Прв бакнеж

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
првиот бакнеж го имав на 11 год. итоа во образ. толку многу се исплашив да не разберат родителите дека имам дечко па затоа другиот ден одма му раскинав :wink:.
а првиот бакнеж во уста не се сеќавам кога беше.
 
Бев 15. Цела исплашена , ќе кажеш којзнае што... :pos2: Размена на плунка, пих!
Ни земја се затресе, ништо. :tapp:
 
Мојот прв бакнеж беше на 14 години на едно романтично место со една другарка т.е мувачица моја хД :)
 
Интересно беше. И некако очекувано дојде.
Плус се изненадив дека на прва сум знаела како се прави. :pos:
 
Во четврто одделение позади школото првин ми беше лигаво после топ..
 
Мојот прв бакнеж беше на 14 години со мојот дечко :)
 
види напредна младина сите од 11-14 само јас на 16 .
п.с не сум напредна.
 
на мене ми беше на 8 август 2008 година... кога бев 16 години.

замислете се 08.08.2008. бев пресреќен :)
 
Баш пред некое време се присетив на првите љубови и бакнежи и баш ми дојде некако меко на душата. Првиот бакнеж во образ ми бил негде на 3-4 години. Велам бил, оти не се сеќавам, ама имам слика со тогашната комшика ;). Јас и она стоиме на кревет на едната слика, а на другата јас ја бакнувам, а она целата вџашена. Првиот бакнеж во уста, негде 1ва средно, 14 години, позади зграда со едно девојче кое ме сакаше многу, ама јас бев заљубен во друго кое пак ме откачи. Сепак, се бакнавме (со тоа што ме сакаше) и и реков дека сме мали (не сакав да ја повредам) и понатаму кога ќе потпораснеме може ќе бидеме дечко и девојка. Првиот француски бакнеж на одмор во Охрид преку црква. Да, тогаш можеше за ефтини пари преку МПЦ да се оди на одмор во Охрид, незнам дали уште може. Имав толку многу трема што нозете ми се тресеа. Врска немав како иде сето тоа. Мислам сум се бакнувал, ама никогаш француски. Бев 16 години, таа помала 14 или 13, ама искусна малата. Воедно ми беше и првата девојка... 4 дена... Вухуу врска од 4 дена на времето беа `ко 4 месеци. ;)
Имав и еден магичен бакнеж на кој многу добро се сеќавам. Долго време бев заљубен во една девојка од кај што живеат моите баба и дедо. Кога велам, долго мислам 2 години долго. Бев трета средно, а она прва. Знаеше дека ми се допаѓа ептен и после долго обидување да ја освојам, видов дека нема фајде и се откажав. После неколку месеци, таа сама ми дојде. Додуша со другарка и и као ај да прошетаме, ово оно... и останавме сами во школскиот двор.

Како што ги доближував моите усни кон нејзините, чуствував како срцето се погласно и погласно ми чука. Ја бакнав. Ги почуствував најмеките усни на светот, а бакнежот... бакнежот беше сладок како локум. Како оној момент кога го гризнуваш локумот и го правиш познатиот звук на задоволство „мммм“... толку убаво....толку прекрасно... Уште се топам кога ќе ми текне. :)
Штета што не успеавме да бидеме заедно и штета што не збориме веќе, ама тоа е друга приказна. ;)
 
До сега не се имам бакнувано, штотуку зачекорив во седмо одд. и сите викаат дека во седмо ќе се случи таа работа, би сакал каков бил совет.
Сакам една многу убава девојка не сум сигурен дали таа ме сака ама мислам дека ме сака. Заедно сме многу често, ваму таму......
На некои им било убаво, а на други лошо јас незнам како мене ќе ми биде тоа времето ќе докаже.
 
До сега не се имам бакнувано, штотуку зачекорив во седмо одд. и сите викаат дека во седмо ќе се случи таа работа, би сакал каков бил совет.
Сакам една многу убава девојка не сум сигурен дали таа ме сака ама мислам дека ме сака. Заедно сме многу често, ваму таму......
На некои им било убаво, а на други лошо јас незнам како мене ќе ми биде тоа времето ќе докаже.

Нема одредено време за тоа кога ќе се случи :)
А за убаво сигурно ќе ти биде :D:D:D
 
На 13 години, јас срамежлив, таа уште повеќе, двајцата свртени на различна страна и некако се случи.
 
Првиот бакнеж во образ - ме праша дали може да ме бакне. Јас- радост до небеса. :back:Усни на усни прв траеше кратко ама беше слатко. А првиот највистински беше со пеперутчиња во стомакот:wink:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom