Масони

Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
зошто кога се тајни главниот кај нас на ложата се кажа со име и презиме и даваше интервју дали некој му дозволи
Тоа само ти докажува дека масонството не е тајна организација. Секоја Голема Ложа во светот е јавна, не знам на уште колку начини да го објаснам тоа... Во САД и Канада, никој не го крие своето членство. Во делови од Европа, да, но пред се, затоа што е опасно - има многу фанатици кои би сакале да им наштетат. Сепак, дури и во Европа, се знае за ложите, Големите Мајстори обично се јавни личности и јавно истапуваат во медиумите, така што целата идеја за "тајност" е доста погрешна.

и како тоа се многу јаки а кај нас не му даваат да лета копанијата
Приватниот бизнис нема никаква врска со ложата.

и колку нашата ложа мислам на македонската е етаблирана односно какво место заваќа во светски рамки
Секоја ложа делува и дејствува само и единствено во рамки на сопствената држава и не се меша во работењето на другите ложи. Така што Македонската ложа е на исто место со било која друга ложа во светот.
и колку или како му има поможено дали нашата ложа или друга на државата
Ложата не, затоа што нема како ложата да помогне. Но - поединечни масони го прават тоа секојдневно, секој на свој начин. Имам зборувано за тоа низ темава.

и како е можи хомосексуалци да примате не ми е јасно :smir:
Зошто да не? Сексуалната ориентација не пречи на личниот развој на човекот, ниту пак на вредностите кои тој ги има.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.236
Поени од реакции
84.233
Смеете да зборувате за ритуалите/церемониите/обредите?
 
Член од
22 август 2009
Мислења
615
Поени од реакции
221
Внатрешните церемонии се само за посветени. Причината што се тајни и што се чуваат само за членовите е токму затоа што тоа ја создава поврзаноста меѓу масоните низ целиот свет. Јас, тука во Торонто, некој во Скопје и некој во Токио, сме браќа, токму затоа што сме поминале низ истиот процес на иницијација. Тоа не врзува, тоа не сплотува. Едноставно е чин на создавање на меѓусебна врска и доверба.

Може. Секој може тоа да го прави. Па сепак - не го прават. Поскоро треба тоа да се запрашаш... зошто останатата популација не го прави тоа што ние го правиме - да се посвети на подигнување на моралот, на духовните вредности, на меѓусебното помагање, на братски односи меѓу сите луѓе без разлика на вера и нација... Тоа треба да се запрашаш.
Заради првиот дел ве сметам за секташи, а за другиот едно прашање, дали меѓусебното помагање, братски односи кои вие ги прокламирате се однесуваат само спрема останатите масони, а рајата кој ја врти. Сам имаш кажано дека ако препознаеш некој масон во невоља ќе му помогнеш, а дали ке го направиш тоа и за некој друг. Лично сметам дека сте целосно изманипулирани дека правите нешто добро, а всушност работите во интерес за некој друг.
 
Член од
26 октомври 2009
Мислења
420
Поени од реакции
12
Ej abe vie masonite nosite li nekoi obelezja na vas na primer prsteni lancijna kolbi ili slicno ne obicen nakit tuku nakit so simbolot na Masonstvoto ?
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Смеете да зборувате за ритуалите/церемониите/обредите?
За доста голем дел од церемонијата, да. Веќе имам доста за тоа зборувано низ темава.

Заради првиот дел ве сметам за секташи,
Ако отидеш денес на тренинг на Манчестер Јунајтед, дали мислиш дека ќе те пуштат да влезеш, без да бидеш член на тимот или да бидеш специјално акредитиран за да можеш да присуствуваш? Не - затоа што тоа е само за членови на клубот. Дали тоа ги прави и нив секташи?!

а за другиот едно прашање, дали меѓусебното помагање, братски односи кои вие ги прокламирате се однесуваат само спрема останатите масони, а рајата кој ја врти. Сам имаш кажано дека ако препознаеш некој масон во невоља ќе му помогнеш, а дали ке го направиш тоа и за некој друг.
Се разбира дека помагаш и на други. Каков човек ќе си ако не го правиш тоа?! Но - ако твојот роден брат е во невоља, дали прво ќе му помогнеш нему, или на некој друг? Апсолутно исто е и кај нас...

Лично сметам дека сте целосно изманипулирани дека правите нешто добро, а всушност работите во интерес за некој друг.
За кој друг и како тоа сме изманипулирани?! Со што? Со тоа што помагаме на разно разни добротворни организации? Со тоа што помагаме образовни институции и генерално го поттикнуваме образованието, науката и уметностите? Со тоа што се залагаме за повисоки норми, критериуми и морални вредности во општеството?! Да, многу голема манипулација е тоа... страшна дури...:toe:

Abe brat mozes da imas samo so krv vrzan so nisto drugo . Samo roden brat
Можеш да имаш и многу други браќа - на пример брат во Христа... зарем не?

Ej abe vie masonite nosite li nekoi obelezja na vas na primer prsteni lancijna kolbi ili slicno ne obicen nakit tuku nakit so simbolot na Masonstvoto ?
Секој според личните афинитети... некои носат, некои не. Обично се носи прстен и/или значка.
 
El Bohemio

Silver Gate
Член од
6 јули 2009
Мислења
1.058
Поени од реакции
943
Не те разбирам, што сакаш да кажеш?:toe:

Тогаш не разбираш и кои се Масоните и за што се залагаат, како што кажува zidarski ако навистина и тој е масон или само така сака да се претставува пошто сам има кажано дека има многу луѓе кои се претставуваат како масони а се лажни, и дека има организации кои се претставуваат а исто така се лажни... сеа кој е кој и што е што...
 
Член од
22 август 2009
Мислења
615
Поени од реакции
221
Тогаш не разбираш и кои се Масоните и за што се залагаат, како што кажува zidarski ако навистина и тој е масон или само така сака да се претставува пошто сам има кажано дека има многу луѓе кои се претставуваат како масони а се лажни, и дека има организации кои се претставуваат а исто така се лажни... сеа кој е кој и што е што...
Ај ако сакаш кажи страна на која пишува што се и за што се залагаат!
А и прочитај што цитирав погоре нема везе со тоа дали знам што се масоните и за што се залагаат!
 
El Bohemio

Silver Gate
Член од
6 јули 2009
Мислења
1.058
Поени од реакции
943
Skywallker77 - доколку масонот направи кривично дело, никој нема да му помогне во тоа. Не само затоа што ги нарушил законите на државата, туку и масонските закони и правила. Да, за неверство се губи членството - познат пример од нашите простори е Иво Андриќ, кој е исфрлен во 20-тите, заради тоа. Тоа е дел од обврските и заклетвите кои секој масон ги полага и од тоа нема отстапување. Доколку некаде, некој отстапи, тогаш тој прави исто толку голем прекршок. Рано или доцна - таквите ситуации се доведуваат во ред.
А за пишувањето на форуми - зошто да не?! Има десетици чисто масонски форуми (нема на македонски јазик). Има илјадници веб-страници со масонски содржини. Идејата дека масонството се држи во тајност е чист апсурд. Масонството е присутно во јавноста од 1717-та година наваму - речиси 300 години.

Cudo - тоа е легенда од разно-разни неособено квалитетни автори дека Темпларите го поседувале Светиот Граал, па потоа го предале на масоните. Проблемот е во следното... Нема никаков доказ дека Темпларите го поседувале Светиот Граал. Разно-разни автори, претпоставуваат дека е така и дека заради тоа добиле толку многу привилегии од страна на црквата, но тоа го базираат на логиката "штом црквата им дала толку привилегии, значи мора да го имале Светиот Граал". Нема никаква основа за тоа да се тврди, нема никакви докази, нема ни податок што точно претставува Светиот Граал.
Сепак - тоа не пречи на илјадници автори да печатат книги и да ги продаваат, полни со илузии, измислени податоци и непоткрепени приказни... се разбира - луѓето се прават за да спечелат некој долар - некои како Ден Браун, се дури и многу успешни во тоа.

