Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Графитите дефинитивно се уметност, само што некако сето тоа ми изгледа бескорисно. И јас сум по цртањето но, повеке би сакала да нацртам нешто на платно, да се потпишам на сопственото дело и зошто па и да не заработам нешто од тоа. И јас би нацртала графит, но ми пречи анонимноста. Не би сакала ако сум веќе уметник, да се кријам и да цртам само навечер по ѕидовите на некои згради, како некој криминалец. Некако не ми е тоа добар начин за да се истакнеш и да го покажеш својот талент. Ако се создаде некој простор само за таквиот вид а уметност тогаш е ок. Можеби некоја улучка од населба која би била како музеј на графити под отворено небо. Мислам ако веке графитите ги прифатиме како уметност, зошто да не им се обезбеди на таквите уметници легално да се изразуваат?
п.с. Како би можела да најдам некој таков цртач на графити?
Toa oчигледно не бил уметнички графит :wink:Имаше еден добар графит парола кој што сега е варосан вака нешто беше Is nice to be important, but is more important to be nice.Како дете го видов и израснав со него, но денес го нема го варосаа куроглавите.
Тоа е дел од предизвикот. Треба да знаеш како да го нацрташ на брзина, а сепак да изгледа убаво и треба да знаеш на кое место најдобро би било приметено делото. Сите можеме да цртаме на платно само што го нема адреналинот кога цртаме на улица. Не е исто. Адреналинот има голема улога во цртањето, а исто така и времето.
Затоа што полицијата би ги испофаќала сите што цртаат на тоа место, препознавајќи ги по таговите. Треба повеќе да кажам?
Грешно се изјаснив. Сите што цртаме графити можеме да цртаме на платно.Како можеш да кажеш дека сите можат да цртаат на платно? Не се сите талентирани за цртање. Оној на кој му оди тоа ке црта било каде( не е важно дали е на платно, на хартија или на ѕид). И не гледам некој посебен предизвик ако црташ брзо и на ѕид. Прво за еден уметник секое ново дело е нов предизвик, не можеш така да кажеш.
И што ако го нацрташ графитот и на најдоброто видно место кога никој никогаш нема да дознае чиво е?
Грешно се изјаснив. Сите што цртаме графити можеме да цртаме на платно.
Не би рекол дека сите што можеме да цртаме на лист (или платно), можеме наеднаш да цртаме со спреј. Има нешто што се вика контрола на спеј, различни дизни, боите на ѕид не се мешаат така лесно како на палета, за разлика од маслените бои, Спреовите не дозволуваат да се гледа тоа што има под нив. Плус тоа, ти кога црташ на лист/платно црташ со зглобот. Кога црташ со спреј, треба да црташ со зглоб, лакт и ако е доволно големо делото, и со рамо.
Kако бе беа, што им се десило? Одамна ме нема патот донесено натака и не знам за такво нешто. Ееее значи стварно не се фер ако ги избришале. ЦцццццццццУметност се како не се. Штета што уништија повеќе.. Тие на архитектонси беа супер. Не се разбирам многу во графити, ама тие на архитектонски беа баш како... заштитен знак на таа зграда, па толку видео спотови изнаснимаа "пејачите" таму...