Zidarski зошто бе брат кога Масноите се познати во јавноста и "сите" знаат за нив, каде им се ложите, ги знаат одреден број кои се тие масони, зошто толку се тајни внатрешните дејствија? Зошто некои луѓе се криат дека се Масони ?
Внатрешните церемонии се само за посветени. Причината што се тајни и што се чуваат само за членовите е токму затоа што тоа ја создава поврзаноста меѓу масоните низ целиот свет. Јас, тука во Торонто, некој во Скопје и некој во Токио, сме браќа, токму затоа што сме поминале низ истиот процес на иницијација. Тоа не врзува, тоа не сплотува. Едноставно е чин на создавање на меѓусебна врска и доверба.
Somoteitbe даде МНОГУ точен пример. Масонската ложа е семејство. Тоа што се случува внатре во ложата - е работа само на членовите на тоа семејство.
Инаку - не е се што се случува во ложата тајно. Само мал дел е реално таен. Овде на форумов имам давано многу примери за тоа што се случува во ложата. Тајни се знаците на распознавање и се што е врзано со објаснувањето на знаците за распознавање.
Ако толку многу е идеално Братството или се стреми кон тоа да е, зошто не излезете во јавноста и да кажете јавно пред сите со што и за што се залагате, кои се вашите "ритуали", што постигнувате со Масонеријата ???
Се ова го имаме направено... има стотици книги, веб-сајтови, списанија, издадени од Големите Ложи, во кои доста детално се објаснува сево ова. Тоа што тебе ти нема попаднато в раце, не е наша кривица.
Зошто Се трудите се што се случува Внатре да биди тајно ако тоа не му штети никому, туку напротив како што Ти велиш ? Зошто некој мора да биди Брат за да биди присутен на тие sobiranki ???
Затоа што е привилегија да се биде таму! Затоа што не е за секого. Затоа што тоа е само за оние кои се посветиле на тие цели. Ако пуштаме секого - ќе изгуби на својот чар... сериозно...
Едноставно Зошто треба да си Масон или зошто Ти на пример сакаш / си Масон ? Зар не можи останатата популација да биди и да го прави тоа шти Вие го правите? Мора да се има Членска ?
Може. Секој може тоа да го прави. Па сепак - не го прават. Поскоро треба тоа да се запрашаш... зошто останатата популација не го прави тоа што ние го правиме - да се посвети на подигнување на моралот, на духовните вредности, на меѓусебното помагање, на братски односи меѓу сите луѓе без разлика на вера и нација... Тоа треба да се запрашаш.
Уште едно масонско копиле лажно се праеше божји пратеник на земјата, антихрист, ке си ја добие правдата кај оној чиј крст му го превртуваше...
Ах колку сакам Христољупци кои немаат основни познавања за Христијанството. Крстот кој се наоѓа зад Папата, се нарекува Крст на Свети Петар. Свети Апостол Петар бил распнат на крст, наопаку! Католичката Црква (односно Црквата во Рим), бидејќи се смета за наследничка на Свети Петар, го превзема тој знак, како симбол за сите оние кои го наследуваат неговиот престол - односно, папскиот трон (Свети Петар е првиот "папа" на Црквата во Рим).
Така што - не е сатанистички симбол. Сатанистите користат Распетие завртено наопаку - што е сосема различна работа.