Кошаркарите на Фени Индустри ја преслушаа Лариса во подготовките
Со 86 : 68, македонскиот кошаркарски шампион ФЕНИ Индустри славеше на пријателскиот натпревар против Лариса кој се одигра во Охрид.
Со победата над Лариса од 86 : 68, Фени Индустри ги започна подготвителните натпревари за следната сезона.
Во тимот на македонскиот кошаркарски шампион играле сите кои му се на располагање на тренерот Емил Рајковиќ, а според информациите кои ги добивме, на натпреварот влегол да игра и Маријан Ѓуров кој се уште е недоволно опоравен од повредата.
Сепак, и тој на кратко придонел за победата на тимот, во кој поради репрезентативни обврски недостасуваат Златко Гоцевски и најновото засилување Дарко Соколов.
Со оваа победа, сите во тимот од Кавадарци се максимално задоволни и најавуваат атак на двојната круна во домашниот шампионат и ако им се укаже можност и победа во регионалната лига БИБЛ.
Извор