КОШАРКА
Соколов потпиша за Фени Индустри
Актуелниот првак на Македонија во кошарка и освојувач на Куп за преодниот пехар на Вечер, Фени Индустри продолжува да се засилува. Според портпаролот на клубот Дивна Пешиќ , репрезентативецот Дарко Соколов во новата сезона ќе го носи дресот на кавадарчани и тој е втората звучна, домашна, аквизиција, после Ѓорѓи Чековски.
Соколов во изминатата сезона играше за Струмица 2005 која соочена со финансиски проблеми ги ослободи играчите од обврските. Тоа го искористи и како слободен агент потпиша едногодишен договор со Фени Индустри