Skywallker77 - доколку масонот направи кривично дело, никој нема да му помогне во тоа. Не само затоа што ги нарушил законите на државата, туку и масонските закони и правила. Да, за неверство се губи членството - познат пример од нашите простори е Иво Андриќ, кој е исфрлен во 20-тите, заради тоа. Тоа е дел од обврските и заклетвите кои секој масон ги полага и од тоа нема отстапување. Доколку некаде, некој отстапи, тогаш тој прави исто толку голем прекршок. Рано или доцна - таквите ситуации се доведуваат во ред.
А за пишувањето на форуми - зошто да не?! Има десетици чисто масонски форуми (нема на македонски јазик). Има илјадници веб-страници со масонски содржини. Идејата дека масонството се држи во тајност е чист апсурд. Масонството е присутно во јавноста од 1717-та година наваму - речиси 300 години.
Cudo - тоа е легенда од разно-разни неособено квалитетни автори дека Темпларите го поседувале Светиот Граал, па потоа го предале на масоните. Проблемот е во следното... Нема никаков доказ дека Темпларите го поседувале Светиот Граал. Разно-разни автори, претпоставуваат дека е така и дека заради тоа добиле толку многу привилегии од страна на црквата, но тоа го базираат на логиката "штом црквата им дала толку привилегии, значи мора да го имале Светиот Граал". Нема никаква основа за тоа да се тврди, нема никакви докази, нема ни податок што точно претставува Светиот Граал.
Сепак - тоа не пречи на илјадници автори да печатат книги и да ги продаваат, полни со илузии, измислени податоци и непоткрепени приказни... се разбира - луѓето се прават за да спечелат некој долар - некои како Ден Браун, се дури и многу успешни во тоа.