39 С. Во овој период изгубив еден од најдрагите и најпочитувани лица во целиот свет - дедо ми. На крајот (8мо одд.) се надзираа почетоците на ренесансата. Сепак на крајот се заврши во најпотполен ред и весело (полуматурска)
Гимназија - Ренесанса (2000 - 2004), најомилениот период од мојот тековен живот. Прв пат кога стапнав во гимназијата викам кои се луѓево (пред тоа сите се знаевме од маало бевме во основно). Друштво, зезање искачања (не многу :(). Надградување на информатичките технологии -нов компјутер. Овој пероид беше исто проткајан со многу патувања (прв пат во Хрватска (Брач, Сплит, Дубровник), Грција (Метеори, Солун), Бугарија (Банско, Велинград), Србија (Белград, Лепенски вир, Ѓердап, Крагуевац). Крајниот период се познат како Solitudine - брат ми замина во САД на завршување на гимназија. Во овој период го завршив курсот по англиски и го започнав италијанскиот.

Романтизам.(2004 - денес) Неславно почнување на академската година (етнологија), појава на незадоволство, меланхолија, црни мисли. По незадоволството манифестирано со протест привремено повлекување од високообразовниот живот (2005) и посетување на курсеви. Една година подоцна - појавување на светлина во животот, запишување на Археологија, пронаоѓање на самиот себе во овој луд свет. Последнава година добро напредување во образовниот, љубовниот и здравствениот план. Зачленување на повеќе форуми (кајгана е една од нив). Денес среќно заљубен, оптимистички расположен.
 

Necrophilia

Find Beautiful Womans from your city for night
Член од
13 август 2006
Мислења
7.633
Поени од реакции
140
се родив 7 дена порано - на божиќ 1988 :) потоа заминав со мојте за германија и таму многу се тепав со циганчињата и босанците оти имав нешто у крфта изглеа и имам и бајаги спомени и лузни и од таму. На неполни 6 години дојдов во Македонија и се запишав во забавиште ама само пола година пола ја утнав како и да е ми дадоа диплома дека сум завршил и покрај тоа што до 2 одделение незнаев ни 30% македонски да зборам. :)
оти многу сакав да тепам ме запишаа прво на џудо но со едни братучеди се отпишав и отидов со нив на карате. Во основно како и нормално запознаваш многу типки, прва љубов, прво мување (сексот малце покасно дојде т.е. многу покасно) прв допир до дрогата, алкохолот, панкот, стрит панк живеењето и така... а исто така и 1995 прв допир со мобилната технолигија :)
одкако си завршив основно и доста многу работи пробав во мојот живот (освен секс, хаш, херион и кокаин) требаше да планирам што сакам да сум во иднина. Се двоумев помеѓу Средно Музичко, Електро или Средно училиште за Физичка кулутра. И одбрав УФК поради многуте спортски активности и успеси и башка на крај кога ке матурирам на дипломата ми пишува исто како гимназија да сум завршел што значи дека одкако ке завршам можам да бидам што сакам (келнер, таксист, наркоман, панкер итн...) И најлудите години ми беа во средно, прва вистинска дрога, прво вистинско касапење, прво вистинско тепање до онесвестување, прв секс, прва вистинска љубов итн... помина и тој период премногу брзо се заљубував во средно и сега сум на некоја мала апситененција... :)
 
Член од
25 септември 2007
Мислења
1.436
Поени од реакции
45
Битола, 1988 - 29 септември, се родив во битолската болница
забавиште - многу авантури со убав и неубав крај :)
основно - поминав со сите петки, проблеми со некои наставници, многу дружење забава
2001 - војна хаос, најлошиот период од мојот приватен живот, досега,
потоа се тргна на подобро....
2003 - средно, прва година, нови предизвици во мојот живот, времето помина многу брзо, како да беше вчера....
2005 - започнав со некои активности, основав веб страница, која од ден на ден стануваше се по популарна, особено кај оние кои живеат во странство, успешен проект во мојот живот
2006 - патување во Хрватска, навистина прекрасно си поминав, но откога си дојдов животот ми тргна уште поубаво
2006 - јули, купив автомобил, иако немав 18 години, го возев 3 месеци без возачка, навистина возбудливо, бегав кога ќе видев полиција, неколку пати ме фатија, но без сериозни последици
- полагав во октомври, положив (најважно на полагање отидов без возачка)
2006 - ја пронајдов мојата вистинска љубов, но подоцна сфатив дека сакам друга :)
2007 - Имам своја компанија, успешен бизнис, се запишав на факултет во Охрид - Осигурување, девојките ми се опсесија - имам многу време и за нив во мојот живот, особено за оние кои имаат карактер каков што посакувам.... животот продолжува....
 

Clen 7

Од Форумот
Член од
5 јуни 2007
Мислења
2.843
Поени од реакции
360
Se rodiv i uste ziveam. Nisto posebno sto moze da odvojam,osven toa sto imam edno vampir4e vo mojot zivot.
 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
сум се родил во Скопје во среда(12-02-86)!имам завршено основно,средно медицинско и сега студирам македонски јазик!што и да кажам повеќе за себе ми иде ко да си се фалам!па затоа тука завршувам!
 

Marinka

~petit etoile dans mon coeur~
Член од
7 март 2007
Мислења
590
Поени од реакции
2
Хех, интересни приказни.

Ми текна дека во средно имав другарце што сме иделе заедно градинка па почна да носи слики од мене како мало. Значи бев едно плаво и нормално со огромна глава и бусава коса. Така едно 4 години ме реметеа за тоа во школо. Иначе градинката ми беше најјака. Секоја година играв на тоа претставите само бидејќи бев највисока од сите бодито не ме собираше па се шетаво по гаќи и маица и проѕирно сукњиче. :vozbud:
Е после тоа основно, секогаш највисока и се така до факултет :pipi:
У основно сакав да се тепам со машки, ми траеше пасијата се до 1 година средно. И од тогаш еве сум мирно и фино. Бубам нон стоп, шетам што стигнам, се обидувам да учам француски, читам по малце италијански и така се по ред.

Се на се, фино и убаво. Задоволна :pipi:
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Сосема на кратко:

Ж....
 

Clen 7

Од Форумот
Член од
5 јуни 2007
Мислења
2.843
Поени од реакции
360
Моментално сум на 21во ниво:)
На факултет сум .Фамилија..нема уште,рано ми е бре.
Од војската ништо. Работаа...па по малце.не се жалам ама....
Може боље.може многу боље.
 

STARTER

Firestarter
Член од
31 август 2007
Мислења
935
Поени од реакции
246
Па до трета фаза, вегетирам некако, факултетот се гура
 

Kajgana Shop

На врв Bottom