за болдираното :
како ти го кажуваш тоа а Српскиот уметник исто така и екс голем мајстор на ложата - масон кажува дека Ако Караџич* му побарал помош тој ќе му ја пружел и ќе го сокриел...(немој да речиш дека * се борел за човекови права, како и да е, прекршил закони и е на црни листи на сад ).
За какво неверство зборуваш? Кон организацијата? Или на пример и кон својата сопруга , ваша сестра , за што ти велеше дека тоа е лична работа на човекот и дека нема потреба да е исфрлен од ложата...

Ај ако сакаш кажи страна на која пишува што се и за што се залагаат!
А и прочитај што цитирав погоре нема везе со тоа дали знам што се масоните и за што се залагаат!

Другар ако ја пратиш темава ќе заприметеше дека гореименуваниот се претставува како масон и цело време се труди да ни ги објасни сите нејаснотии за масонеријата, така да тој низ постовите негови ни кажува дека Масоните се залагаат за најдоброто на светот...па сега според твојата теорија дека Масоните владеат со светот а тој е во хаос не е некако адекватна со тврдењата на zidarski... тоа сакаше да ти го кажи и другиот другар што ти не го разбираше....:smir:
А за страната што ја бараш прашуваш на погрешно место. Мислам дека zidarski ќе ти го даде точниот одговор...
 
Да бе, не видов дека е во контекст на пишувањата на нашиот слободен ѕидар, фала.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
263
Поени од реакции
34
И не ти се обратив тебе за ти да демантираш туку на именуваниот во постот од предходно. Не давај глупави примери и не размислувај детски... Aко беше ти Некој или Нешто ќе знаеше за што всушност правам муабет но nvm
off : Ти ја знам и другата страна на лицето
Kako prvo ne se javiv za da Tebe ti repliciram tuku da iznesam stav za drugite citateli da imaat soznanie sto e i kako e oti i jas sum toa sto sum isto kako i Zidarski koj saka na slepite da im dari vid a istite pri ochi ne gledaat.Taka da ako mislis deka so napadi i drskosti ke izlezes golem se lazes oti prosvetuvanjeto e za golemite po duh a ne za onie polni so omraza i gnev.Istite pri sonce ke ostanat vo temnica. ti si eden od niv po moe viduvanje,eden od onie sto znae se.Zatoa zivejjjj!!!
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
за болдираното :
како ти го кажуваш тоа а Српскиот уметник исто така и екс голем мајстор на ложата - масон кажува дека Ако Караџич* му побарал помош тој ќе му ја пружел и ќе го сокриел...(немој да речиш дека * се борел за човекови права, како и да е, прекршил закони и е на црни листи на сад ).
Ако братот прекрши некој закон и е кривично гонет заради тоа - ќе биде исфрлен од ложата. Во конкретниов случај, не верувам дека треба да се прави отстапка за конкретната личност. Сепак - зборуваме за хипотетичка ситуација. Доколку се случи во реалноста, тогаш се свикува масонски суд, кој решава за него.

За какво неверство зборуваш? Кон организацијата? Или на пример и кон својата сопруга , ваша сестра , за што ти велеше дека тоа е лична работа на човекот и дека нема потреба да е исфрлен од ложата...
Неверство кон сопругата! Никаде не сум рекол дека е тоа лична работа на човекот. Тоа е дел од Ancient Charges и од тоа истотака нема отстапување.

Другар ако ја пратиш темава ќе заприметеше дека гореименуваниот се претставува како масон и цело време се труди да ни ги објасни сите нејаснотии за масонеријата, така да тој низ постовите негови ни кажува дека Масоните се залагаат за најдоброто на светот...па сега според твојата теорија дека Масоните владеат со светот а тој е во хаос не е некако адекватна со тврдењата на zidarski... тоа сакаше да ти го кажи и другиот другар што ти не го разбираше....:smir:
Зидарски не се претставува како масон, зидарски е масон. Ако некој не верува - тоа е негов проблем, и немам намера да се објаснувам со тоа. Патем - и somoteitbe е исто масон, иако сме членови на различни ложи. Други масони на македонскиве форуми не сум сретнал до сега.
А за страната што ја бараш прашуваш на погрешно место. Мислам дека zidarski ќе ти го даде точниот одговор...
90-та страница.
 
El Bohemio

Silver Gate
Член од
6 јули 2009
Мислења
1.058
Поени од реакции
943
Kako prvo ne se javiv za da Tebe ti repliciram tuku da iznesam stav za drugite citateli da imaat soznanie sto e i kako e oti i jas sum toa sto sum isto kako i Zidarski koj saka na slepite da im dari vid a istite pri ochi ne gledaat.Taka da ako mislis deka so napadi i drskosti ke izlezes golem se lazes oti prosvetuvanjeto e za golemite po duh a ne za onie polni so omraza i gnev.Istite pri sonce ke ostanat vo temnica. ti si eden od niv po moe viduvanje,eden od onie sto znae se.Zatoa zivejjjj!!!

Така ги гледате обичните смртници како слепи луѓе кои не знаат што се случува, кои не знаат да се борат во животот за вредното, кои не знаат што е лага а што е вистина ? Треба да си Масон за да имаш ОЧИ ? Кај е сега твојот масонски просветен дух кога го потценуваш останатиот народ ?
не мислев да те навредам и не знам како го воочи тоа, не мислев да испаднам голем пред никој и ниту го планирам тоа, доволно ќе ми биди ако сум голем самиот за себе, и за НИКОЈ ДРУГ ! Немам ама буквално никаква причина да бидам исполнет со омраза и гнев а не поготово кон некој на форумов бидејќи не е логички некој да мразам кога ниту го познавам истиот...
Не мора да си Масон за да живееш во светлина, најди ја светлината, најди го доброто во себе и сподели го со останатите, не лутај низ светот за да го најдиш просветленото туку тоа побарај го во себе и тогаш ќе бидеш најголем...
не е се до достапноста на информации и градењето на познанства кога тоа истото го злоупотребуваш, пред се пронајди се самиот себе и чекори по вистинскиот пат на животот...целта е блику...

Ако братот прекрши некој закон и е кривично гонет заради тоа - ќе биде исфрлен од ложата. Во конкретниов случај, не верувам дека треба да се прави отстапка за конкретната личност. Сепак - зборуваме за хипотетичка ситуација. Доколку се случи во реалноста, тогаш се свикува масонски суд, кој решава за него.

Во ред, ама не ми е јасно како можи да даде таков пример...како можи двајцамасони да размислуваат на разлиен начин и да имаат разлини сфаќања кога тие истите се борат за заедничка цел.

Неверство кон сопругата! Никаде не сум рекол дека е тоа лична работа на човекот. Тоа е дел од Ancient Charges и од тоа истотака нема отстапување.

Да Да имаш речено дека "Разводот е доволен" милсам дека тој пост е на 96 стр.

Зидарски не се претставува како масон, зидарски е масон. Ако некој не верува - тоа е негов проблем, и немам намера да се објаснувам со тоа. Патем - и somoteitbe е исто масон, иако сме членови на различни ложи. Други масони на македонскиве форуми не сум сретнал до сега.

Во ред се тоа, немам ништо против, но муабетот ми беше надоврзан со еден друг мој пост, како можи да распознаеме "ние" кој е вистинскиот масон а кој се претставува лажно...

90-та страница.
ова важи за другарчето шо имаше мала забуна:smir:
btw ќе зирнам и јас danke :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom