LHC Судрувач на честички (Церн, Божја Честичка, Бозон, Хигс)

  • Креатор на темата Креатор на темата Mlad_man
  • Време на започнување Време на започнување
сеуште ја читам книгата, интересна е ебаго.
ова за црната дупка, шансите се 50-50
или ќе биде или не :pos2:
 
И од кога помислив дека експериментот поминал и се е ок (а и се ќе биде ок) еве ги пак:

http://www.dailymail.co.uk/sciencet...d-world-say-scientists-court-bid-halt-it.html
Да се пали или не?
Large Hadron Collider, 5,4 милијарди евра вредниот експеримент на чија изградба се работеше повеќе од 10 години и кој за отприлика десетина дена треба да биде вклучен, најверојатно би можел да ја уништи планетава. Колку да знаете.
Најголемиот забрзувач на честички на планетава е изграден со цел да се откријат тајните на Големиот Бум, и да се добијат витални информации за почетокот на животот на планетава.

Меѓутоа, според група научници стартувањето на машината, сместена на околу 100 метри под швајцарско - француската граница, неминовно ќе доведе до создавање на голем број црни дупки кои на крај ќе ја проголтаат Земјата.

Професорот Ото Рослер, еден од критичарите на проектот, тврди дека експериментот го прекршува правото на живот гарантирано во Европската конвенција за човекови права, заради што по оваа основа и поднесе тужба против стартување на експериментот пред Европскиот суд за човекови права.
66D44EA0B0B3FF4AB3BA4F959D689D73.jpg

"Моите пресметки покажа дека е доста возможно овие мали црни дупки да преживеат, да почнат експоненцијално да растат и да ја јадат планетата од внатре. Повеќе пати ги повикав CERN да одржат конференција за безбедноста во која ќе ги оспорат моите заклучоци, но тие не беа волни да го направат тоа," изјавил професорот Рослер.

Претставниците на CERN, ги отфрлаат ваквите тврдења како апсурдни и инсистираат дека е опширни безбедносни проверки покажале дека експериментот, кој е спонзориран од 20 држави, е безбеден.

"Во изминатите милијарди години, природата веќе генерирала толку колизии на Земјата, колку што би создале и еден милион LHC експерименти, и планетата се уште постои. Самиот животен век на мини црните дупки е многу краток," стои во еден од извештаите во врска со експериментот.

Портпаролот на CERN, за Сандеј Тајмс дополнително објаснил дека тоа што експериментите ќе го произведат редовно се случува во природата, благодарејќи на космичките зраци.

Зракот на протони на Large Hadron Collider ќе биде пуштен низ 29 километри долгиот тунел, каде повеќе од 5.000 магнети ќе ги забрзуваат милијардите честички речиси до брзината на светлината. Ќе има два вакви зрака кои ќе патуваат во спротивен правец, речиси до брзината на светлината. Кога ќе ја постигнат оваа брзина, двата зрака ќе се судрат еден во друг распарчувајќи се на парчиња, при што можеби ќе се создаде и дел од универзумот.

Извор
 
Во врска со црната дупка е ептен опасно, но многу се мали шансите да се случи тоа.Во акцелераторот покрај откривањето на тоа како настанал универзумот може да се добие и фусија, или антиматерија - што да се добие од ова може да значи крај на енергетската криза во светот, но се зависи како ќе се искористи тоа.
 
Шест дена до крај на светот?

За 6 дена е планиран еден од најопасните и најважните експерименти до сега. Со овој експеримет треба да дознаеме како е создаден светот, односно како настанала вселената и што точно се случило пред 14 милиарди години.
Експериментот треба да се изврши некаде близу француско-швајцарската граница, на длабочина од 100 метри под земјата.

Многу научници се противат на експериментот, бидејќи во него гледат реална опасност да тие црни дупки да се прошират и да ја проголтаат и земјата.
http://www.idividi.com.mk/Futurama/Nauka/466295/index.html
 
6 дена до докажување наглупоста.... И кога ке нема црни дупки ке биде, џабе пискавте и трубевте по медиуми.

П.С. Знаете дали на марс примаат евра или долари?
 
А бе ние сме баксузи нас црна дупка не не голта ич не му се секирам :pos2::pos2:
 
Е барем кога ќе ја проголта целата планета сите пак ќе сме заедно :pos2:!!!

Јас верувам само во Бог! Така да ќе го чекам крајот по Откровението....:baeh:
За вас незнам...ваше право....:pipi:
 
Стравот прави најмногу пари..Така да мислам дека ова се бабини деветини..Ако беше реално ова, ќе го експериментираа некаде каде што не живеат луѓе, во пустина вамте тамте..Глупости!
 
На децава не му е јасно... Акцелераторот ги забрзува честичките, додека да се создаде “црна дупка“ која фактички е забрзана честичка повеќе од брзината на светлината и ги впива сите честички околу неа. И кога ке се престане со забрзувањето... честиките ке застанат и толку од црната дупка. Незнам што е тука нејасно или проблематично.
 
Ако де, ќе си ризикуваме.
Ја сум ,,оптимист‘‘ дека ќе биде крај на светот. :)
 
сеедно бе :) не се замарам и да е и да не е 6 дејс лефт :)
 
Ako bi se slucilo toa sto go predviduvaat nema ni da osetime deka ke ne snema zosto toa bi se slucilo vo period nanosekundi..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom